Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Добра најава.

ИЗВИНИ работнички,СКОПЈЕ НАВИВА ЗА ВАРДАР !!
 
Ајде уште еден ден до градското дерби на Скопје :)
За жал управата на Работнички не се согласи мечот да се игра во недела со што ќе имаше повеќе публика...
Епа време е да ги победиме, иако се фаворити. Секогаш сме подобри во меѓусебните дуели и на крајот несреќно губиме...
Имаат појака екипа, тоа е факт, но и порано имале подобар тим, па сме ги правеле парам-парче на терен (иако резултатите на крај не биле во наша корист...).
Наша задача е да дадеме што е можно поголема поддршка па што сака нека биде. ОВА СЕ БОИТЕ НА СКОПЈЕ-ИЗВИНИ РАБОТНИЧКИ, СКОПЈЕ НАВИВА ЗА ВАРДАР!!!!

Еве и слики од мечот со Тетекс, за жал клип нема, што воопшто не ми се допаѓа со оглед на тоа колку добро беше навивањето :(
index.php

index.php

http://komiti.org/galerija/index.php?sfpg=0eXn7u3gIDIwMTAtMjAxMS_C4PDk4PAtINLl8uXq8SAxMi4wMy4yMDExLyoqNjczNzBmYWM1MGY1OGRjMGRlMGYzZTQxY2MyNjUzZjE
 
Вардар - Работнички, скопско дерби по 36. пат
3AA5170376C66A45B981339E4E6E0313.JPG

Иако далеку од ситуацијата кога соседската дерби пресметка го кроеше врвот во домашниот шампионат, сепак, нова повеќе од занимлива средба меѓу "црвено-црните" и "романтичарите" во желбата за избегнување на дното од една страна и прицврстување кон врвот од друга страна...

Оптоварена, како по некое правило последните три години, и поради последната масовна преселба на фудбалери од една на друга страна на "Филип Втори" пресметка која во секој случај е повеќе од значајна и за двете екипи.
"Нема сомнеж дека се работи за нов значаен натпревар за нас во трката по бодови за опстанок", вели еден од најдобрите вардарови фудбалери, дефанзивецот Раденко Бојовиќ, кој пред само неколку месеци ја носеше капитенската лента во составот на Работнички.

Па што ако играм против Брацо!?
Денеска Штефан Вујчиќ ќе игра против Вардар, значи ќе игра и против тимот на својот татко Слободан Вујчиќ - Брацо, кој повторно е спонзор на нашиот најтрофеен клуб.
"Па што ако играм против клубот на мојот татко. Јас сум професионалец и денеска од 14 до 16 часот кај мене ќе нема никакви емоции. Најмалку емоции кон Брацо, но само за време на натпреварот. Можеби на јавноста и е повеќе важно дека ќе играм против клубот на својот татко. Знам дека тој посакува моја одлична игра, но и победа на Вардар. Се надевам дека нема да биде баш среќен по натпреварот", дополни Штефан Вујчиќ. Брацо, пак, не сакаше да коментира, само посочи дека очекува добар и неизвесен натпревар.

ДЕРБИ НА 22. КОЛО
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ
Национална арена "Филип Втори Македонски". Капацитет: 22.000. Почеток: денеска, 14 часот. Главен судија: Владимир Кипријановски. Помошници: Тони Стојановски и Џенан Хајдари (сите од Скопје).
ВАРДАР: Маџаровски, Нено, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Ристов, Трипуновски, Т. Џангаровски, Мојсов, Настевски, Фабио, Вандаир
Тренер: Зоран Стратев
РАБОТНИЧКИ: Стефановиќ, Тунески, Адем, Ќумбев, Станковиќ, Глигоров, Тодоровски, Вујчиќ, Петровиќ, Маневски, Андонов.
Тренер: Влатко Костов
ПОСЛЕДНИ ПЕТ НАТПРЕВАРИ
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 2:0
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 1:1
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 1:0
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 1:2
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 2:0

ВО РАМКА
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ
13 победи 13
9 нерешено 9
13 порази 13
48/40 голови 40/48
93 ж.картони 94
8 ц.картони 3
8/6 пенали 5/4
 
Има на телевизија негде?
 
Браво
Победа!!!
 
Грмеше на градски. Јас бев на полигонот сигурно саат време и одлично навивање се слушаше. Честито победа.
 
Неочекуван кикс кој излгледа значеше почеток на крајот на Фк Скопје,а со оваа победа на фаворитот за титула Работнички,Вардар кажа дека не отпаѓа и кој е кој во Скопје.ЧЕстито!!!
 
Auuuu so da kazam , neznam... presreken sum :) Bolje nemozese, navivanjeto ... FENOMENALNO!!!!
 
Ме болат раката и ногата од шутките,преморен сум не ме држат очи,гласот го изгубив.....па сега вие видете како било :)
Конечно пак убава утакмица се одигра во мак. првенство......Шанси на двете страни имаше доста,утакмицава можеше било кој да ја добие,динамично се играше.Иначе ни фали реализација,колку шанси промашуваме и едно не ми е јасно,зашто кога се веќе на 5-6 метри од гол не шутираат,па макар и со послабта нога??Аман,на 5 метри од гол иде ја подава и ја враќа назад.....така неколку пати секоја утакмица.Маџаровски ѕвер,ни спаси кожата денес бидејќи многу лесно можеше и ние да изгубиме.Реално ќе беше нерешено,едно 2-2 да заврши,али кој го ебе тоа ВАРДАР ПОБЕДИ !!!! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom