Ок е се тоа што вие од Дивизијата си навивате само за вашиот тим и сте лојални. Во секој случај подобро така отколку Брзи да ви мава шамари и да ви ги зима шаловите. Но друже, да не се лажеме, да бидеме реални, вашиот клуб и вашата група засекогаш ќе останат МААЛСКИ. Значи ова е факт, нема потреба тука од дополнителни објаснувања, ова им е јасно на сите.
Ако си барем малку по упатен во навивањето ќе знаеш дека секоја група во светот, што е сериозна и успешна, има поддршка од целиот град од сите населби, и не само од матичниот град туку и од сите можни места од државата. После ќе се чудиме како тоа Делије и Гробари се пред нас. Е така ама со Гробари и Делије доаѓаат членови од цела Србија. Но ние дефинитивно сме познати по синдромот на САМОУНИШТУВАЊЕ, па така не само што се поделивме на локал патриоти по градови, туку и локал патриоти по населби, е тоа дефинитивно го има само кај нас, нешто невидено. АХ бре Македонче... ако не се уништиме сами не сме живи. Е заради тоа сме до овој степен. Сега некој ќе каже Србија е 5 пати поголема од Македонија па затоа толкави се бројките на Делије и Гробари, да тоа е точно, само Белград е колку цела Македонија, но еве за пример да ја земеме една група како Торцида. Сплит има само 200 000 жители, тоа е неколку пати помал од Скопје (можете да проверите, имате интернет) ама бројката на Торцида е над 3500 членови. Aма таму веројатно нема локал патриоти по населби, нема продадени души, па така град кој што е три пати помал од Скопје има група која што е три пати поголема од сите Скопски групи заедно. Е ТОА Е ТОА.
Поентата е тоа што, во случајов со вас еве ве земам како пример, Ѓорче и да игра лига на шампиони вашата бројка (бројката на вашата група) неможе да биде којзнае колкава. А Вардар да има било каков успех можете да замислите што ќе се случи. Ова се факти пред кои и боговите молчат, ова мора да се признае, да не глумиме сега мангупи преку форум, исто така Комити за разлика од порано сега сме вистинска катастрофа, јас не го оспорувам тоа. Неможе да се негираат некои работи кои се воочливи.
Значи во кратки црти, Комити сега во моментов не се како што беа порано поради неколку души од неколку Скопски населби.
Ти сега што си член на група, не си член на група која настанала поради некаква љубов кон клубот и традиција, туку поради некои од твојата населба што се продале заради едно частење у кафана. Како што си пиша и самиот, младите луѓе од твојата населба кои што не се добро запознаени со историјата на тифо сцената, одат да навиваат сега да, но не се дел од Комити само заради тие неколку продадени души. А вашите татковци, чичковци, вујквоци, комшии итн биле КОМИТИ.
Во Македонија само Вардар е бренд кој може да собере 30 000 публика, Во Македонија само Комити е група која ако се средат некои работи може да застане рамо до рамо со познатите балкански групи.
Ти можеби сега нема да ме сфатиш, но како и да е, ти си релативно млад, незнам колку години имаш но со тек на време кога ќе созрееш сигурно ќе ти станат јасни овие работи. СПОРТСКИ ПОЗДРАВ.