Не е до резултатите. Апсолутно не ми играле улога во минатото за да одам на стадион. Сум одел на над 60 утакмици во една сезона, вклучувајќи ги и КК, ЖРК и вторите ракометни тимови. КК Вардар го пратам цело време, дури и да не одам веќе во живо да ги гледам. Маалскиот клуб никогаш нема играно над трета лига и во последниве 7-8 години е закован во општинска, па во животов сум го гледал над 300 пати.
Овде проблемот е сосема друг. Само едно ќе кажам, што и да се занемари од функционирањето на клубот овие 3 години, треба да сум будала да одам да навивам за играчи што не сакаат да слават гол со Комити. Што не доаѓаат да се поздрават со публика.
Нема ни некој помлад играч да добие шанса, па нешто да ме привлече да речам бар да видам како ќе се развива он.
Ако не грешам, нема ниту едно вардарово дете што игра некаква улога во составот.
Можат и 0-5 да тепаат денес во Финска, ист ќе биде ставот. Ќе се посреќи некаде да тепаме, на долг рок сме нула. Премнигу фрлени пари за ништо, а на крај ќе останеме бунар без дно и неизбежно ќе банкторираме ако се продолжи вака.
Ноември 2024 година:
ВАРДАР ИМА ДОЛГ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА
Милорад Миленковски како претставник на здружението „35 години Вардарци Скопје, кој е малцински акционер во Вардар, на денешната прес-конференција откри детали и за долгот кој го има најтрофејниот клуб.
Миленковски информираше дека Вардар има долг од три милиони евра, од кои 800.000 се кон Управата за јавни приходи (УЈП), 1,2 милиони евра за плати, 200.000 евра кон ПУИГ, но и други долгови кон доверители.
„Постои можност да се репрограмира долгот кон УЈП, законски е можно на 36 месеци, додека со владина одлука може да се пролонгира дополнително рокот. Сепак, има најави дека ќе се подмири долгот наскоро и сметката да биде деблокирана до крајот на годината. Меѓутоа тоа треба да го потврди мнозинскиот акционер. Сите сакаме да биде подмирен долгот на Вардар“, кажа Миленковски.
Линк
Јануари 2025 година:
Колкав е моменталниот долг на Вардар и кој најде заеднички јазик со клубот?
На средба со новинарите, извршниот директор на
Вардар, Миленко Неделковски, говореше за актуелната состојба на клубот и финансискиот дел кој правеше големи проблеми на „црвено-црните“ низ минатите години.
Колкав е актуелниот долг на ФК Вардар? Откако е клубот преземен правно од Централен регистар од страна на новите раководители, тоа е од 11 ноември, со ревизиите е дојдено до заклучок дека Вардар кон Управата за јавни приходи (УЈП) должи 3.000.000 евра, кон приватници долгот е 1.400.000 евра, додека кон ПУИГ се должи 200.000 евра. Вкупната сума е нешто под 5.000.000 евра.
Како што споменавме претходно, ФК Вардар најде начин да го реши долгот кон УЈП од 3.000.000 евра со тоа што странски компании со гаранција на имот обезбедиле плаќање на 36 рати. Од побарувачите, сите се од
Македонија, а од вкупно седум со големи побарувачки, пет излегле во пресрет и се нашло заеднички јазик со цел да се одблокира сметката. Се работи за
Горан Попов,
Бенџамин Демир,
Гоце Седлоски,
Матеј Цветаноски и адвокатката Спировска, со цел клубот да почне со нормално функционирање на финансиски план.
Според оптимистички проценки, се очекува долговите да бидат решени во втората половина на февруари, а најдоцна до април. Во моментов, три странски фирми се спонзори на ФК Вардар, а најавени се уште две нови на листата кои ќе ја дополнат финансиската конструкција. Во иднина, поточно од летниот преоден рок, буџетот на ФК Вардар ќе биде 3.000.000 евра.
Актуелното раководство од преземањето на клубот до денес ги има исплатено сите редовни трошоци на ФК Вардар.
Линк
Мај 2026 година:
МИЛЕНКО: Бевме излажани, ни кажаа дека долгот на Вардар е 2.5 милиони евра но испадна дека бил 10,5 милиони евра. Некој и него да го излаже!
Миленко Неделковски во јавноста ознат како преварант кој од власта ја доби позицијата директор на фудбалскиот клуб Вардар со задача да го крене од колапс се пожали дека од претходните газди на клубот кога го превземал биле излажани за висината за милионскиот долг на Вардар.
Ни кажаа дека долгот е 2,5 милиони евра ама излезе дека бил 4 пати поголем односно 10,5 милиони евра.вели Миленко. Според него со чесна работа вратиле 6.100.000 евра кон фирми, хотели, бензински пумпи, автобуси, УЈП, пензински фонд, здравствен фонд, луѓе на суд, извршители, ресторани, стадион, простор на ПУИГ… Останати се за враќање уште 4.362.000 евра
„Кога сме веќе кај финансиите, информирам дека за неполни две години, односно за година и пол од официјализирањето на работењето на новата управа на ФК Вардар, е следната ситуација: Ние како круг на луѓе кои дојдоа да направат начин да биде спасен клубот од пропаст, кога пред повеќе од две години дојдовме, нас од тогашните сопственици кои беа инволвирани во клубот, ни беше кажано дека клубот должи севкупно 2,5 милиони евра. Дури и велеа дека е 2.300.000 евра и дека ако некој спонзор дојде или инвеститор, газда, кој ќе ги најде тие пари, Вардар ќе се одглави и ќе застане пак на здрави нозе.
Летото пред две години, таа сума беше извесна и обезбедена од сериозни рекламери и спонзори, сегашни пријатели. Беше обезбедена целата таа финансиска структура и се случи да тие 2,5 милиони евра не се доволни, односно дека ние кои се нафативме да го спасиме клубот од пропаст, бевме брутално излажани, изманипулирани, бидејќи како надворешен човек немаш контакт и овластување со сметки, блокади, долгувања и слично, не можеш да ја знаеш финансиската ситуација и единствено што можеш е да веруваш на тој што вели „дојдете со 2,5 милиони евра за да го спасите клубот“вели Миленко.
После една цела година работа од 11 декември 2024 година, на длабинско влегување на скриени долгови, камати кои никој никогаш не ги пресметал, долгувања кои отпосле се појавија, на приложување на извршни работи од извршители, а важечки судски, се покажа дека тој долг не е 2,5 милиони евра, туку 10,5 милиони евра. Сите претходни управи значи, сите директори, газди, акционери, претставници, сопственици – фраери на батерии – сите наназад, кој од незнаење, кој заради кражба, оставиле долг, ни ставиле трн во здрава нога на нас да вратиме скоро четири пати повеќе. Доколку некој би ја знаел сумата пред четири години, претпоставувам дека никој не би се нафатил да спасува. А, тоа значи дека Вардар во 2024 година ќе згаснеше.
Од една страна е среќа што дојде новата структура, од друга страна ако може да се види некоја светлина во тие лаги е што поверувавме во лагата и таа лага ја прифативме за вистина, за после да не можеме веќе да се повлечеме. Си решил – ќе спасуваш.“, истакна функционерот на црвено-црните и продолжи со информација дека во целиот случај вклучено е и Јавното Обвинителство.
. Секако тие документи не може да ги дадеме во јавност затоа што ќе го нарушиме процесот, меѓутоа процесот е во тек. На овие пари ако се додадат уште четири милиони евра што беа земени за излез на ФК Вардар на европска сцена во Лига Европа, се претпоставува дека во неколку години од клубот се злоупотребени многу пари.
Е, со таа тежина се справува новата сопственичка структура во Вардар. И тоа се мора да има влијание врз се, па и врз резултатите. Нешто како што ги немаше парите во Фудбалската федерација, така беше и во ФК Вардар. Пустелија. Настрана што и во овој тренинг камп беше се запустено, од терен, до соблекувални и простории. Тековното работење е плус, колкав е буџетот – наш е, тоа е плус пари. Не должиме во нашето раководење на никого, од патувања, до подготовки, до плати, рати во тековното работење, а трошиме расходи на стари неплатени работи.“, открива Миленко Неделковски.
Два и пол, па пет, шест, осум, сега десет милиони евра… дали постои опасност оваа сума да порасне уште повеќе во иднинa?
„Од оваа гледна точка не можам да знам колку ќе биде во иднина. Долгот само изненадувачки расте заради претходници кои се појавуваат од минатото. Не знам што ќе биде во иднина. Не верувам дека ќе има крупни побарувачи, но сигурно ќе се појави и друг некој. Ние се бориме по судови и водиме борба. Но, факт е дека Вардар од пред две години беше едно исцицано сираче, огладнето, оставено коска и кожа и фрлено на ѓубриште. И од тоа ние успеавме во краток период да освоиме Куп на Македонија, а оваа година да сме најсериозни кандидати за титула. Толку брзо да се врати нешто е невидено. Светски рекорд. Без сериозни спонзори, чесна работа, тоа немаше да биде можно“
Линк