Не е на наше рамниште босанската лига. Поголеми финансии имаат, подобри играчи (оние во кои се крстевме да потпишат во Вардар, отидоа во босанска лига), а што е многу поважно, имаат навивачки групи, па стадионите се полнат ради ривалство. Кај нас, во 99% од натпреварите си единствена навивачка група на трибина.Вардар како бренд и најдобар клуб од Македонија, кој доаѓа од град со 800К жители не смее да нема бар 5К публика на обична утакмица, а на дерби +10К...па нели е клуб на народот!?
Железничар или Сараево, како два најпознати клуба од Босна имаат редовно публика, а лигата им е на наше рамниште. Не се работи за тоа каква е лигата, одиме за Вардар и никој друг. Редовен полн стадион сам по себе влече некои други работи, како на пример сериозни компании и добри фудбалери.
Што ако во ерата на Самс имавме екстра тим и добар фудбал, кога иста беше ситуацијата. Не се работи за слаб фудбал, се работи за немање чувство за припадност.
Викендов има дерби у Белград, а од МК ќе одат повеќе луѓе него ли што ќе има на Градски.
И на крај, треба на ниво на град Скопје и сите скопски општини да ги организираат децата од школите со бесплатен превоз и влез на сите натпревари на Вардар. Ова е еден од многуте предлог идеи кои се реални за реализација, а со цел враќање на публика.
Публиката сака да види компетитивност. Немаше публика ни во време на Самс, никој не сака да гледа како играме против аматерски клубови. Многу бевме посилни од повеќето и тоа уште повеќе влијае да не ти доаѓа публика. Исто како што Ѕвезда не може 1000 гледали од Белград да собере, ако не ги броиме Делије. Сите инаат подеми и падови, секаде на балканот е исто, освен кај Хајдук. Континуитет нема никаде.
Многу е пишувано на темава за посетеноста во Скопје (влијаат милион фактори), никогаш нема да се смени гледаноста, ако не се смени целиот македонски фудбал. Да, со поголем маркетинг (да останеа да го водат дечките од Комити), сигурно ќе имаше +500-1000 гледачи на некои утакмици и тоа е тоа.
П.с. ноќен термин во петок за мене е полош термин отколку во недела од 13 часот
