Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку што правиме со Аргентинецот, на кое работно место е пријавен со оглед дека изгледа не е ниту фудбалер? Како браќана од Сарај и Чаир е, вработен во јавно претпријатие и работи wireless од дома…
"Скијач" е по вокација како Марадона.
 
Инаку што правиме со Аргентинецот, на кое работно место е пријавен со оглед дека изгледа не е ниту фудбалер? Како браќана од Сарај и Чаир е, вработен во јавно претпријатие и работи wireless од дома…

Можеби човекот стварно игра...ама по скопските дискотеки.
 
Многу интересни четива и најава за уште поинтересни во иднина. Препорака за секого кој ги пропуштил и првите две да си ги прочита и да го следи серијалот. Браво и за иницијативата на Екипа и можда прв пат во живот да кажам и браво за некој потег на Дарко.
 
Многу интересни четива и најава за уште поинтересни во иднина. Препорака за секого кој ги пропуштил и првите две да си ги прочита и да го следи серијалот. Браво и за иницијативата на Екипа и можда прв пат во живот да кажам и браво за некој потег на Дарко.

Што ти значи кога ја имаш најдобрата школа за фудбал во Македонија и пошироко у тоа време и плус надополнета со најдобрите играчи од останатите клубови. Имал душа клубот, се работело со љубов и страст, со чесни намери... Затоа и бил почитуван Вардар од сите, чест било да се игра за него.
А сега?
 
Убави приказни, добиваат и посебен шмек кога се читаат во ова глуво доба од ноќта.
Паѓале екипи како Каљари во Скопје и тоа истата сезона кога станале шампиони на Италија, со наведнати глави од Градски си заминувале легендарни фудбалери како Џиџи Рива, троен освојувач на златна копачка во Италијанско првенство, европски шампион со Италија, член на најдобра постава на Светско првенство, прогласен за втор најдобар играч во светот за 1968 година...

Биле тоа златни убави времиња за нашиот Вардар, штета што разни лажни легенди, политичари и душмани за свои лични интереси го осакатиле клубот низ годините и го довеле до питачки стап.
Ја уништиле најубавата приказна и гордоста на Скопје и Македонија, а нас навивачите не казниле да не доживеме барем трошка таква радост во нашето време.

Оваа изјава на Диме Георгиев најдобро го опишува тоа време, кога играчите играле од љубов, со срце за клубот и биле пример за тоа како треба да се брани црвено - црниот дрес и да се претставува Вардар.

Беа тоа некои други времиња. Живеевме за Вардар!
Со повеќе меѓусебна почит, заедништво кое никој не може да го скрши.
Имаше феноменална атмосфера во соблекувалната но и во односите со навивачите од кои секогаш имавме голема поддршка.
Беше вистинска привилегија да бидеш фудбалер на црвено-црните.
 
Пошто дебилот чита тука, со сигурност кажувам, да го прашаме јавно, дали му е и најмалку срам од ова што се случува во моментов и што го гура татица на сите можни начини? Среќа има други дечки што разбираат, па сега за сега ќе го спасат од туѓ срам татко му и козарот...
 
Во својата кариера Азер Омерагиќ во просек постигнува гол на секои 950 минути, а од последниот гол поминале само 793 минути. Не знам што сакате од детево, си игра на константно ниво. Таму негде после репрезентативна пауза може да очекуваме некоја топка да му се одбие од кук и шашаво да се дотркала преку гол линија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom