Убави приказни, добиваат и посебен шмек кога се читаат во ова глуво доба од ноќта.
Паѓале екипи како Каљари во Скопје и тоа истата сезона кога станале шампиони на Италија, со наведнати глави од Градски си заминувале легендарни фудбалери како Џиџи Рива, троен освојувач на златна копачка во Италијанско првенство, европски шампион со Италија, член на најдобра постава на Светско првенство, прогласен за втор најдобар играч во светот за 1968 година...
Биле тоа златни убави времиња за нашиот Вардар, штета што разни лажни легенди, политичари и душмани за свои лични интереси го осакатиле клубот низ годините и го довеле до питачки стап.
Ја уништиле најубавата приказна и гордоста на Скопје и Македонија, а нас навивачите не казниле да не доживеме барем трошка таква радост во нашето време.
Оваа изјава на Диме Георгиев најдобро го опишува тоа време, кога играчите играле од љубов, со срце за клубот и биле пример за тоа како треба да се брани црвено - црниот дрес и да се претставува Вардар.
Беа тоа некои други времиња. Живеевме за Вардар!
Со повеќе меѓусебна почит, заедништво кое никој не може да го скрши.
Имаше феноменална атмосфера во соблекувалната но и во односите со навивачите од кои секогаш имавме голема поддршка.
Беше вистинска привилегија да бидеш фудбалер на црвено-црните.