Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од првото финале на купот... Браво за реализаторот на преносот што го зумираше ова во живо
Ехеее, колку графити имаше по сите маала со оваа парола.
Во продолжение ги спомнува Комити и Чкембари и за сексот со битолчанки зошто да е говор на омраза кога тука се шири љубов![]()
Овој трансот под паролата го украдоа Чкембари или како беше причата... Знам се фалеа долго време со него
Го украдоа од просториите под северна трибина таму се чуваа тогаш знамињата, и Комити Ѓорче исто.Овој трансот под паролата го украдоа Чкембари или како беше причата... Знам се фалеа долго време со него
Скроз истиот тип на засилувања како и летото. Толку од надежта и муабетот дека можеби си ја научиле лекцијата. Ни Л од лекција научиле. Што е полошо, чим се тера истата приказна, ова е веројатно и наговестување дека не се влезени и нема ни да влезат нови пари во клубот, бар не за овој трансфер период. @kano Во право сум?
Милионот од Новоматик го спичкавме на Пинтер, Ќосиќ, Мециновиќ, Донгмо, Шаркоски, постдипломска екскурзија на Ким, операција на Најдо и аргентински фитнес гуруа кои физички ни ги спремија играчите колку што јас мислам дека сум спремен кога ќе направам три згиба на шипки на кеј. Претпоставувам ни денар од парите од Новоматик не се отидени за некакво покривање на долг. Најдобро потрошен милион во историјата на македонскиот фудбал.
П.С. Поздрав до ИДИотот и неговата закана од пред неколку години дека ако не сме умни и го закачаме, јавно ќе објавел дека Вардар не е првак на Југославија 1987-ма, туку тоа бил Партизан. Во моментов се води процес во Србија каде што ќе се исправи одлуката на судот од тогаш и титулата од 86-та ќе си заврши кај Ѕвезда како што си е редот, што значи дека оди во вода единствениот "аргумент" на таквите ко него дека титулата од тогаш ни била спорна.