Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ах, дојдовме и до тоа, не овој петок следната среда :D После ќе биде следна недела све е готово само уште ситници се останати, не е едноставна процедура, и на крај дур се свестиме ќе молиме да продадеме членски за да собереме бар за котизација да има и да замолиме некој играч на добра воља да остане :)

@Kire Ultras друже не знам како не разбираш, не е работава за кој ќе биде во право и кој лажел, имаш членови на форумов што се дел од управата и истите ти потенцираат дека засега нема сеуште ништо конкретно, а ти истите муабети ги верглаш месец дена и се ослонуваш на празни ветувања.

Дали ќе биде или не, ќе покаже времето, за жал, во моментов ситуацијата не е сјајна и времето брзо ќе летне, опциите за слободни играчи се повеќе ќе се теснат, а каде се припреми, воигрувања, темпирање форма. Во моментов најголема надеж ни дава тоа што Пелистер делуваат поутепани од нас, па би имале противник помалку во борба за опстанок.
Како и да е, сега кога ја имаме таа опција како дел од управата да бидеме дел од тие преговори со потенцијални спонзори, треба и мора да се биде паметен и да не се излетаме па да не снајде исто сценарио како многу пати до сега во минатото. Подобро скромно, но искрено, отколку помпезни најави и ветувања за на крај да завршиме со натрупани долгови.
 
Momci dodeka se objasnueme ovde sreda petok ponedelnik klubot e najblizu do kluc na vrata .. Eden po eden si fakjaat magla igracite, trojca prvotimci otidoa a barem uste tolku narednive denovi kje si potpisat vo drugi klubovi i kje ostaneme na Gacha i decata
 
А бе што му се фативте на човекот, си кажува свое мислење, форум е.
Треба ли да сме сите песимисти за да фукционира фан клубот?
Со кое тоа право се дрзнувате да кажете требало да се банира ако не бил во право?
Ако искочи во право вас ќе треба да ве банираат?
Па вие сте 100 луѓе он е сам, он зошто да ве чита, само затоа што неколку пати, а и некои портали најавуваат бомби што не се исполнуваат?

И ако тука има стварно членови во управата и се упатени во се, нека кажат барем дека е ВЕТЕНО дека клубот ќе застане на прави нозе, тоа е сигурно!
Пари ќе има, дали од штаб ќе даваат, дали ќе вршат притисок на фирми, рекети..за ВАРДАР е ветено дека ЌЕ ИМА ПАРИ!

Да живее ВАРДАР и Македонија!
 
Убаво што е ветено, штета што не палат ветувањата кај играчиве што ги имаме, па скоро сите што вредеа си заминаа. Среќа па еден куп потпишавме на пишанка, со ветувања за плата од пари од рекет ;)

Кажа претходно еден член. Јас ќе го поправам, не од овие неколку сезони, туку откако памтам за Вардар секоја сезона ја почнуваме со неизвесност и празни ветувања (освен неколку сезони под град Скопје и Самс). И секако, спонзори од цел свет завртевме, гледаме во реалноста колку од тие ветувањата се изреализирале.
Тие фирми што ги ветуваат воглавно се фирми кои на некој начин треба да влезат на македонскиот пазар во некој друг бизнис. Односно, како држава ќе треба да им се напупиме и дадеме милион привилегии за да се наполнат пари тука, а за возврат да фрлат некое евро во фудбалот за да де заќути рајата. Ама и во ваква ситуација, ретки се оние како Самс.
 
Не е проблем ова да е мислење на некој нов член што врска нема, ама Кире другар... 15 години си на форумов, 15 години истите муабети се околу Вардар, или и ти си потонал у партиските води или навистина си многу наивен.

Никој нема да е баниран, бар не за ова, ама те замолувам своите мислења да ги задржиш за себе. Иритантно е некој да го вергла истото на форум поготово кога партија е вмешана, а очигледно ништо нема од твоите муабети. За твое добро, и за наше, прескокни ги од сега овие муабети. Си го кажа своето, нема потреба истото пак да го повториш во наредно мислење.

Не се работи за оптимист или песимист, треба да сме реални. Овие момци што деноноќно работат за Вардар знаат сигурно повеќе од тебе и мене. Ситуацијата е таква каква што е, да не ставаме розови очила непотребно.
 
Проблемот е што временски ги ограничи Кирца. :D

Иначе истите муабети стварно вртат низ "вмровските" кулоари.
 
А бе што му се фативте на човекот, си кажува свое мислење, форум е.
Треба ли да сме сите песимисти за да фукционира фан клубот?
Со кое тоа право се дрзнувате да кажете требало да се банира ако не бил во право?
Ако искочи во право вас ќе треба да ве банираат?
Па вие сте 100 луѓе он е сам, он зошто да ве чита, само затоа што неколку пати, а и некои портали најавуваат бомби што не се исполнуваат?

И ако тука има стварно членови во управата и се упатени во се, нека кажат барем дека е ВЕТЕНО дека клубот ќе застане на прави нозе, тоа е сигурно!
Пари ќе има, дали од штаб ќе даваат, дали ќе вршат притисок на фирми, рекети..за ВАРДАР е ветено дека ЌЕ ИМА ПАРИ!

Да живее ВАРДАР и Македонија!
Мислењето што го кажав делумно е точно, еве има Комити тука кои знаат доста информации во врска со клубот и треба јасно да кажат дека има преговори со спонзори уште летово да влезат во ФК Вардар ..

Ако не е ова точно јас сум подготвен уште одма да го изгаснам профилот , долгот кон УЈП е друг проблем и де надевам брзо ке се реши и тој проблем ..

Не чекам веќе ни понеделник , ова е мој последен статус до одреден период кога ке искочат новите вести за Вардар и ке видиме кој бил во право ..

Информацијата која ја добив беше од врвот од јак човек дека Вардар ке се врати на врвот, можете да ми се смеете да ме критикувате но овој пат јас 100 % верувам во тоа што е ветено и дека сонцето ке светне за Вардар само прашање е на ден во скоро време ...

Не реплицирам веќе на никого и не пишувам до скоро време , имајте убаво лето и ви посакувам добро здравје , поздрав до сите па и до критичарите :)
 
Дај олабавете со рекла казала муабети. Еден тон страници испишавте со некакви си фиктивни рокови, а нема ништо од истото. Ете наредна среда е планирана за старт на припремите, па таму најубаво ќе се покаже во кој правец иде клубот. Мене засега не ми наликува дека е во добар, но овде работите се менуваат за помалку од 24 часа. Кој може да знае веќе...
 
Убаво што е ветено, штета што не палат ветувањата кај играчиве што ги имаме, па скоро сите што вредеа си заминаа. Среќа па еден куп потпишавме на пишанка, со ветувања за плата од пари од рекет ;)

Кажа претходно еден член. Јас ќе го поправам, не од овие неколку сезони, туку откако памтам за Вардар секоја сезона ја почнуваме со неизвесност и празни ветувања (освен неколку сезони под град Скопје и Самс). И секако, спонзори од цел свет завртевме, гледаме во реалноста колку од тие ветувањата се изреализирале.
Тие фирми што ги ветуваат воглавно се фирми кои на некој начин треба да влезат на македонскиот пазар во некој друг бизнис. Односно, како држава ќе треба да им се напупиме и дадеме милион привилегии за да се наполнат пари тука, а за возврат да фрлат некое евро во фудбалот за да де заќути рајата. Ама и во ваква ситуација, ретки се оние како Самс.
Освен екипите што ќе играат Европа и Гостивар кој се расфрла со пари другите екипи се во мирување,не е само Вардар.Ниту Работнички,Шкупи,Воска,Силекс,Пелистер не се подобри и мислам немаат досега земено ниедно засилување
 
Уф какво олеснување... :love:
 
Дојде шеикот :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom