Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурна победа денес. Топ изиграа. Само да ги пријават у среда газиме.
 
Една од поважните точки за кои ќе расправа Советот на Град Скопје на утрешната седница е и Предлог-Одлуката за давање согласност за продажба на акции и управувачки пакет од Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје. Со оваа одлука, Советот на Град Скопје дава согласност на АД Ракометен клуб Вардар Скопје, како сопственик на 100 обични акции во Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје, да изврши продажба на акциите кои претставуваат 100 проценти од основната главнина, односно да изврши продажба на акции од 49% од основната главнина и акции од 51 отсто од управувачкиот пакет од основната главнина, на ДГТУ Блу Скај инвестментс ДООЕЛ Скопје, под истите услови и обврски под кои е склучен Договорот за купопродажба на акции, број 07-632/1 од 27.01.2014 година.

Значи дури утре ќе се разгледува преземањето на сопственичкиот пакет акции...
 
"Уште еден новитет има и за младинската школа. Клубот во следните недели ќе го оспособи фудбалското игралиште кај хотел „Русија“ во Аеродром, со цел да работат и тренираат децата од академиите."

АЛЕЛУЈА!
 
Нема полош избор за академија за деца од Хиподром, уџум и слабо пристапно, па и парк не е многу добар избор. Аеродром е малце подобар избор, иако е само еден терен и не знам колкави се соблекувалните.
 
„Со донесувањето на одлуката, Советот на Град Скопје даде одлука да се изврши продажба на акциите што претставуваат 100 проценти од основната главнина“

Петре го продаде кучата :свиркам:

Петре ти си наша иконаааа , иконаааа, иконааааааааа
 
Не смее бе во никој случај 100% да одат кај еден акционер, затоа клубов секогаш ќе има матна иднина. Ама ај, не е сега време за пребирање... проблемот е што со секој газда го вртиме истиот муабет, и секогаш наидуваме на истите проблеми.
 
А ќе научат ли еднаш нашиве портали дека Град Скопје ништо не продава затоа што не ни има некаков удел во ФК Вардар од 2014, туку само дава претходна согласност дека едниот субјект може да му го отстапи клубот на друг субјект.
Не смее бе во никој случај 100% да одат кај еден акционер, затоа клубов секогаш ќе има матна иднина. Ама ај, не е сега време за пребирање... проблемот е што со секој газда го вртиме истиот муабет, и секогаш наидуваме на истите проблеми.
Грешката е направена со договорот од пред 7 години. Мене само никако не ми иде во глава зашто истиот договор, за кој се покажа дека е штетен за клубот, не е ревидиран, односно е со дадени права, но без обврски за мнозинскиот сопственик.
 
Зошто не ти иде во глава, па на кој му е грижа за Вардар? Кој е тој што ќе се нафати да го прочешла тој договор? Вардар им е вишок на сите, Град Скопје само гледаше што повеќе да профитира и да го откачи. Ама затоа први се да се фалат како владин проект дека е. Сега и да згасне кур ги боли.

Затоа сметам дека треба да има најмалку 2 акционири 51 - 49 или па и 3. Ама уствари за матни работи у нашава држава ќе си се договорат без разлика колку страни се.
 
Ај малце да се потсетиме на нешто убаво па така и да почне мандатот на новиот сопственик.

На денешен ден 24 август, Вардар наш ги прегази турците у сред Истанбул со 1:2, на Шукру Сараџоглу фановите на Фенер го сакндира името на Вардар и не наградија со аплауз, историја.

Тој ден Вардар се пласираше у групната фаза на Лига Европа.

Да се повтори.
 
На крај и едно оро завртевме во под-трибинскиот простор. Еееее какви времиња. Каде бевме пред 4 години, а каде сме денес. Денес сме таму да не можеме да пријавиме играчи за настап во ВТОРА лига на Македонија....
 
Според инфо од близок другар на Слободан, пуштена е документацијата до ФИФА и се чека на одобрение од нив.
Зошто не ти иде во глава, па на кој му е грижа за Вардар? Кој е тој што ќе се нафати да го прочешла тој договор? Вардар им е вишок на сите, Град Скопје само гледаше што повеќе да профитира и да го откачи. Ама затоа први се да се фалат како владин проект дека е. Сега и да згасне кур ги боли.

Затоа сметам дека треба да има најмалку 2 акционири 51 - 49 или па и 3. Ама уствари за матни работи у нашава држава ќе си се договорат без разлика колку страни се.
Трендот во фудбалот е се повеќе социосите/членовите да откупуваат акции од својот клуб и со тоа да имаат некаков импакт во работата, а ние по обичај каскаме како и за се' друго. Но со толку ограничени, прости и отруени луѓе, единствено што ни преостанува е да чекаме на милостивоста на Сергеј/Камчев, Шилегов/Коце или вотевр некој X градоначалник на Скопје во иднина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom