Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Фичо Петковски покажа колку Боки на сите три меча досега.

Да напоменеме дека Мечка одново иде против Вардар. Чист црвен во 45' и немаше фаул при голот.
 
Ах, да ги имавме бар Жуниор и Новак во одбрана. Знаете кога ќе му извадеа корнер на Новак во 94та минута како детено што се исплаши и ја рогна на крај?
Спасија гз, до нивниот гол бевме далеку подобар противник, но одново паѓаме во последни 20 минути.
Повторно Тетовче менуваше во составот, Цветановски со рана повреда, Фитор на клупа, Крстевски со деби на ниво.
Едно нешто видов на овие натпревари, си газиме со клизачиве. Во просек имаме по десет пати повеќе клизачи од противнициве :D
Давид Велковски не е за одбрана, изгубен во време и простор. Имаше еден добар штоп во напад, но на крајот и пребавно движење во неколку контри.
Секој бод е драгоцен, да се надеваме дека по паузата ќе донесеме некој попристоен играч, особено на бековските позиции...

Децава во одбрана изненадија највеќе, и Величковиќ, и Наумчевски еве сега и Крстевски, се гледа дека фали искуство ама некако успева Тетовче да ги уклопи позади. Дефинитивно највеќе страдаат страничните позиции, Брда уште нема нигде потпишано, ако успеат да го убедат некако да запнат, многу ќе смени.. Може и Мики Петровиќ да покрие лево, не знам во каква состојба е, важеше за доста борбен, башка левак е, има играно како лев бек. Овој Лазаревиќ трча нон-стоп, покорисен би бил во средина да му помага на Мицевски, Најденов едвај оди на терен. Се надевам не е сериозно нешто со Матеј, Шиле нема сила за повеќе од 20 минути, само на искуство може и он и Најденов да помагаат, далеку се од сериозен фудбал. Што повеќе бодови собереме, тоа подобро, ама којзнае што глупости ќе се дешаваат на зима..
 
Се изнапромашија.

Ај ние што сме умрени, ама какви мртовци се овие, направиле тим со Петар Петковски најјак играч, со Фако во напад, Силјановско капитен. За Европа ќе се бореле, кад ја постанем капетан беле лаѓе.

Нас дефинитивно не спасува само прекин на лигата или цела нова стартна постава.
Автоматски споено мислење:

Се повреди Матејчо. Толку е, 5-0 ќе изгубиме.
Шиле (со килажава) - Петковски е најбавниот напаѓачки двоец некогаш што заиграл во Вардар. Би се рамнело со двоец Илбер Али - Благојче Гешоски.
Непоправлив песимист си значи. Ти нема рамен:P 5:0 ќе изгубиме, само прекин на лигата не спасува и пак играчите те демантираа со својот учинок:D Ем десеткуван Вардар стартуваше и повторно бодовно не заостанува во однос на Работнички, Пелистер, Борец, Трим Лум, а е пред двете струмички екипи. Па уште педерчето Мечка да не донесе денеска одлуки на штета на Вардар, кои директно влијаеа врз резултатот, кај ќе ни беше крајот. Единствен кикс ако може да се кажа така е високиот пораз од Силекс. И тоа не скршија после 60' откако нашите играчи буквално колабираа и факт е да најлошо да стоиме во тие последни пола час од мечот, а не дека се нешто претерано играчки поквалитетни. Да не заборавиме дека најрано стартуваа од сите со припремите и формата ја темперираа за овој период. Ја гарантирам дека со овие играчи на полусезона нема да бидеме во зоната на испаѓање. Се разбира доколку се задржат истите, а со 2-3 нови имиња сме во далеку подобра ситуација.
 
Коњаникот е лажен песимист, потајно се надева дека ќе тепаме ама боље му е кога ќе си напише еден таков пост како оној од прееска :D
И да знаеш колку многу си во право, тука глуми лудило, пред утакмица си праша он ,,Ќе ги згазиме ли денес?" :pos:
 
Знае некој дали има поконкретни разговори со потенцијални инвеститори, или работава е статус-кво?
Што се случи со германциве од Ќириќ?
Дечкиве и да истераат вака до полусезона, Васоски беше јасен пред првиот натпревар дека останува во клубот до тој период, после тоа ако нема никакви промени и он дефинитивно дига раце.
 
Да не се залажуваме, ако не се реши прашањето за спонзор зимоска ние следната година сме второлигаши. Убаво ќе е да собереме што повеќе бодови есенва за пролетоска евентуално со нов спонзор полесно да се бориме за Европа, али ако не се најде таков зимоска ќе следи уште еден егзодус и дефинитивна преселба во Втора лига. Што е најстрашно, во таква ситуација, не знам ни дали тоа е најлошото нешто што може да му се деси на клубот.
 
И да знаеш колку многу си во право, тука глуми лудило, пред утакмица си праша он ,,Ќе ги згазиме ли денес?" :pos:
:pos: :pos: :pos: како сум го сетил.

Најдобро е така, нема ништо подобро од лажен песимист, и во навивање а и општо вака во животот :icon_mrgr:
 
Ако имате време погледнете го интервјуто на Горан Попов кој говори какви биле состојбите во ФК Вардар,што правеле директорчињата,како се носеле играчи и како се договарале за плати,кој му работел на Вардар позади грб а бил на платен список на Вардар.
Комити како навивачка група прв што треба да го дигне на клоци е Симев,па се до оној најдоле.
 
Делот на интервјуто на Горан Попов е задолжителна лектира за секој оној кој прати македонски фудбал, се кажано јасно и гласно од А до Ш.
 
Нека не кажува гачки Попов за продажба на играчи зашто го видовме него на дело. Со неговите контакти што ги имал насекаде, ќе го носеше неговиот пулен Младеновски во Динамо Киев, за да на крај заврши во второлигаш од Данска. Го ценам тоа што го постигна во странство, ама во Вардар зема грдни пари за да си игра курташак буквално. Една поштена партија не видовме од него за цели 5 години.
Да не се залажуваме, ако не се реши прашањето за спонзор зимоска ние следната година сме второлигаши. Убаво ќе е да собереме што повеќе бодови есенва за пролетоска евентуално со нов спонзор полесно да се бориме за Европа, али ако не се најде таков зимоска ќе следи уште еден егзодус и дефинитивна преселба во Втора лига. Што е најстрашно, во таква ситуација, не знам ни дали тоа е најлошото нешто што може да му се деси на клубот.
Е па еве Самсоненко и Камчев ќе ги исплаќаат доверителите на фирмата Бетон Штип во износ од околу 5 милиони евра, ама за Вардар да го исчистат од долгови немаат пари...
 
Coekot se proslavi so teranjeto inat na sipcite i legendarnoto Indijanci :ojeaa: Inaku uste pred nekoe vreme cuv muabet deka i on bil del od nekoja struktura koja saka da vleze u Vardar, samo nezz so koj mu e kombinacijata.
Е па еве Самсоненко и Камчев ќе ги исплаќаат доверителите
Ja nezz dali uste postoi bydala koja veruva u toj dvoec lopurdi.. Osobeno toj vtoriot, sve my ebam!
 
Нека не кажува гачки Попов за продажба на играчи зашто го видовме него на дело. Со неговите контакти што ги имал насекаде, ќе го носеше неговиот пулен Младеновски во Динамо Киев, за да на крај заврши во второлигаш од Данска. Го ценам тоа што го постигна во странство, ама во Вардар зема грдни пари за да си игра курташак буквално. Една поштена партија не видовме од него за цели 5 години.

па Попов го однесе во Динамо, му заврши работа. што да прави он кога детето не се покажа таму на проба, со сила да ги натера Украинците да го земат? така може кај нас, ама во сериозни клубови врски не работат туку-така за играчи што не им требаат.
 
А бе седи жити се! Го однел на проба во У-21 екипата на Динамо Киев. Стварно голема работа му завршил. Во една прилика знаеш што кажа Попов за детето? Дека после него, тој ќе биле наредниот Македонец во Премиер лигата. И како сега истиот не може да добие договор ни во младинскиот тим на Динамо Киев. Проблемот е што со таков простак, за кого Англија слушна откако плукна противнички играч, никој не сака да има било каква врска, а камоли соработка. Иначе мисли си дека не е така во сериозните клубови, па влијателните фудбалски агенти го вртат фудбалот денес. Кај сакаат носат играчи, им обезбедуваат астрономски договори и зимаат ненормални провизии. А додека на вас репер за спортски работници ви се копита како Гоце Седлоски, Горан Попов и Илчо Наумоски кои се тепаа пред камери за една банална сервис партија на тренинг на национална селекција, тешко на фудбалот во Македонија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom