Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Треба како во Италија, во случајот со Парма, па така поранешните сопственици, Томазо Гирарди и Пиетро Леонарди беа осудени на затворска казна поради незаконско работење и лажно банкротирање.
Гирарди 4години затвор и 5 години забрана да работи со спорт, а Леонарди (директор на клубот) 6 години затвор и доживотна забрана да работи со спорт.

Така треба и нашиот "банкрот" да се прочешла убаво, и тие скапаници да ги заменат удобните фотељи со бетонски во затвор.
Па кога на некој ќе му текне повторно да работи така да знае што го чека.
Али за жал живееме во Македонија.
 
Дечково ама не истрола со овие 2 милиони дека се пуштени на сметка од Вардар, секоја чест.
Па на крај вика дека парите ги пуштил некој анонимус од Скопје, па сега ќе го јадел од сите можни институции :D

Робин Худ од Припор да не случајно? :))
 
Никој не верува во тоа дека Самсоненко нема пари да ги исплати долговите ..
Доказ е тоа дека пред некој ден со неговиот бет сити станал спонзор на купот во Русија .

Очигледно за таму има пари човекот и ке финансира ама во Вардар нема намера да врати пари .

Очигледно политички валкани игри се во прашање , каде Вардар е најголем губитник.
Срамота е ова што му го прави на Вардар , толку ли нема грам свест дека све што направи позитивно сега фрла црна дамка .
 
Дечково ама не истрола со овие 2 милиони дека се пуштени на сметка од Вардар, секоја чест.
Па на крај вика дека парите ги пуштил некој анонимус од Скопје, па сега ќе го јадел од сите можни институции :D

Робин Худ од Припор да не случајно? :))
Дриблинг опасен ни направи :tapp:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy
Новак не се враќа. Брда и Тошевски имаат понуди од слога и како тргнало, ќе заминат..
 
Зошто никој официјално не кажа зошто пропадна работата со Георгиев? М?
 
Зошто никој официјално не кажа зошто пропадна работата со Георгиев? М?

Па по официјално од дечково со јузер Дембел123 веруј нема да најдеш.
Скоро и да бил директно инволвиран, се до детал објасни што/како.

А ако мислиш на официјална изјава од клубот, тоа ќе биде коа ќе се објави распоред за Општинска лига Скопје и ќе пишат дека у прво коло се игра против ССК Драчево. :)
 
Отиде Вардар у трета лига изгледа толку сите ќе заминат.Не знам до каде е работата со протестот ама мора да има кршење !
 
Па по официјално од дечково со јузер Дембел123 веруј нема да најдеш.
Скоро и да бил директно инволвиран, се до детал објасни што/како.

А ако мислиш на официјална изјава од клубот, тоа ќе биде коа ќе се објави распоред за Општинска лига Скопје и ќе пишат дека у прво коло се игра против ССК Драчево. :)
Понудувачот да образложи зошто пропадна се, за управата знаеме горе доле... Мене молчењето ми кажува дека се праеле нечисти комбинации.
 
Понудувачот да образложи зошто пропадна се, за управата знаеме горе доле... Мене молчењето ми кажува дека се праеле нечисти комбинации.

Корне смрди комбинации.
 
Povekje od ociglednno deka kje staneme Glasgow Rangers vo Makedonija ...
Ako na ludacive od uprava ne im tekne da staat odma katanec na vrata, zs so vakvi lopuzi i toa e mozno.
 
Пошо мн е поголема веројатноста сезоната да се почне од Општинска него ли од Прва лига, може некој подетално да објасни како ќе се одвива процесов околу долгувањата на клубот, платите, фактурите, блокираната сметка у УЈП...
Како од технички аспект изгледа тој ре-старт на клубот со почнување од најнизок ранг?
 
Комити на ФБ рекоа одлучувачка недела ама... Баш ме интересира кој ќе биде нивниот став после ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom