Еве ја и целата сторија :
62 години историја, 12 трофеи, десетици славни имиња и натпревари за паметење, македонска гордост, со модерен речник бренд - ВАРДАР.
Но, сето тоа само на хартија или како тема за евоцирање спомени. „Црвено - црните“ одамна тонат, сега очигледно го допреа и дното. На фудбалерите им здодеа од неизвесност и лажни ветувања.
Нема плата, премии, рати од договори, нема топки, услови за тренинг, нема прашок да се испере опремата, понекогаш ниту топла вода, нема пари - нема фудбал.
Гладните фудбалери на Вардар ја прекинаа својата основна дејност, од денеска не тренираат. Од летните подготовки, па се до одигрувањето на овие девет првенствени кола како милост добиле неколку аванси, премалку за бензин, а не за нормален спортски живот.
Да се носи дресот на некогаш нашата најголемата екипа веќе не е доволна мотивација во ситуација кога повредените позајмуваат за да заздрават, а на кираџиите им се заканува бркање од становите.
Играчите не знаат кому да се обратат, не знаат кој управува со клубот иако желбата да играат ја демонстрираа многу пати.
Подмладена екипата има квалитет, но без основни услови може да само да се спротивставува, не и да победува.
Нивните барање што утре и јавно ќе ги соопштат ќе бидат минимални, барем додека не се најде решение во вид на стабилен спонзор.
Иницијативниот одбор за спас, поточно комитите собираат пари, ги плаќаат таксите за судиите, се обидуваат да најдат заинтересирана фирма.
Од многуте навидум заинтересирани, засега нема сериозни. како некому да одговара вардар да го снема, да заврши во четвртата лига.
Можеби некој го знае сценариото, меѓу најлошите се некои од непослушните да бидат избркани или, пак, „Црвено - црните“ да отпатуваат со младинци на дербито во Битола против Пелистер.
Зарем е можно да има и такви што од маката сакаат да профитираат?
Извор