Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Dobro e sto se igra pod reflektori, ocekuvam po podolgo vreme i na nekoj natprevar od domasnoto prvenstvo da ima barem 7000-8000 gledaci
 
еве читам сега во спорт дека можно е иван каталиниќ да биде новиот тренер на вардар. ај да го видиме и тоа чудо, вардар да има тренер
 
Ајде Вардар, со нов тренер:

Брацо е во Сараево за Каталиниќ!?

* "Не можам ништо да ви кажам, во Сараево сум и денеска се враќам назад во Скопје", се зборовите на спонзорот на клубот.

Ќе добие ли Вардар нов тренер до дербито в сабота со Работнички? Тоа е прашањето кое сите го поставуваат. Многу е веројатно дека ќе биде така. Спонзорот на Вардар, Слободан Вујчиќ - Брацо, е во Сараево. Како што дознавме, во преговори за нов тренер на Вардар. Нашите информации говорат дека Иван Каталиниќ, хрватскиот тренер кој моментално седи на клупата на второлигашот Гошк, е најблиску до преземање на нашиот најтрофеен клуб. Па така логично е Брацо да седне и да разговара со Каталиниќ за негов ангажман во "црвено-црните".

"Сега не можам ништо да ви кажам. Денеска се враќам во Скопје и ќе знам многу повеќе", е коментарот на Брацо, кој го добивме од Сараево.
Каталиниќ изјави дека би сакал да работи во нашиот најтрофеен клуб и дека чека од раководството на Вардар да добие повик за преговори.

"Би сакал да работам во Вардар, само треба да имаме официјални преговори", е изјавата на Каталиниќ за нашиот весник.

Оваа "сапуница" за тренер на Вардар треба да добие конечна завршница веќе денеска. Како што најави Вујчиќ, до дербито со Работнички клубот ќе добие нов "шеф", а Каталаниќ е многу блиску до таа улога. Се чини нашите Зоран Стратев и Слободан Горачинов веќе се отпаднати од комбинација, а освен Каталиниќ неофицијално се шпекулира и името на сегашниот тренер на Зрински, Блаж Слишковиќ дека би можел да го наследи Драган Канатларовски, кој на самиот старт од првенството си замина од клупата на Вардар.

И на вчерашниот тренинг с$ беше по старо. Мирко Петров ги предводеше "вардарците", човекот кој седеше на клупата на најтрофејниот на натпреварите против Шкендија и против Милано.

Г. Бошев
Половина екипа на тренинг

Мирко Петров во моментов се соочува со проблеми околу водењето на нашиот најтрофеен клуб. Вардар во моментов има половина екипа на тренинг. Од стандарните недостасуваат голманот Георгиевски и Савиќ, кои имаат обврски со "А" селекцијата, додека Пеев и Костовски се со младата репрезентација. Бојовиќ и Перендија поради повреди ги нема на тренинзите, додека Деспотовски е во потрага на ангажман.
 
и од сето ова најмногу ќе го ‘‘изеде‘‘ стратев, кого заради вардар го шутнаа од македонија ѓп и сега најверојатно нема ни вардар да го види
 
Вардар се откажа од странски тренер

Веќе е сигурно дека Вардар нема да ангажира деновиве тренер од странство за да го води клубот во годинашново првенство. ЗЏа тоа се потребни поголеми средства, кои засега најтрофејниот клуб во нашата држава не сака да ги вложи. Пропаднаа разговорите со Блаж Слишковиќ, кој деновиве како тренер на Зрински престојуваше во Скопје, сплиќанецот Каталиниќ се нудеше но и таа комбинација отпадна. Во игра беше и поранешниот тренер на Партизан Вермезовиќ, но тој чека ангажман во Кина веден 250.000 евра и јасно, Вардар во таа ситуација отпадна бидејќи големи пари се во игра.

Како што дознаваме, во текот на денот Вардар ќе добие нов тренер, од расположивите и слободни тренери во Македонија. Не успеавме да го дознаеме неговото име но речиси е сигурно дека Вардар на саботниот меч со Работнички Кометал на Градскиот стадион нема да аго води Мирко Петров.

Исто така со сигурност можеме да напишеме дека во игра не е повеќе Слободан Горачинов. Останува во текот на денот спонзорот Брацо Вујчиќ да назначи нов тренер по враќањето од Сараево каде е на службен пат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A7A5C9FC54DE3E4582AE47A4D14720F1

:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:

ЛЕЛЕ НЕЗНАМ ВЕЌЕ ДАЛИ ДА СЕ СМЕАМ ИЛИ ДА ПЛАЧАМ
 
Не знам дали да идам на стадион, страв ми е да не снема струја :pos:
 
Како бе вака, еден ден едно, друг ден друго, во еден весник едно, во друг друго. И сега?:jaj:
 
Како бе вака, еден ден едно, друг ден друго, во еден весник едно, во друг друго. И сега?:jaj:

ништо брат ќе чекаме да дојде утрешниот ден, па да прочитаме дека прв на листата на кандидати за тренер е капело :pos2: ако веќе не го земаат каталиниќ барем ѓоре им е слободен, ама овие дебиливе ќе не изненадат со некој од рангот на марјан секуловски или момчило митевски
 
Ова е веќе претерано...бетер и од најбисерната изјава на Брацо:
„ Нема пара, купио сам косилицу за траву“
Срамота е за Вардар тоа.
 
ништо брат ќе чекаме да дојде утрешниот ден, па да прочитаме дека прв на листата на кандидати за тренер е капело :pos2: ако веќе не го земаат каталиниќ барем ѓоре им е слободен, ама овие дебиливе ќе не изненадат со некој од рангот на марјан секуловски или момчило митевски

Николче Здравески да го земите, да не спасите од него:pos:
 
Николче Здравески да го земите, да не спасите од него:pos:

леле ќути ништо чудно, тој и онака играше порано во вардар хахаха

УПРАВА СЛЕПЦИ ЕДНИ ЧИТАЈТЕ:

ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ
КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ
ЏИЏИ ИЛИЕВСКИ...

немаат ангажман алоооооо слепциииииииииииии
 
леле ќути ништо чудно, тој и онака играше порано во вардар хахаха

УПРАВА СЛЕПЦИ ЕДНИ ЧИТАЈТЕ:

ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ
КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ
ЏИЏИ ИЛИЕВСКИ...

немаат ангажман алоооооо слепциииииииииииии

Од тројцата само Кирил го признавам за тренер... двајцава се недоквакани...
 
Ѓоре би сакал да им ја земе титулата на Работнички :)
 
Од тројцата само Кирил го признавам за тренер... двајцава се недоквакани...

дојчиновски е еден од 2-3 најдобри македонски тренери ако не и најдобар. многу чесен човек ама не бараат вардар таков за жал, а за неговото искуство да не правиме муабет :)
 
site na gradski vo sabota 25.08.2007 VARDAR-RABOTNICKI ODNOSNO RABOTNICKI-VARDAR
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom