Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
"Баже илијоски, миленик на навивачите на Шкупи" :ROFLMAO:
 
Oдaмнa се знaеше oвa. Мнoгу пaти имaaт oдигрaнo и oни зa нaс, безрaзликa штo нaвивaчите се нaјгoлеми ривaли. Сетете се кoлку бoдoви и земaa нa Шкендијa лaни.
 
дали некој памти кога точно Вардар ја тргна додавката 1947 од името? нели ја додатоа во 2011 кога мораше да направи пререгистрација ради трампата со Миравци.
 
Со оглед на тоа што се мења цела генерација на играчи кои има најголем клубски успех, без профит за клубот(нема пари на неговата официјална сметка, можеби има на некоја друга во Белизе) да не заработиш ниту милион од продажба на играчи, а во тимот имаш стандардни репрезентативци и си играл во групна фаза во ЛЕ, просто е недозволиво за клуб кој сака да биде професионален и да се стреми кон уште подобро работење и подобри резултати.
Не коментирам за местени натпревари и враќање на пари и заработка на Самс, со местење, тешко и глупо е да местиш во 21век, кога финансиска контрола има преглед на секоја уплата, натпревар итн.
Па останува прашање зошто играме со младинци, можеби и не се толку глупи у управата па го искористија лошиот период да се види кој од младинците има квалитет и капацитет да игра професионално ниво во прва лига, имаше неколку квалитетни момци но секако сега знаеме и на кој позици мораме да донесеме квалитетни и искусни играчи, а ќе видиме дали ќе донесеме и каква ќе е иднината на клубот.
Јасно е, немаме квалитетни луѓе у управа, или барем до сега не покажаа поинаку, а показател за тоа е: немаме тренер кој може да вади максимум од играчи, посебно од млади, немаме никаква енергија, атмосфера во тимот, клубот, немаме навивачи на стадион, не проаѓа приказната во Скопје таква е публиката, сака успех се пали на успех и сл, работа на клубот е да привлече симпатизери, навивачи со својата работа, нашата управа до сега работеше обратно од тоа, не знам само како стојат работите во подмладокот, но според резултатите генерално и таму сме катастрофа(освен некој генераци) според условите кој ги имаме.
Ако ремизираме, имаме очајно лоша работа со клубот, а се поѓа од таму, за подобар успех потребно е прво транспарентно работење, долгорочно работење, вложување во странски едуциран кадар кој ќе работи со младите, и програма од успешен клуб, применета тука во Вардар се со цел поуспешен и стабилен клуб.
 
дали некој памти кога точно Вардар ја тргна додавката 1947 од името? нели ја додатоа во 2011 кога мораше да направи пререгистрација ради трампата со Миравци.
Ја тргнаа на почетокот од втора полусезона.
 
Според медиумите за следна година остануваат следните играчи: Гачевски, Алексовски, Попов, Новак, Брдаровски, Битанг, Барсегјан, Максимов, Попзлатанов, Тошевски и младинците кои добиваа шанса.
Очекувам најмалку 7-8 нови играчи и се надевам дека најдоцна до 10 јуни ќе има нови имиња.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom