Ви реков Асани е најдобар од младинциве...

Штета што не погоди хет-трик.
Дашијан го постигна првиот гол, откако му ја украде топката на последниот дефанзивец на Металург кој лошо додаде до голманот, па Ерменецот го мина и Ефтимов и пласираше за 1-0.
За 2-0, Асани се најде сам пред гол од слично место како и Дашијан и истотака не му беше тешко да погоди за 2-0.
Асани утна добра шанса, откако убаво се ослободи, биеше, Ефтимов одбрани со нога, а на одбиената топка, иако Асани беше прв, еден му стартуваше од позади, а судијата свирна само корнер...
Во второ полувреме, Асани веднаш зголеми на 3-0.
Потоа Петковски добро биеше со глава, Ефтимов одби, а Асани одбиената топка ја шутна во пречка.
Тука некаде застанавме и им ја препуштивме играта на гостите, кои намалија од непостоечки корнер.
Имаа неолку полушанси, а ние можевме да го зголемиме водството откако Петковски биеше одлично со глава, ама Ефтимов со парада одбрани.
Асани откако го даде првиот гол, легна да се клања, му ебам волето

Џабе го бацува знакот на Вардар, тешко дека со клањање ќе ги придобие навивачите
На трибина бевме посолидна бројка од минатите пати, околу 200 и кусур луѓе.
Имаше неколку пароли и после подолго време, мала кореографија и добра димнијада
