Сликата објаснува се за случувањата на теренот.
Уште една од низата ОЧОБОЛ утакмици на домашен терен.
Всушност освен со Шкендија, на ниеден друг меч на домашен терен не одигравме на ниво.
Среќа Пелистер беше уште поужасен, немаа ниедна полушанса цел меч, а за шанса да не правиме муабет.
Петковски веќе четврти меч по ред е стрелец, иако голот може требаше да се запише и како автогол на голманот на Пелистер. Петковски ја погоди стативата, голманот на Пелистер несмасно тргна накај топката која го погоди во нога и влезе во мрежата.
Прво полувреме беше колку толку содржајно и имавме 3-4 сто процентни шанси, сите преку Петковски.
Како само успеа да се изнапромаши ни самиот не знае

Два-три пати од пред гол утнуваше со глава, ама најголемата утка ја направи при една акција на Дачијан во која испрати одличен удар, голманот на Пелистер кратко одби, а Петковски од неколку метри имаше ситуација подобра од пенал, но со глава биеше крај стативата
На никој не му беше до фудбал денеска, ебате дербито ебате.
Долго време се коваше план дали да се навива или не после пиздариите на ФФМ, на крај беше решено да се навива едно полувреме и тоа да им се помогне на Чкембари да влезат со нас на стадион и да се пее исклучиво против ФФМ.
Навивањето почна некаде во 15-тата минута и се пееше ФФМ мафија цело време

После две предупредувања мечот беше прекинат.
Абе каде го има тоа бе за пцуење на федрации да се прекинуваат мечеви хахаха
Разбирам по мечот клубовите да јадат казни, ама прекин на мечот?
Таневски дојде да моли, ама како што он ги повлекуваше фудбалерите да не се поздрават со нас по мечот со Работнички, така и ние сега му рековме СЛОБОДЕН СИ

Дојде и Влатче, а на полувреме и Васоски држеше некој говор.
Деспотовски беше најфаца не можеше да се соземе од смеење на песните и скришно не поддржуваше

Таман престанавме да пееме и кога после неколку минути се појавуваат и Чкембари и двете групи продолжуваат заедно да пеат хахаха
Видоа не видоа, ја продолжија утакмицата, а до крајот на првиот дел цело време се пееше против Илчо и ФФМ
Второ полувреме беа напуштени трибините.
Останавме да догледаме и беше комедија да се слушаат коментари на играчите меѓу себе и комуникацијата со Јорде на трибините.
Како фудбал во маало да играат. Му прават фаул на Гроздановски, судијава ништо не свири и Влатче вика "Не е нормален овој будалава"

Голманот на Пелистер се шина од викање цело полувреме.
Најсмешно беше кога му викна на некој од играчите, "не можиш да трчаш појќе"
Комедија од првенство...
Битно тепавме во најголемото дерби
Добро е што бар на навивачки план свртевме еден нов лист и покажавме дека може да делуваме заеднички и со најлутите ривали...