Иначе не знаш што да кажам за играчиве.
Мизерија жива ако е вистина и стварно не знам која е целта на управата. Каков Брдаровски какви бакрачи, нас ни требаат саглам бекови, а не да се крпи со играчи што менуваат по 5 тима годишно.
Георгиевски за резервна опција на десен бек не е лошо, и онака немаме резерви, ама под услов да земеме нов десен бек на местото на Рељиќ кој ќе биде прва опција.
Ако мислат да играме со Рељиќ и Георгиевски како резерва, тешко нас...
Љмчевски и Симоновси

Не знам што ново може да донесат овие двајца во тимот, особено Симоновски. Толку го форсираа Фичо, би требало да ни биде прва опција за нападот. Бујчевски е добар за резерва, а ни треба уште некој првокласен шпиц, а не Симоновски ебате...
За Мециновиќ најголем фејспалм. Дечкото е врскаџија, дете што менаџери го шетаат по екипи. Кај и да отишол не успеал како фудбалер, па дојде во Македонија ЃП да игра, и на крај ние го најавуваме како засилување. Кое засилување бе???