Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Оса е на одмор дојден. И он како и другите печалбари си се враќа у родната држава на одмор не е предавник. :ROFLMAO:
 
Со вакви искрени интервјуа, само му штети на тимот ништо повеќе, анти реклама кон својот клуб, Самсоненко треба да му забрани вакви интервјуа ако има некој авторитет во "својот" ФК Вардар кој сега за сега не е само негов има доста влијанија, али ке му оставиме време до наредната година, пошто има многу работи да се менува, без добра реклама на клубот за да се полни градски и без да ги сака своите навивачи Комити и да застанува позади нив (односно да ги брани) при вакви скандали со барањето на лични карти само за неговите навивачи, Вардар ке биде ништо. Сакавме европски Вардар, се плашам како што тргнало ќе го дочекаме само пред ТВ. Ама тешко, ако продолжат вака против своите само ке изгубат, вака или онака (се сфаќаме) :D
 
Уште не можам да се изначудам на имбецилнава логика, при ситуација на мал број публика се решаваш да спроведуваш некои си правила кон тие најредовните, и после уште чудење зошто 40 души на стадион имало. Епа каков однос толку публика.

Во Англија вакви закони донесоа оти загинати имаше секој викенд. Не можеа толпите од стотици илјади луѓе да ги контролираат.

Ова жива душа не иде на стадион они ред ќе воведувале, наместо да се чудат на неспособната полиција мала толпа што незнае да контролира они на тие малкумина што одат на стадион енглески ред ќе им воведуваат. Фудбалов во приватен банкет ќе се претвори со Вардар. За некоја година може да воведат правило само со претходна покана да се влегува на стадион :)

Македонија бе брат.
 
Уште не можам да се изначудам на имбецилнава логика, при ситуација на мал број публика се решаваш да спроведуваш некои си правила кон тие најредовните, и после уште чудење зошто 40 души на стадион имало. Епа каков однос толку публика.

Во Англија вакви закони донесоа оти загинати имаше секој викенд. Не можеа толпите од стотици илјади луѓе да ги контролираат.

Ова жива душа не иде на стадион они ред ќе воведувале, наместо да се чудат на неспособната полиција мала толпа што незнае да контролира они на тие малкумина што одат на стадион енглески ред ќе им воведуваат. Фудбалов во приватен банкет ќе се претвори со Вардар. За некоја година може да воведат правило само со претходна покана да се влегува на стадион :)

Македонија бе брат.


Од километар се гледа дека некој од горе го турка ова. Неќат пароли за насловни пред избори. Неќат навивање против пастирот ниту национални скандирања кога они се на утакмица за да не ги фатат во кадар. Сега им е избори па они мора да бидат видени секаде. На русинот само му кажуваат тоа е законот ние ништо не можеме а во позадина директорчињата/вмровчињата што работат за него се си прогласуваат за утакмици со висок ризик... Се дур не се седне со него на иста маса и тоа наш преставник + наш адвокат, Сергеј + негов адвокат БЕЗ директорчињата НЕМА да се разбереме. Затоа на групата под итно и треба АДВОКАТ кој ќе испрати барање за средба со Сергеј. Само така сериозно ќе бидеме сфатени, се до тогаш џабе збориме. Да не мислиш Абрамович седи и разговара или мисли што The Headhunders сакаат или бараат? Си има кој тоа треба да го работи во клубот, проблемот е што тие што треба да го прават тоа сега примаат наредби од штаб и гледаат тоа да го избуткаат наместо да мислат на клубот.
 
Пак го сменија терминот на утакмицава...
Сега ја ставија во сабота од 20 часот :tapp:[DOUBLEPOST=1397140107][/DOUBLEPOST]Пак го сменија терминот на утакмицава...
Сега ја ставија во сабота од 20 часот :tapp:

По барање на МВР до ФФМ
:facepalm:
 
Пак го сменија терминот на утакмицава...
Сега ја ставија во сабота од 20 часот :tapp:[DOUBLEPOST=1397140107][/DOUBLEPOST]Пак го сменија терминот на утакмицава...
Сега ја ставија во сабота од 20 часот :tapp:
По барање на МВР до ФФМ:facepalm:
Уствари ФФМ нема ништо со Вардар.
Кога МВР ќе посака, тогаш ќе играме...
 
Сме тепале 5-1 а никој ништо не пишал. Некој беше на утакмицата?
 
Сме тепале 5-1 а никој ништо не пишал. Некој беше на утакмицата?
Бевме бевме. :)
Коњаникот си ја знае своајта раобота така да кај и да е ќе ви пише извештај.
 
Пукна петарда...

Три победи по ред, лесно издвојувани и со разлика која многу лесно можеше да биде и поголема.
Допрва доаѓаат дерби мечевите и ќе видиме до каде сме.
Младите во екипата внесоа голема свежина, Асани е најдобар во моментов, Стојчевски игра одлично, а и Ацевски е одличен во средината.
Еххх колку време алдуиравме да се игра со Ацевски, а не ги играа оние скапаницине Јовановски и Блажевски :tapp:
Мечот почна со црвен картон за Ренова, чист ко солза.
Во последниве мечеви покрај Асани, свое шоу има и Ловречич. Одличен е на теренот и во средина може ни фали уште еден кој ќе сече топки и пак ќе склопиме добар тим.
Токму Ловречич ако не се лажам му даде одлична топка на Фичо, Ивановски беше сам на 20-тина метри, и го фаулираа од позади.
Црвен за Ренова и слободен за нас кој слабо го изведовме.
Почнавме со голем притисок, кој резултираше со шанса на Асани кој од неколку метри биеше на волеј, но гостинскиот голмабн одбрани.
Потоа нафрлувањ до Фичо, кој со глава ја погоди стативата, а на одбиената топка од само неколку метри, Ацевски или Петров успеаа да погосдат во статива :tapp:
Конечно, после 15-тина минути игра, по нафрлување за Асани добро ја пласираше топката во долниот лев агол за 1-0.
Место да запнеме, легендата Петров направи "мајсторски" потег по кој и ние останавме со 10 играчи.
Како некој глуп една нафрлена топка во противничкиот петерец, ја мавна со рака, по што доби втор жолт односно црвен картон. Треба да го казнат сам да си го плати.
Ренова од единствената шанса даде гол.
Нашиве лошо затворија и го чекаа противничкиот играч да дојде осд пола терен до наш шеснаесетник. Бевме во ситуација 4 дефанзивци со сдвајца противници, тој што ја имаше топката ја даде зад грбот на Стојчевски, па напаѓачот на Ренова искочи пред Захов и лесно го матираше за 1-1.
Не чекавме многу за вториот гол.
Стрелец Рибарот, кој имаше добар меч денес :icon_mrgr:
Изиграа акција по страна, Рибарот доби топка од 16 метри откосо и ја збибери во спортивниот долен агол.
Вардар продолжи со нападите, но на полувреме се отиде со овој резултат.
Само што почна вториот дел, по нафрлување на Ловречич, Таневски мајсторски со глава зголеми на 3-1.
Следуваше одлична топка во празно за Асани, кој го мина и противничкиот голман и низ нозете на дефанзивец на Ренова погоди за 4-1.
Нападите не престануваа и дефинитивно почнуваме да гледаме добра игра од нашите момци.
Ловречич и Ацевски одиграа 1-2 акција на мал простор, Ацевски изби предс гол, но не беше себичен и ја сврте до Асани, но овој во последен момент беше блокиран да дојде до хет трик...
Асани игра по 60-тина минути и веќе има 7 гола, за 8-9 пролетни кола :cuc:
Брз е, има контрола на топка и ќе биде штета ако го загубиме летово пошто колку што знам му исткува договорот.
Во игра влезе и Влатче, кој одма изби во шанса, одново добивајќи топка во празно, го мина и голманот на Ренова и погоди за конечни 5-1.
До крај и Цикарски утна една шанса, откако влезе место Асани.
Се враќаме во игра за титулата и дерби мечевите ќе го решат шампионот.

Момците победија за Комити :D
Си купивме карти од билетара за на север и од таму го бодревме тимот. Имаше лајт навивање во текот на целиот меч, а бројката беше околу 150 души, што е добро со оглед на тоа што не знаеа сите за скроениот план :)

Инаку новост е што цел тим сега се снабдени со јакни во стилот на Венгер :pos:
 
navivaci02.jpg


Следни кола:
Пелистер-Лисиче
Металург-Вардар
Ренова-Работнички
Гостивар-Турново

Турново-Ренова
Работнички-Металург
Вардар-Пелистер

Вардар-Лисиче
Пелистер-Работнички
Металург-Турново

Брегалница-Металург
Турново-Пелистер
Работнички-Вардар

Работнички-Лисиче
Вардар-Турново
Металург-Шкендија

Турново-Работнички
Шкендија-Пелистер
Брегалница-Вардар
Ѓорче-Металург

Почнуваат решавачките кола за титулата.
Математиката вели дека мора да имаме барем 4 победи до крај, од кои обавезно победа над Металург.
Според мене следново коло е едно од најважните.
Работнички има лесен меч според мене и не смее да ни избега на 5 бода.
Лошто е што ако Металург не победи и они ќе дојдат во добра ситуација за титула, пошто горе-доле имаат најдобар распоред.
Не очекува јака завршница :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom