Незнам што да кажам, знам дека зад ова има многу политика но чиво сценарио е ова, и која е мангата нарачател стварно не знам. Знам само дека на клубот што го сакам повеќе од се, црно му се пишува.
Знам дека на сите ви пукна филмот од слабите игри на манекените, јас прв ги критикував сите по список уште по мечот со Милано во 4-то коло кога ги тепавме у Куманово со 3:1 зашто уште тогаш увидов дека играта не штима. Меѓутоа уште еднаш се покажа дека никој од нас во Македонијава не знае за зборот
стрпливост.
Знам дека на сите ни е преку таквото од петгодишниот пост без титула и од оние спектакли со ЦСКА и Спарта, ама колку пати повторив дека вакви целосни трансформации какви што ни се случија оваа годна ќе бараат повеќе од една сезона за работите да си дојдат на свое место. Ваквите резултати требаше да се очекуваат, можеби играчите сами си го навлекоа проклетството на себе со 5-те (само резултатски) убедливи победи во првите 5 кола, па сите си помисливме дека се ближи денот кога и на градски ќе ги гледаме рекламните паноа на плејстејшн 2, форд, хајнекен, сони и мастеркард т.е. - ЛШ. Сепак сите заборавивте едно нешто. Сите го знаевте Трифун како човек кој што бил европски првак со Кометал и доминантен владетел во мак првата лига со Работнички, а на никој не му текнува дека му требаа повеќе од 7 години за да го направи Работнички она што беше до лани. Мислите дека сите тие успеси преку ноќ ги создаде. Не ме сваќајте погрешно, не велам дека и ние требаше да чекаме 7 години за титула, меѓутоа требаше да се стрпиме бар уште оваа сезона пошто ви реков дека таквите револуции како нашата од пред почетокот сезоната бараат време за да се ожнеат плодовите. Догодина ве уверувам дека ќе се прошетавме на домашната сцена и дека навистина ќе ја бркавме лигата на шампионите! Трифун не го зема Вардар за да го растури, туку затоа што е најголемиот Македонски спортски бренд, за да го направи моќен и за да им се курчи на своите европски бизнис партнери и конкуренти со тоа каков мал но сепак моќен клуб има под својата капа.
Навистина незнам, после ова мислам дека одамна го имав моето последно присуство на западната трибина, сепак Комити се само институција а Вардар е она што неможе да се опише со зборови, туку може само да се почувствува како ти пулсира заедно со срцето.
Јас и во сабота ќе бидам на јужна заедно со клубот со којшто сум бил и кога бил на врвот и кога бил на дното. И нема да навивам за фудбалерите, туку за
ВАРДАР!!! ЗАТОА ШТО ВАРДАР НЕ Е НИ МАСЕВ НИ ПОЛОЖАНИ НИ МИЛИСАВЉЕВИЌ НИ БАЈО НИ ЈАНКЕР НИ ПЕТКО НИ ЈАНКО НИ СТАНКО, ВАРДАР СМЕ СИТЕ НИЕ И ВАРДАР Е ВО НАС, НЕЗНАМ ЗАШТО СИТЕ ОДЕДНАШ ТОА ГО ЗАБОРАВИВТЕ!!!
^^^BaD_BoY^^^ напиша:
more more 4e odite na trening da gi tepate a vas definitivno bbb vi se idoli:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Немам право да зборам од името на Комити, меѓутоа да факт е дека намерата им е да бидат на нивото од БББ Торцида Делије и Гробари, ама затоа во Македонија на сите вас сељаците ви се идоли. Ќе видиш за некое време и пиратите и лозарите и чкембарите како ќе почнат да си ги тепаат своите играчи, пошто во се ги копирате Комитите. Комити први почнаа да штрајкуваат уште во Март, после тоа гледам сите почнале да ги бојкотираат своите клубови. Затоа сељаци ќутете си, и запамтете дека Вардар е како феникс и пак ќе дојдат деновите кога ќе ви маваме резултатски петарди на вашите селски ливади!!!