Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ВАРДАР- Работнички !

Остануваме само најверните.. Лојалноста е карактеристика на храбрите, на упорните. Лојалноста е карактеристика на правите мажи.. Одиме до крај !!
Недела 16,30 Вардар- Работнички на стадион Ѓорче Петров..
Да баш на крајот на Скопје, во Ѓорче, дали тоа е мотив да ги спречи најверните? Секако дека не. ЗА ТЕБЕ ВАРДАРЕ И ПЕШ ДО СИБИР МАЛКУ Е !! Одиме сите !
Квалитетот на фудбалот во нашата држава одамна е познат т.е никаков, но тоа не е причина да не спречи, напротив ние одиме за Вардар, сме оделе и кога губевме 5-0 од треторазредни тимови, ќе одиме и сега. Кој сака да гледа фудбал може да оди на европско првенство летово, кој сака да навива се знае на ВАРДАР- Работнички !!
Фиктивна мобилизација на интернет не е потребна, мобилизација на терен?- Да, секако ! Скопје е големо, Комити имаат член од секое скопско маало. Кафана, фудбал, алкохол.. секој може да ги организира другарите од своето маало, и оваа Недела, на убав ден да дојдат да навиваат заедно со своите другари на стадион !
Работнички е познат градски фудбалски ривал од порано, историјата ги врзува двата клуба, па кога и да играат има жар и игра од срце, го паметите претходниот натпревар во Маџари, каде во 90+ минута ги победивме, одлично чувство и одлична журка на трибина. Нашите лавови се надеваме ќе се погрижат и овој да славиме на ист начин.

Сите заинтересирани ги повикуваме во 16,30 на стадионот во Ѓорче Петров, карта ќе биде 100денари, и истите се наменети за казните кои Комити ги плаќаат за Нерези и за Кале. Сите кои имаат членска немаат обврска да плаќаат влез.
НАПОМЕНА ДЕКА ЕДЕН АВТОБУС ЌЕ ТРГНУВА ОД ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО 15,30, А ДРУГ ОД ДРАЧЕВО ВО 15,15.
Пред стадион ќе се продаваат дуксерите и фантомките, кои само овој натпревар за сите ќе бидат по цена од 1000(дукс); 500денари(фантомка) !
 
Недела сите на стадион,долго очекуваната титула ни е на дофат,да покажеме кој се најдобри во Македонија:)
 
Новата Фантомка е многу добра! Браво секоја чест само нека излегуваат нови производи!
 
Ај да се потсетиме на еден убав спектакл, опроштајниот меч на еден фудбалски великан како Пикси, кој беше занимлив за нас поради учеството и на нашиот Вардар. Убав помин имаше во Ниш. Вардар секогаш бил ценет и почитуван таму, како ретко на кое друго место. Не ќе е лошо да се организира еден пријателски меч со Реал са Нишавe, малку да се евоцираат старите спомени од времето на бившата Yuga ;)
 
http://ffm.com.mk/licenciranje/izve...cenciranje-za-evropskite-natprevaruvanja-2640

3.На клубот ФК Вардар – Скопје, Комисијата за лиценцирање побара од клубот да се достави дополнителен доказ и за кој ќе се одлучува дополнително.

Каков доказ бараат овие ?

Toa Skopjanec treba da ni kaze, odamna go nema da kaze nekoe info
 
Мислам дека тоа е доказот за финансиското работење на клубот во задњите неколку години и мислам дека тоа е единствената причина зошто вардар е одбиен за лиценцата во овој момент
Кај и да е ќе добиеме и ние лиценца кога може Цинголенд да добие не па ние
Не ме јеби бре(y)
 
Ќе се произнесе управата за овој некаков си дополнителен доказ што се бара од нив или како по обичај ќе се крие како пичка под кошуља? Па срамота е да му се невиди! Навивачите на Вардар чекаат одговори да добијат од нив, а тие ни под дрво, ни под камен ги нема. Ако остане Вардар без лиценца, ќе биде крах невиден за клубот и рачунајте „спасителиве“ ќе пребегаат по брза постапка од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom