Фан Клуб: Валенсија

И мене тоа ме интересира..И навистина Валнесија заслужи да победи.
 
da ne znae nekoj zosto Banega bese isklucen

Според Шпанските медиуми, поради наводен шамар над некој од играчите на Вердер...

Во врска со натпреварот, го реши судијата со неговата непромислена одлука за непостоечки пенал и исклучувањето на Банега. Валенсија ризикуваше и мораше да нападне за да се врати во игра па оттаму дојдоа и неколкуте контри на Вердер кој освен тоа не покажа ништо и последните 30 минути со играч повеќе само се бранеше.

Ќе биде тешко на реваншот, но со ваква игра и желба за победа, се може да се случи.
 
Жал ми беше коа заврши натпреварот.....Валенсија навистина заслужи да победи!:smir:
 
Ќе биде тешко у Германија.:toe:
Но сепак ја имате пак мојата поддршка.
 
Ај со среќа,ќе биде тешко без Виља и Мата,да се надеваме бар на нерешено :)

Жигич нека иде нека се убие! :jaj:

Тоа е фудбалот,во првиот дел можеби и подобра беше Валенсија,во вториот нападна Барса,дојде во водство,Жигич промаши 101% шанса,па после и црвениот на Мадуро и се знаеше дека ќе ги измочат.. :toe:
 
Колку значи да имаш еден Виља во состав. Една стопроцентна шанса им се укажа, и не ја искористија. Да беше Виља на тоа место, гарант погодуваше. Не ни очекував нешто повеќе од Валенсија со овој крпен состав, но сепак прикажаа добро прво полувреме, а после црвениот картон се загубија.
 
Ќе бите тешка битката за ЛШ,Севиља е на 3 поени зад Валенсија,Мајорка 4,Депортиво 5,Билбао 6...
 
Честитки за момците и за тренерот за солидната игра во поголемиот дел од натпреварот,можеби исходот ќе беше поинаков ако погодеше Жигич при 1-0 и ако имавме на располагање поголем број од играчите али тоа е фудбалот:toe: честитки за Барселона покажаа одлична игра во второто полувреме и заслужено дојдоа до 3 бода:smir:
 
Без Давид Виља и Хуан Мата во нападот, и по повредите на Албелда и Бруно, како и исклучувањето на Мадуро што е шести црвен картон во последните пет натпревари на Валенсија, ова е најмногу што можеше да се очекува.
Валенсија остана без одбранбени играчи со еден штопер и десен бек и мораше да импровизира во одбраната со играчи од средниот ред.
Победата на Барселона ќе беше заслужена ако силите на теренот беа рамноправни. :wink:
 
Него ќе се враќа ли Виља за со Вердер?
 
Него ќе се враќа ли Виља за со Вердер?

Виља можеше и денес да настапи и покрај повредата со Вердер, но Емери не сакаше да ризикува и го чува за во четврток. Исто е и со Мата. Виља тренираше нормално вчера со останатите играчи иако дојде на тренинг ваков:

n_valencia_david_villa-1195013.jpg


Сепак се работи само за исчашување на клучната коска на рамото и не е ништо озбилно па би требало да стигне за Вердер.
 
:vozbud:

Баленсија ѕверови !!!!
 
Auuu 1-3 u gosti so Verder, bravo. Villa dva gola, i dobro e fativ u kladilnica, ama pa sea krivo ke mi bide ako dade uste eden u vtoro... 25 kvota imase za het-trik.
Imaat sansi do kraj da odat vo ovaa liga.
 
Извонредно, извонредно!
Уживање да се гледаат. Уште во дефанзива да се земе некој сигурен играч и може да се цели на поголеми дострели, секако ако се задржат офанзивците.
 
:vozbud::vozbud::vozbud: Силва :zver: ги отвори ко конзерва со 3 асистенции :vozbud:
Виља проработи најмногу кога требаше :back: се на се одлично 1во полувреме да се надеваме на уште голови у секако хет трик на Виља:ojea::pehar:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom