Шаиноски е играч и тренер на ФК Преспа
Фудбал
Џевдет Шаиноски (35), некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, уште е активен, во петтата лига на Данска, каде што игра за клубот на македонските иселеници, ФК Преспа (формиран во 1974 година).
- Во ФК Преспа од Копенхаген сум и играч и тренер. Во минатата сезона се искачивме една лига погоре, а од април почнува нова сезона, по која се надевам на пласман во градската лига на Копенхаген. Фудбалери на ФК Преспа се македонски иселеници или нивни деца родени во Данска - вели популарниот Џеко.
Шаиноски кариерата ја почна во Охрид, потоа играше и за Тиквеш, а во Македонија се истакна настапувајќи за Вардар. Познат е по головите од далечина, а убаво го памети и хрватскиот голман Дражен Ладиќ, на кого во Загреб му ја затресе мрежата со удар од 35 метри, во мечот Хрватска - Македонија 3-2, од квалификациите за ЕП 2000. Во странство тој настапуваше за екипите на НЕЦ Најмехен (Холандија), Хановер (Германија) и неколку екипи во Данска. За македонската репрезентација одигра 27 меча и постигна два гола (против Хрватска и против Египет).
Eве најдов еден мал текст за еден од играчите кој биле некогаш во Тиквеш или да не речам играч кој го водеше Тиквеш во висините на Македонскиот фудбал некогаш на времето или во Кавадарци како што милуваа да го викаат бомбардерот по силниот негов удар од далечина.