Нека изиграат како што играле таму, само што денес да играат малу поофанзивно и се надевам дека ќе идемо даље!
Тетекс ќе брка гол, без да прими
Во првиот дуел во Вентспилс немаше победник (0:0), па и со минимална победа, но и да се сочува мрежата, "текстилците" ќе изборат место во 3. коло
Да се заврши успешно започнатата епизода во Летонија и да се избори место во следната елиминациска фаза. Вака звучи единствената желба на раководните лица и фудбалери на Тетекс, пред реваншот од 2. квалификациско коло во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа денеска на Националната арена "Филип Втори" (16.30 ч.).
Првиот дуел со Вентспилс заврши со најнепопуларниот резултат 0:0, а идентично е размислувањето на тренерот Тони Јакимовски и на капитените Дарко Савевски и Срџан Захариевски, дека двете екипи имаат еднакви шанси за успех во Скопје.
- Успешно да ја завршиме започнатата епизода во Летонија. Сите сме сконцентрирани и сите сакаме да се пласираме во 3. коло. Имаме и квалитет и капацитет за успех. Да ја повториме играта од пред седум дена, но да ја подобриме реализацијата. Нема опуштање. Станува збор за квалитетен противник, во чии редови настапуваат многу летонски репрезентативци и интернационалци од Русија, изјави тренерот на Тетекс, Тони Јакимовски.
Минимална победа со еден постигнат, а без примен погодок посака капитенот на нашиот претставник во Европа, Дарко Савевски.
- Покажавме дека знаеме да играме убав фудбал. Имаше многу скептици кои очекуваа убедлив пораз. Покажавме дека македонските клубови знаат да играат фудбал и дека не заостануваат многу. Очекувам добар резултат и на реваншот. Ќе бидам задоволен и со минимална победа. Да дадеме еден, а да не примиме ниту еден гол, изјави Савевски.
Извадок од „Вечер“ .
--- надополнето ---
Тетекс може да понуди фудбалско лето за паметење
Тетекс со каква било победа денеска над летонски Вентспилс ќе си го продолжи летото во квалификациите за Европската лига.
Освојувачот на македонскиот фудбалски куп, Тетекс се наоѓа пред огромна шанса на своето деби да ја мине првата европска пречка, па денеска (16.30 часот, национална арена „Филип Втори“) со каква било победа над летонски Вентспилс ќе си го продолжи летото во квалификациите за Европската лига за да покаже дека сепак во Македонија постои квалитет во фудбалот.
Тетекс заедно со Работнички се пред огромна шанса да и понудат на македонската јавност, европско лето за паметење, и со таа цел, трпеливо и со респект тетовци го очекуваат реваншот, откако од Балтикот донесоа одлични 0-0 од својот прв меч на меѓународна сцена.
- Имаме капацитет и квалитет за трето коло. Ако ја повториме играта од првиот меч, пред сé пристапот на храбра игра, мислам дека ќе успееме. Треба само да ја поправиме реализацијата. Во Летонија промашивме три зицери. Можеби ова е и добро што резултатот е 0-0, затоа што нé држи будни, дека сепак Вентспилс е квалитетен противник и заслужува респект - рече Тони Јакимовски, кормиларот на Тетекс.
Тетекс со победа ќе си го обезбеди третото коло и дуел со подобриот од мечот Елфсборг - Искра Стал, а швеѓаните со 2-1 од првиот меч патуваат во Молдавија на реваншот.
- Стрпливата игра во Летонија даде резултат. Вентспилс е млад, но агресивен противник. Играат на прва топка. Ние ги сопревме со тоа што им го одземавме поседот на топка и им ја умртвивме агресивноста, со тоа што имавме контрола. Опасни се по прекини, па ние повторно ќе мора да ја контролираме играта и не смееме да бидеме наивни, затоа што ќе нé казнат. Сето ова е голема шанса за промоција на тимот, на државата и наша желба е да продолжиме понатаму во Европската лига - додава Јакимовски.
Нема фудбалер што не верува дека може да се мине оваа пречка, иако сите нагласуваат дека шансите се 50-50.
- Мислам дека на првиот меч покажавме дека без оглед на скептицизмот, во Македонија сепак се игра добар фудбал - рече Дарко Савески, а неговиот соиграч Срѓан Захариевски додаде оти во неговата богата кариера никаде не сретнал вака добра атмосфера во тимот.
- Имаме потенцијал, имаме перспектива и ваква атмосфера не сум видел. На помладите им кажувам дека ова се нивни мечеви и дека ова е голема шанса за нивните кариери. Имаме 0-0, почнува второто полувреме, а шансите се 50-50 - додаде Захариевски.
Тетекс речиси сигурно ќе го почне мечот со истиот тим со кој и го обезбеди дебитантското реми во Летонија.
- Фудбалот е игра на грешки. Наше е да ја задржиме концентрацијата 90 минути. Грешките се плод на неспремноста, психичка и физичка, а овој тим покажа дека е најдобар и дека рамноправно може да се носи со противникот, па само трпеливо треба да се чека реализацијата - рече Јакимовски.
За дуелот испечатени се 5.000 билети, кои се продаваат во Тетово и во Скопје по цена од 100 денари.
Извадок од „Нова Македонија“