Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
Абе за Горан ајде, стар е ама за Среќко...јес и тој да е у године ама стварно бе зошто? Да донеса некој квалитетни бекоој ајде, ќе видимо што ќе биде. Иначе браво за бркањево на кркалињата и на Јовков, ал им текна. Ај да очекуемо сега и некој да дојде, а не само бркање.
 
брат може малку повеќе инфо за Постолов каков играч е ова она...

Борче Постолов поранешен Младински Репрезентативец. Игра на местото напагач, искусен е ,има многу натпревари во неговите нозе. Во најдобрите години беше на проба во Гент, Белгија.
Е сега за неговата игра. Значи играч кој на прв поглед на теренот ке си помислиш дека е единствениот кој се труди, дека најмногу се залага во тимот, но кога ке го загледаш што прави на теренот ке увидиш дека сето тоа е погрешна слика. Се лути кога топката му бега (по негова вина) а такви ситуации ги има многу, не е многу брз (според мене воопшто не е брз) многу бргу се мори воопшто нема кондиција, солиден со топка, шут кога е во поле на шеснаесетникот ако нема никој до него, од 5, 2 ке погоди, надвор од шеснаесетник може да се крстите барем да го погоди голот (ако докара до таму).
За тренирање, овде во Штип кога и да беше никогаш не тренираше како шо треба, несериозност и летање премногу во облаци замислувајки се дека е најголема ѕвезда. За искуството да речам дека го нема ке грешам. Го има во неговите нозе и тоа како многу, па затоа е тоа прикривање на теренот , многу добро знае да изглуми прекршок, но сето тоа залудно барем според мене.
Во секој случај многу голема грешка на вашиот стручен штаб, затоа што тој не е играч за во Прва Лига!:toe::smir::helou:
 
Делумно се согласувам со мислењето на Пица,но радосна вест за вас навивачите на Тетекс е тоа што Борче Постолов игра за пари,и ако прима добри финансии тогаш може да ја поправи формата,но тоа е тешко за верување со оглед на тоа дека има вишок на килограми,пуши,и е недисциплиниран,бар така беше во Брегалница !!
 
Овде како што гледате летаат од клуб и многу поважни лица од него, некои што играле со срце за клубот. Ич не се секирам за тоа, ако продолжи така ќе лета уште првиов месец од клуб, на него е сега што ќе прави.
 
Љупчо Кметовски најверојатно е нов член на Тетекс така да зедовте двајца искусни голмани Колев и Кметовски така да ништо од Богатинов.:salut:
 
Љупчо Кметовски најверојатно е нов член на Тетекс така да зедовте двајца искусни голмани Колев и Кметовски така да ништо од Богатинов.:salut:

Од кај ти е информацијава?
 
Од кај ти е информацијава?

Имаше денеска во Спорт за оваа информација дека Кметоски е нов член на Ф.К.Тетекс... Боље Кметоски него ли Колев:)
 
Љупчо Кметовски најверојатно е нов член на Тетекс така да зедовте двајца искусни голмани Колев и Кметовски така да ништо од Богатинов.:salut:

Ништо од Кметовски, тој сепак останува во Вардар!!!

Денеска пишува во Мак. Спорт!

Во секој случај не се секирајте се додека го имате во вашите редови Љупче Колев!:vozbud::smir:
 
Ништо од Кметовски, тој сепак останува во Вардар!!!

Денеска пишува во Мак. Спорт!

Во секој случај не се секирајте се додека го имате во вашите редови Љупче Колев!:vozbud::smir:

Па и ја таке прочитав!Ама ипак добар е Колев,когај го гледав овде у Тетово супер бранеше!!
Ама најсмешно ми беше когај пишале дека голманов од Ѓорче Маџаровски бил најзаслужен што смо влегле у прва лига!!!Тој беше едно време у Тетекс голман и добро си бранеше дечкото ама тоа беше 2006/2007 ако не грешам!!А после него бранеше Марко Јовановски и на крај сега Мартин Богатинов!!!!АЛЛОООО Македонски Спорт!!!!
 
НОВИОТ ПРВОЛИГАШ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Тетекс стартува амбициозно

Екипата на Тетекс е уште една од редот на прволигаши кои ги започнаа подготовките за наредната сезона. “Штофарите“ ја имаа својата прозивка во вторникот, за да од среда веќе се наоѓаат во тренажен процес. Тренерот Тони Јакимовски на првиот собир со екипата го претстави својот план за работа во подготвителниот период како и амбициите на клубот во следната сезона.
“Од вчера и официјално ги започнавме подготовките за следната сезона. До крајот на неделата ќе тренираме во Тетово, за од 3 Јули да се преселиме во Охрид каде се планирани базичните подготовки. Таму планираме да останеме десетина дена, а во опција се околу три пријателски натпревари со екипи кои ќе престојуваат во нашиот најголем туристички центар. Нашите амбиции во наредната сезона секако дека се да се претставиме во добро светло и да не играме споредна улога. Напротив, би сакале најмалку да се пласираме на средината на табелата, а зошто не и некое место погоре. Клубот долги години работеше на враќањето во првата лига и секако дека тој статус нема да биде тукутака прокоцкан“ - категоричен е тренерот Јакимовски.
Што се однесува до потенцијалните засилувања клубот активно работи на трансфер-пазарот и за неколку дена ќе излезе со имиња на поедини фудбалери.

Извор: Спорт
 
Со оваја екипа ако продолжа у прва лига црно ни се пише... најмалце уште 3-4 засилувања ни се потребни и носење на асален тренер зошо со овие двајца тетекс тоне...:(
 
Абе ќе се донеса играчи, сега почна трансфер периодов. Има време, ќе донесе Брацо сигурно нови играчи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom