Веке неколку денови од како се појави онаа вест дека нашиот клуб ке згасне молчевме и не сакавме да дадеме некоја изјава што би била понатаму погрешна и затоа чекавме да видиме како ке се одвиваат некои работи во врска со клубот.
Навивачката група ВОЈВОДИ им соопштува на сите Тетовчани и сите љубители на спортот и фудбалот во Македонија дека нашата гордост македонска најверојатно како што стојат работите од наредна сезона ке игра во Скопје, а со тоа преселување за жал најверојатно ке дојде и до преименување на клубот и до целосно згаснување.
Можеби покрај некои среќни или несреќни незнаеме веке и како да ги наречеме дали би биле среќни или несреќни околности нашиот клуб можеби нема да биде преименуван и нема да згасне, но со самото преселување наместо во Тетово да игра во Скопје за нас како навивачка група веке не постои и нема да одиме да навиваме се додека клубот не се врати во Тетово и не започне да игра во градот каде што припаѓа, а тоа е на градскиот стадиот во Тетово, стадионот каде што сите ние израснавме, на стадионот каде што се сменија генерации и генерации, на стадионот каде што се испишуваше нашата историја, на стадинот каде што сите ние поминавме прекрасни и лоши моменти, на стадионот каде што секогаш без страв се бранеше честа и гордоста на Македонија.
На сите нас ние тешко ова да го прифатиме и да го соопштиме, но кога сме немоќни и немаме сила да го вратиме за жал ни останува само да се потсетуваме на убавите моменти па некогаш и на лошите моменти и на сите оние денови кои ги поминавме заедно со нашиот Тетекс.
Ние како навивачка група нема да дозволиме со ова и ние да згаснеме, ние ке бидеме тука во поддршка на нашата Македонска репрезентација, ке бидеме тука во поддршка на секој македонски клуб кога ке игра против нашите душмани и ке бидеме секогаш тука, било кога, било каде, во поддршка на нашите браќа КОМИТИ.
Ќе останеме истата таа движечка македонска сила во Тетово каде што секогаш ке биде тука за да го брани сето она што е македонско во овој град, како што го правевме тоа наназад во сите овие изминатите 25 години.
Иако живееме во градот каде што сме оставени сами на себе, ние не губиме верба, не губиме надеж, не се предаваме и не го напуштаме нашиот град, ке продолжиме да се бориме и се надеваме дека во овој град повторно ке дојдат некои убави моменти, дека повторно ке се врати нашиот клуб во право светло, дека нашиот клуб повторно ке заигра во Тетово и дека повторно низ Тетовските улици ке се веат македонски знамиња и ке се пеат македонски песни.
СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !!!--- надополнето: 25 јули 2013 во 23:14 ---
превземено од официјалниот ФБ профил на Војводи Тетово