Среќен јубилеј Војводи
ИНЦИДЕНТ ДВА ДЕНА ПО КАМПАЊАТА СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВО СПОРТОТ
ТЕПАЧКА НА НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ТЕТЕКС И КОЖУФ ВО ТЕТОВО
Полицијата соопшти дека вчера попладне во Тетово на градскиот стадион за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК„Тетекс“ од Тетово и ФК „Кожув“ од Гевгелија, околу триста лица од навивачката група на ФК„Тетекс“ – „Војводи“ го нарушиле јавниот ред и ир со недолично скандирање, а воедно почнале да фрлаат со поситни камења, запалки и пластични шишиња на тревата на стадионот.
Во тој момент случајни минувачи изиритирани од однесувањето на навивачите почнале да фрлаат со камења кон навивачката група, по што навивачите го напуштиле стадионот и излегле надвор со намера физички да се пресметаат, при што е интервенирано од страна на полициските службеници со цел да се воспостави нарушениот јавен ред и мир.
Но и покрај тоа од страна на неколку лица од навивачката група, со фрлање камења извршено е оштетување на излогно стакло на угостителскиот објект лоциран во посттрибинскиот простор од северната надворешна страна на градскиот стадион, сопственост на Р.А. од Тетово, како и на неговото возило „Голф“.
Кога Р.А. им се обратил на навивачите да не фрлаат со камења, бил физички нападнат од непознато лице и удрен со камен во слабината, а физички бил нападнат и неговиот син Б.А. При каменувањето оштетени се уште шест други возила. По интервенција на полициските службеници, навивачката група се вратила внатре во стадионот, а при воспоставувањето на јавниот ред и мир, од страна на непознато лице со тврд предмет во пределот на главата бил повреден еден полицискиот службеник.
По завршувањето на натпреварот навивачката група го напуштила стадионот и се упатила по ул.„Благоја Тоска“ , каде оштетиле едно службено полициско возило и три други возила. Полициските службеници во врска со тоа го приведоа А.Т. (23) од Тетово. Навивачката група потоа се разотишла и не се регистрирани други нарушувања на јавниот ред и мир.
Увид на местото на анстанот изврши екипа од СВР-Тетово. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
А овие Кожув Албанци се?