Новаковиќ на тест во Струмица
Предраг Новаковиќ (206см-1983год.), српски интернационалец е првиот кандидат кој би можел да ја пополни резервната центарска позиција во екипата на Струмица.
Новаковиќ, кој минатата сезона бил дел од кипарскиот прволигаш АЕК од Ларнака, во наредните неколку дена ќе се обиде да му се наметне на стручниот штаб на "зелено-белите", кои во меѓувреме останаа без Томче Соколов, кој доби сериозна повреда на лакотот поради која ќе паузира доста време.
Овој крилен центар, инаку без некое особено кошаркарско педигре, не & е непознат на македонската кошаркарска јавност.
Пред две сезони беше дел од екипата на КК "Тоа сум јас" за која одигра неколку натпревари, но не го доработи до крај договорот со "Шоумените".
Првата можност да се "докаже" Новаковиќ ќе ја им веќе в петок, за кога Струмица го закажа првиот контролен натпревар, и тоа во Скопје, против екипата на Вардар Осигурување.
Веќе следниот ден, в сабота, можно е струмичани да ги одмерат силите и со Свисслион Пелистер, кој се наоѓа на мини-подготовки во грчката Паралиа.
Таа средба би се играла во струмички "Парк", по што ќе биде појасно дали струмичани ќе го ангажираат Новаковиќ.
Во случај да дојде до договор, Новаковиќ би ја пополнил квотата на странци во Струмица и ќе му се приклучи на трилингот Пуповиќ-Бошњак-Латовиќ.
Македонски Спорт