Ееееј Младен Гуровски ли потпиша за Струмица? ај ќе ве молам подетални информации... точно ли е тоа. Некако Чудно ми е, а го сметам за добар играч.
Не е потпишан уште, пошто преодниот рок почнува после нова година, ама веројатноста да дојде е 99% По весници може да прочитате дека има понуди од странство, ама реалноста е дека тоа го кажува за да си ја крене цената. Ѓуроски беше добар за лигава наша пред 2-3 сезони, беше големо засилување за Мзт Скопје тогаш, но ова што е сега Младен е бледа сенка од тоа што беше тогаш. Раштрафен е, склон на повреди, се плаши да влезе во дуел, игра само за себе, нема храброст, не игра одбрана...можам до утре да ги пишувам неговите слабости...впрочем, да беше добар играч немаше на секои 5 месеци да менува клуб, ќе го задржеше некој, а не да доаѓа во Мзт колку да не му пропадне полусезоната. На почетокот, многу екипи беа заинтересирани за него и за тоа си имаше одредено прилично висока цена, но сега после оваа полусезона, не верувам дека ниту една од тие екипи би го сакала во своите редови. А зашто Струмица го зема,
значи мое видување на нештата поради тоа што е домашен играч, а моментално во лигава има огромен дефицит на колку-толку квалитетни домашни играчи што можат да покријат позиција 3 и 4 и најмногу од се, поради огромниот притисок што го вршат татко му и чичко му по клубовиве (значи 100% сум сигурен дека тоа е и главната причина што му е наметнат на Струмица) Искрено, според мене, може да се земе многу поквалитетен странец за истите пари што ги земаше во Мзт, а сега верувам дека и цената му е падната па е виден како исплатлива инвестиција во Струмица.
Струмикс, за Хаџивасилев, поднесено е барање до КФМ да се укине суспензијата, сигурно тоа не би го правеле ако не сакаат да го вратат во тимот пак. Имаше опција да дојде во Мзт, најверојатно како трампа со Младен Ѓуроски, ама поради незнам кои причини, ништо не испадна од трампата и договорот на Младен е раскинат на обострано задоволство, на клубот и на навивачите (не верувам на Младен сакаше да си оди, пошто ја знам причината поради која потпиша за Мзт)
За Мајмунчо, точно е дека е голем пријател со Заев, моја претпоставка беше дека и уште пред почетокот ќе го ангажираат него, а не Арсиќ, ама тогаш Струмица имаше многу посолидна финансиска конструкција и можеше да си дозволи 1500-2000 Евра за тренер. Реално, Мајмунчо е на ниво на Тодоров, Лазовски и Петровиќ, ниво 10 класи пониско од Арсиќ. Јас можам да ставам глава на кладба дека Струмица има финансиски потешкотии и дека доколку би ги немала, сигурно би го ангажирала гркот од лани. Знам многу муабети за времето после настапот во Интертото Купот и понудите на свои играчи на останатите клубови со цел да се олесни буџетот пошто математиката после тој горенаведен настап на управата на Струмица им излегла многу во минус. Можеби Заев покрил сега дел од трошоците со додатни приходи во клубот, тоа не го знам, ама едно знам, дека Струмица ќе има буџет помал од ланскиот во следнава полусезона.
До Викторсинезнамкој, а да го лапнеш и ти без да го пипнеш мојов Нострадамус? Мислиш јас сакам да се распаднете? Најмалку што сакам е да падне лигата пак и да гледам мизерија како претходните 4-5 години? Догодина има огромни најави за инвестиции во Мзт Скопје, а тие не би се оствариле во слаба лига, но знам само едно, секој нормален спонзор би се откажал кога петто пласираниот тим во лигата ке оди во некој Евро Куп а шампионот во Интертото Куп.