Четириесет и едногодишниот Грк Власис Влаикидис е нов шеф на стручниот шптаб на екипата на Струмица 2005.
Вака одлучи раководството на Струмица 2005 откако ден порано одлучи да му врачи отказ на досегашниот прв тренер Стратос Кукулекидис, а неговиот асистент Драго Јанков поднесе оставка.
Влаикидис доаѓа во Струмица во еден доста тежок момент, односно по загубата на финалето од Купот на Македонија и првиот натпревар од полуфиналето од плеј-офот.
Влаикидис, кој интересно, се школувал во Нови Сад, каде бил под надзор на Душан Ивковиќ, ќе има многу малку време да се запознае со "условите за работа" во Струмица бидејќи уште вечерва "зелено-белите" ќе се обидат да го покачат скорот на 2-0 во плеј-оф серијата против Свисслион Пелистер.
Инаку, освен тригодишната работа во Војводина од Нови Сад, Влаикидис работел како асистент тренер во солунски ПАОК, кој со помош на Драган Шакота, во 1991 година го освоиле Купот на победниците на куповите.
Во летото истата година Влаикидис се сели во грчкиот гигант Панатинаикос, каде работи како еден од помошните тренери на Жељко Павличевиќ. Кај "зелените детелинки" останува до 1996 година.
Во наредните пет години е тренер на повеќе второлигашки екипи во Грција од каде и доаѓа во Струмица.
"Реков дека Струмица 2005 нема да се откаже од битката. Продолжуваме уште посилни по оние случувања во Битола. Го решивме тренерското прашање, но тука нема да биде крај на изненадувањата кои ги подготвуваме во овој плеј-оф"- вели Панајотис Карапиперис. " Драго ми е што некој имаше слух за кошарката и одлучи ова полуфинале да се игра со присуство на публиката. Сега сум уште поубеден дека ќе стигнеме до уште едно финале. Ја користам приликава да ги повикам нашите навивачи да дојдат во што е можно поголем број, и воедно да покажеме како се игра но и како се навива во Струмица".
Извор
Не ми стои тој помошник да е а?