Кавадарчанец
Бадр Хари фан
- Член од
- 18 декември 2007
- Мислења
- 4.156
- Поени од реакции
- 29
Струмичани јавно плачат, а тајно кројат ша мпионски тим
Иако деновиве раководството на Струмица се отепа од плачење дека немаат пари и дека се откажуваат од настапот во Балканската интернационална кошаркарска лига (БИБЛ), „Нова Македонија“ дознава дека струмичани во голема тајност преговараат со еден куп квалитетни играчи најавувајќи им се сезона со шампионски амбиции. Неофицијално, челниците на вицешампионот од вчера влегоа во сериозни преговори со Димитар Мираковски, Златко Гоцевски и Слободан Хаџивасилев, а истовремено најавија дека планираат по секоја цена да ги задржат Диме Тасовски, Дарко Соколов, Ефтим Богоев, Виктор Крстевски и Тони Грнчаров. Челниците на Струмица спасот го гледаат во најавеното спонзорство со една силна фирма од соседна Грција, која би му била партнер на сегашниот спонзор „Агроефодија“, зад која стои претседателот на клубот, Панајотис Карапиперис. Исто така, првите луѓе на зелено-белите имаат ветување дека во почетокот на следниот месец ќе ги договорат условите за спонзорирање со една грчка банка, која работи на просторите на Македонија. Ако се остварат овие најави, тогаш во спонзорскиот тим, со свој релативно пристоен влог, ќе останат и потпретседателот на клубот и градоначалник Зоран Заев, како и приватниот стопанственик Димитар Љочев. Во прилог на овие неофицијални најави доаѓа вчерашната информација од централата на БИБЛ-лигата во Софија, во која се вели дека „Балканците“ & даваат рок на Струмица до 15 јули да ги реши финансиските проблеми без никакви реперкусии во врска со нивното учество во ова регионално натпреварување. - Струмица има проблеми со двајца големи спонзори, но претседателот на клубот, Панајотис Карапиперис, му вети дека ќе ја има целосната финансиска слика најдоцна до 10 јули, со напомена дека очекува позитивна разврска. Поради големиот респект што го имам кон него и поради тоа што сметам дека Струмица е вистинскиот тим за БИБЛ, на Македонците им реков дека сум спремен да ги чекам до 15 јули. Тоа значи дека секоја шпекулација дека струмичани нема да играат во нашето натпреварување во моментов е невистинита - вели Шај Шрикс, спортскиот директор на БИБЛ. Струмица лани првпат стана шампион на Македонија, откако во плејоф-финалето со 4-1 го совлада Фершпед Работнички. Годинава струмичани играат во завршните пресметки и во плејофот и во Купот на Македонија, но останаа без титула губејќи од носителот на двојната круна, Фени индустри. Ќе остане запишано и дека Струмица по неколкугодишна пауза беше првата македонска екипа што излегла во Европа и тоа во ФИБА-Еврокупот. Зелено-белите во 1. елиминациско коло ја елиминираа хрватска Цедевита, за во следната рунда по голема борба да бидат елиминирани од руска Локомотив Ростов. Игор Крстевски
Превземено од Нова Македонија коментар на ова ќе има ли.

Превземено од Нова Македонија коментар на ова ќе има ли.