Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам зошто али овој Мерт Цетин мислам дека ќе биде топ играч.

Џеко сите го прават Бетмен со маската, али кога го постигна голо му падна заштитата подолу, па повеќе изгледаше на непријателот на Бетмен, Бејн!! :D

Еве го, исти Бејн:D
Screenshot_20191028-075413_Instagram.jpgScreenshot_20191028-075407_Instagram.jpg
Автоматски споено мислење:

А тука Бетмен:D
Screenshot_20191028-075436_Instagram.jpg
 
Многу романисти се палат што Заниоло за прв пат го бакна амблемот на Рома по постигнувањето на голот, али и други фудбалери направиа така па си фатиа патот, задоа да бидеме внимателни, иако ова е добар знак. Мотивирани играчи како Џеко и Заниоло ни требаат во тимот.

И мислам дека покрај такви грамади како овие двајца Фонсека треба да смени тактика и да игра со високи топки, Џеко или ќе ја прибере смири и веднаш тргнува напред и гледа кој е слободен или доколку не го може тоа, ако не друго ја подава со глава до наш играч, а Заниоло пак добро се гради, го дислоцира противничкиот играч и прави јуриш кон напред, каде веќе си има фор дадено.

Од сега само високи топки :D
Автоматски споено мислење:

Screenshot_20191028-112354_Instagram.jpg
 
Последно уредено:
Додека е во Рома нека дава сѐ од себе. Искрено не очекувам дека ќе остане цел живот во Рома. Едноставно ако клубот има намера ќе го продаде без разлика дали сака тој да си оди или не (пример со Наинголан).
Џеко е алфа и омега моментално во Рома. Ѕвер играч! Вчера со Верет беа најдобри. Газеа.
Сега мора да се победи со Удинезе и полека да почнат да се враќаат повредените.
Не знам колку е паметно да се вложува екипата во ЛЕ. Само да се повредуваат играчи и ништо повеќе.
Автоматски споено мислење:

Ханибал Џексон
images
 
Лига Европа после оној инцидент нека ја отпишат, нека испаднат намерно пд групите, нека играат со цел примавера тим
 
Ај и јас да напишам збор два за Рома да не биде само ги ругам..

Многу важна победа беше ова. Победа после неколку нервозни натпревари како оние со Борусија М. и Каљари..
Победа за мир во куќа.. Но да се задржи чекорот со водечките во среда на Фриули мора да го добијат Удинезе, кој е раздрман од Аталанта со 7-1..
Пофални зборови имам од дербито но најмногу за Џеко, Заниоло и човекот кој го исцедија до максимум Верету..
По одличните игри на Манчини управата на Рома нема намера ни Родвел ни Бучел да ги зема како слободни играчи.. Значи ќе покира батето дур не се врата везњаците,го положи испитот..
Мерт Четин е дечкото кој за 10 мин изигра маестрално и тоа принудно на десен бек.. Па такви стартови ни Карсдорп, ни Флоренци ни па новиот Кафу ака Бруно Перес не направил..
Кога сме кај Бруно можно е во Јануари повторно да дојде во Рома бидејќи Запакоста ќе го враќаат во Челзи идиотите..
Значи Четин наскоро ќе го гледаме почесто во игра а тоа значи дека Хесус е на излезни врати уште во јануари.. Заинтересирани за него се Торино, Сампдорија и Зенит..
 
Доколку продолжи со добрите игри Смолинг, Манчестер ќе сакале да си го вратат. Петраки дреба добро да изигра и да проба да ги убеди да го купи уште во Јануари. Човекот незнам како играл во Манчестер, али тука сега за сега е повеќе од солиден. Со глава дуел никој не му зема, дали во одбрана или на корнер, добро чита игра, брз и агилен за филозофијата на Фонсека.

Крува Суд, незнам што одлично Манчини одигра како средњак, кога со Милан цело време треперевме да не добие црвен, после глупиот жолт картон на средината на теренот.

Јас како што разбрав после Родвел и Бучел, Анита ќе дошол на проба( едно време играше у Њукасл).

Пелегрини имал напредок и се очекува да се врати по репрезентативната пауза некаде во Ноември за дуелот со Бреша. Интер пројавиле интерес за него во Јануари, вајда ради клаузата што сеуште ја има од 25-30мил за која и тој сам си кажа исто како да не постои, бидејќи секако сака да продолжи во Рома.


Запакоста јеби га, скина лигаменти, а убаво ќе ни се најдеше, беше повеќе од солиден и подобро играше на таа страна отколку Спинацола сега што игра( очиглено Спинацола повеќе левата страна му одговара иако е деснак).
 
Шака лака може тоа да со жолтиот ама дечкото шпарта трча покира за негова не природна позиција..
За Смолинг прочитав и лошо ако не го задржиме.. Башка он даде изјава дека сакал во Рома да остане и да си игра стандардно.
 
Никад волку лошо судење во толку краток временски период не сум осетил на кожа. Јесте Фазио глуп што успори, не велам не, али се суди ли тоа фаул бе, Окака не ни беше дошол до топката. Со мирни глави можеме оваа да ја добиеме, дури и гол да им шибнеме. Нека ги вади Сантон и Пасторе нека улават Ундер/Пероти и Флоренци.
 
Срамота е ова што се случува со судииве... Не знам зошто толку против нас... Во меѓувреме црвениот на Џенова против Јувентус беше живи смешки... Значи не дека сме им конкуренција за титула, далеку се пред нас, но зошто секогаш судиски одлуки против нас???
 
Незнам што е фрката со црвени картони, оној пат на Клајверт без везе втор жолт на противничката половина, сега на Фазио, си погреши тој здраво, АЛИ топката не ни дојде до Окака и немаше ни да дојде дури и да немаше контакт меѓу нив двајцата!!!

Од каде пола екипа ни е повредена, не убаваат со црвени и лоши судиски одлуки. Еве до сега се снаваѓавме со Џанлука Манчини во средина, сега со црвениот на Фазио, што ќе се прави? Баш против Наполи ќе го гледам Хуан Хесус :facepalm:

Гледам на резултати 8 играчи повредени и тоа битни, додека Запакоста го ставиле под упитком а тој сиромашкиот лигаменти скина xD


За момците вечерва свака им част, изгазија за сите пари, Удинезе е слаб, али ова што го изигравме после добиениот црвен е за пофалба.

И Фонсека треба да добие пофалби, замислете у второ полувреме од 9 играчи на терен без голманот, имавме 6 дефанзивци у состав, дебитант од турска лига централен век му игра средина, Сантон крило понекогаш:icon_mrgr:

И една интересна информација, првите 5 кола имаме примено 9 гола, сега последните 5 кола имаме примено само два, ова е горе долу од како Смолинг почна да игра, нека му е честит првенецот, па здравје нека дадат 15-20мил за него ако вака продолжи.
 
Смолинг засега и те како го замени Манолас. Се надевам ќе го откупат.
Сега без Фазио назад ќе се врати Манчини а на средина можеби Пероти ќе го гледаме заедно со Верет и Пасторе. Напред Џеко, лево Клајверт и десно Заниоло :)
 
Ако се оправи Ундер, може тој да игра крило со Клајверт, Пероти полушпиц, а Заниоло да го вратат со Верету назад.

Верету добро е ако не прегрее, се чудам од кај ги вади оние шпринтови во второ полувреме
 
Изгледа турчинот Мерт Цетин ќе се пушта у огин против Наполи како централен бек, а Џанлука Манчини ќе игра средина со Верету како што беше до сега. Значи Фонсека ептен го отпиша Хуан Хесус или турчинот е ептен добар. Другите горе доле ќе бидат истата постава како со Удинесе, само Сантон нема да игра, туку Спинацола. Со добрите игри на Пасторе нападот изгледа страшен, мора да го пофалиме Пасторе, човекот ќе игра 4та утакмица во 8 дена како стартер. На терен се прави, шутира, дрибла, асистира и одговорно тврдам дека стариот Пасторе би можел да биде во топ 3 најдобри технички потковани играчи во лигата
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom