Добро, времето ќе покаже, на пример јас Смолинг го знам како играч што е во Манчестер 7-8 години, каде се мењаа тренери се купуваа скапи дефанзивци а кога и да пуштев да ги гледам него најчесто го гледав прва постава како игра и не сум слушал за него толку големо хејтање колку за Ловрен, освен еве последната година, али ипак сметам дека Џонс и Рохо не се подобри од него и дека како што кажа Солскер, разговарале со Смолинг и овој не му гарантирал прва постава, па затоа ова негово заминување, од што мора да намалат бројот на дефанзивци.
И не го правам јас Смолинг многу јак, али за нијанса подобар од Ловрен, Ругани и Мустафи.
Автоматски споено мислење:
Незнам дали може да биде полош од Шик?? Ќе видиме во каква кондиција е, незнам дали ги помина подготвителните со Атлетико, ако ги поминал тогаш не му се грижам, мислам дека кај нас ќе врати дел од формата што ја имаше, што ми преостанува друго освен да се надевам
Охооо ќе го погледаш 4-5 кола како игра во Рома одма ќе те фати главоболка. Таков антиталент немало долго време. Рачунај типот се скара со репрезентација пред нивниот најголем историски успех. Ама добро бар што е земен за ротација само бар нема често да го гледаш.
Па, со ваков Џеко, Калинич слабо ќе мириса терен, но сепак за ротација ќе е потребен, бидејќи се игра на 3 фронта.
Инаку ми се допаѓа што полека се отарасија од неколку дрва, иако некои од новиве имаат предиспозиции за дрва .
Ако не се лажам останаа уште Гоналон и Сантон да ги мавнат и да се земе лево крило ако се успее нешто. Пероти се повреди, а Клајверт е закочен. За Тајсон од Шахтјор се шпекулираше, ама будаливе барале 30 милиони.
Родриго де Паул последно име кое се спомнува. Е ова е баш засилување за левата крилна позиција каде Клајверт го нема никаде а Шероти е повреден, па Флоренци ќе го гледаме.
Се шпекулира дека Рома се спремни да го земат на позајмица со облигативен откуп наредното лето за 25-28мил. Одлична зделка е ова
Ново име кое се спомнува за лево крило, некој си мароканец Идриси од Аз Алкмар, врска неам кој е, отварам клип некој да гледам, он да ти бил мароканскиот Меси
Еве можен состав за Дербито, очекувано Флоренци лево крило, место Клајверт, а десен бек Запакоста и Џанлука Манчини место Хуан Хесус.
Ме плаши средниот ред со Пелегрини и Кристанте, никој од нив нема некои посебни дефанзивни карактеристики.
Како и да е, постабилни ќе бидеме без Клајверт и Хесус во тимот.
Калинич вечер на медицински или утре. Право на откуп ќе имаме за 9мил и плата ќе зема 2.5мил што е ок.
Гнасен натпревар ќе е. Фонсека игра отворен фудбал и може да биде како вчера Јуве-Наполи и да паднат 15 голови. За давање ќе дадеме некое голче, ама колку ќе примиме не се знае.
Мене искрено не ми менува нешто Мансини или ЈЈ, бидејќи и првиот не ме има воодушевено.
Гледам Лацио го водат како фаворит кладилниците.
Реално офанзивно сме многу добри и можеме да ги стопеме, но одбраната колку ќе издржи незнам.
Се надевам овој Манчини ќе си го покаже потенцијалот, па колку толку ќе не стабилизира и здравје натака со Смолинг ќе формираат добро партнерство, онака црно ни се пишува оваа сезона..
Ова вака многу опасно делува. Или ќе ги наполниме или ќе не наполнат.
Ризично е што одбраната ни е половина новајлии. Ќе биде весело.
Се надевам дека на контри ќе сме добри со оглед на играта што ја форсира Фонсека!
Автоматски споено мислење:
Лошо прво, како да пиеле ракија до 2 сабајле делуваат.
Без разлика што води Рома, имавме среќа.
Мора второво да стегнат и да дадат еден гол и после нека пимплаат
Флоренци е италијанска верзија на лулич.
Клајверт слаб!
3-2 у стативи не водат, Заниоло две и Кореа две, таа третата на Лацио не се сеќавам, Леива уствари беше...
Климаво во одбрана, приметив дека не играме 4231 туку класична 442 или ајде 4411 оти Заниоло као втор шпиц делува, али кога вршиме пресинг дури и пред Џеко е, значи му е дадена слобода као втор шпиц и дечкото имаше две стативи, али за тоа крилата се повеќе повлечени. Клајверт невидлив, Флоренци на моменти глуп, на моменти екстра потези прави, Џеко и Коларов алфа и омега се...
Ајде второ малку поцврсто, нека влезе Верету ако е спремен, позната му е лигата, можа да замени некој од Криатанте и Пелегрини.
Во напад нема многу опции, единствено Клајверт да испадне Пасторе да влезе или Запакоста а Флоренци да оди на крило додека не направил некој кикс и не му испадне душата.
Имавме среќа натпреваров.
Слаба игра покажаа. Пупоне вика 4-4-1-1, а мене ми изгледаа второто како 6-4 формација.
Пелегрини најдобар според мене денес и се разбира Пау!
Многу себични децата и Заниоло и Клајверт на почетокот при контрите. Можеа да играат лево-десно, а тие шутираат.
Која им беше измената на Фонсека Сантон-Занило!?
Будала човек!
Има многу работа со овој тим. Од авион се гледа дека ни недостасува еден играч како Де Роси.
Калинич вчера пристигна во Рим, а денес можно е и Мхитаријан. Среќа па никој од овие, ни па Смолинг се со задолжителен откуп, сите се донесени да се истера сезоната.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.