Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Се најавува тандем Бака-Џеко наредната сезона.


Не дај Боже. :)
Бака мислам е чист просек. Се виде дека Италија не му лежи.
Нека не зафркава Мончи и нека бара некои екстра крила. Нека пробаат пак со Марез.
Средина ни требаат играчи. Креативец задолжително.
 
Бака мислам е чист просек. Се виде дека Милан не му лежи
Fixed :). Бака е добар играч, посебно за тим што негува напаѓачки фудбал. Во мртвиот Милан им беше најдобар поединец, и миланезиве сеуште си касаат од газот што го дадоа Бака за да го земат Калиниќ. Иако ќе има во Септември 32 години, сепак ќе послужи за 2-3 сезони, башка еФтино ќе го земете.

Во Недела очекувам мирољубиви 3:3 со црвен и непостоечки пенал за нас :X3:
 
Fixed :). Бака е добар играч, посебно за тим што негува напаѓачки фудбал. Во мртвиот Милан им беше најдобар поединец, и миланезиве сеуште си касаат од газот што го дадоа Бака за да го земат Калиниќ. Иако ќе има во Септември 32 години, сепак ќе послужи за 2-3 сезони, башка еФтино ќе го земете.

Во Недела очекувам мирољубиви 3:3 со црвен и непостоечки пенал за нас :X3:

Не знам друже, можеби е така, ама мене воопшто не ми остави впечаток од престојот во Италија. Се очекуваше од него да направи разлика во Милан. Јас не забележав да се истакна над другите, туку едноставно се беше вклопил во сивилото.

Во недела ќе ве добиеме, за раат да си можете на домашен терен да си го прославите скудетото.
 
Синот на Патрик Клајверт кој игра во Ајакс бил на мета на Рома, а нашиот клуб бил во предност за потпис на играчот кој лајкнувал слики на официјалниот профил на Рома на инстаграм. Гледав видеа од детето кое сега напунило 19 години и игра страшно.
 
Сега ќе има милион шпекулации. Минатото лето не можеа медиумиве да му влезат на Мончи во трагата. Ќе видиме летово колку ќе успеат да го пробијат.
Инаку детево е одлично. Се надевам дека ќе успеат да го донесат.
 
Се сеќавате на Рики Масара, помошникот на Сабатини, дури беше еден месец и прв спортски директор на Рома, а потоа со Сабатини работеа во Сунинг, односно Интер и тој јапонскиот тим. Сега кога Валтер Сабатини си замина од Интер, Мончи го повикал Масара да му биде прв асистент што е супер, вајда овие денови ќе потпише договор.
Ако не друго ќе му ја олесни работата на Мончи по Италија, со позајмените играчи првично во Сериа А, па и Сериа Б, како и околу позјмиците на младинците.
 
Мислам дека пишувавме за него порано дека баш беше задолжен за позјмиците и младинските категории. Добар потег како и да е.
 
Дечки да не ви фали Спалети ?[DOUBLEPOST=1526161574][/DOUBLEPOST]
:pos:
Фрапантен заклучок после еден пораз, прв годинава, на 2 недели до Нова година. (y)
На страна 979 може да се потсетите на дебатата од почетокот на сезоната, добра беше :):)
 
Последно уредено:
Шо убаво вака, играш Дерби без притисок на домашен терен :pipi:

Со поразот на Интер официјално сме во ЛШ, нека ни е честито.:rolleyes:

А ЕДФ нека не се фали со 1/2 финале во ЛШ туку нека ги стегне момциве летово, па наредната година да ги гледам рамо до рамо со Јуве во борба за ЛШ. И Мончи се надевам паметно ќе купува и продава ова лето:)[DOUBLEPOST=1526203510][/DOUBLEPOST]Во борба за ЛШ:pos: Сакав да пишам Скудето:D
 
Последно уредено:
Искрено многу стравував дали ќе се пласираме во ЛШ.
Летото имавме многу измени па плус и нов тренер...
Продажбите на Рудигер, Паредес, Салах. Пензионирањето на Тоти, страшната повреда на Емерсон, повредата на Карсдорп па дури и жешкото столче на кое седна ЕДФ. Лошо почнавме во Серија А оној пораз од Интер ми беше алармантен и ако беше 2-3то коло.. Криза не фати и во декември ама добро издржавме...
Во борбата за пласман во топ 4 мислам сила и самодоверба ни дадоја токму резултатите од ЛШ..Големи екипи паднаја пред Рома...
Сезонава е успешна момци и ако немаме освоено трофеј оваа сезона.
Зборам успешна затоа што во една мини транзиција ние ништо не загубивме а добивме огромни финансиски средства со кои не би морале да продаваме така брзо некоја ѕвезда до 30 јуни..
Добивме и два бисера кои напумпаа големи цени Алисон и Ундер..
Листав на претходните страници и зимата го критикував Ундер дека не е за Рома но дечкото ме демантираше и секоја чест за него, миленик ми стана :)
За Алисон уште лани кажав и пишував многу дека треба да ни биде 1 голман го забележав тоа во ЛЕ како бранеше и воопшто не жалев за Шчесни и ако некои од овде баш сакаја да остане Пољакот..
И Скорупски е одличен голман и заслужува да си бара нова средина кај ќе биде 1 голман..
Летово да се ослободиме од: Гоналон, Хесус, Бруно Перес, Дефрел и како што е најавено еден од Шарави и Пероти ќе биде добро..
Доколку испаднат Каљари мораат да пробаат за Барела ни треба такво освежување во средниот ред..
Ајде вечер без притисок да му вратиме на Јуве за поразот во првиот дел од сезоната..
 
За ЛШ се знаеше дека Рома ќе игра, има далеку подобар тим од Интер и Лацио, но проблемот е што Рома мора да доведе добри играчи и на клупа, за ако сака да има поголеми амбици од топ 4.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom