Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Ех рома рома...
Сепак, на крај со кренати глави и со доза на жалење зашто им падна вербата во чудото.
Цел навијачки свет од Италија и фанови на италијанско се "надеваше" на реприза од двомечот со Барса, но оние што највеќе требаше да веруваат - играчите на Рома, ко да флопнаа. А и среќата не беше на нивна страна, да бидеме реални. 50 пропуштени шанси имаа, плус стативата на Шарави.

На крај краева, после такви глупи голови у првиот дуел, после таков страотен кикс за првиот гол денеска, и не заслужуваат да идат у финале, секако нема теорија реал да ги победат, да не се лажеме (колку и да може све да се деси у една утакмица).

Тоа е, со таа одбрана толку се можностите. Да досудеа пенал и црвен за Арнолд може и ќе беа другачие поставени нештата.

Пред сезонава никој не очекуваше нити од најголемите романисти дека ќе дојдете до полуфинале, а не па релативно достоен резултат во истото. Добра сезона на рома.
Било је добро док је трајало. :)
 
Тоа е фудбалот друже. :(
Уште првиот натпревар го изгубивме пласманот со лошата поставеност на ЕДФ. Денес браво за тактиката и ако не беше онаа грешка на Раџа можеше сешто да се случи. После примениот прв гол како да им падна моралот.
Од друга страна катастрофални грешки на судијата денес, од коишто повеќето на наша штета и коишто можеа да го променат цел тек на мечот.
Како и да е главата горе. Со ограничен состав и финансии успеавме да стигнеме до полуфинале ЛШ при тоа да завршиме први во група со Челзи и Атлетико и да ја елиминираме Барселона, а во полуфиналето ни недостасуваше повеќе храброст и концентрација.
Се надевам дека ќе направат летотво летотво поквалитетна и поконкретна екипа па да можеме и до година во најмала рака да го повториме успехов и да себориме за титула во Серија А.
Forza Roma!!!
 
Тоа е другари, можеме само да жалиме што не влеговме барем похрабро во двомечот. Ама и неискуството, што на Рома како клуб што на тренерот, што на некои играчи кои прва сезона играат во голем клуб си го направи своето.
Башка си го обеливме образот, порано во ЛШ поминуваме многу полошо дури и срамно. Али оваа година гледавме некоја нова Рома во ЛШ, уште во групната фаза се виде дека оваа Рома не ги спушта гаќите кога игра против великани, како што правеше во минатото, напротив играчите излегуваа на терен да се надигруваат и да тепаат, а не да играат за да примат помалку голови. Прво место во групата во друштво на Челзи и Атлетико, каде вторите не обезбедија пласман, здраво млатење на Челзи со 6 дадени гола во две утакмици, Шахтјор рутинирано поминат, кој до пред 5-6 години не елиминираше во 1/8 финале со 6 дадени гола, а потоа следеше сензација против Барса, тука беа надминати сите можни очекувања.

Ни требаше еден ваков подвиг за подигање на менталитетот. За овој подвиг најзаслужен е Еузебио Ди Франческо. Далеку е тој од совршен тренер барем сега за сега, видовме во кризниот период пред и после нова година колку лошо ни одеше во првенството, се изгуби тука човекот, многу влијаеше и потенцијалниот трансфер на Џеко во Челзи, можеби тука потклекна како тренер, затоа и сме на табелата таму кај што сме(многу бодови минус од првите две екипи). Ама човекот е огромен мотиватор, им всадува во главите на фудбалерите дека може да се постигне секоја зацртана цел и дека ништо не е неостварливо, има победнички менталитет, а со секоја помината утакмица ќе си дојде и потребното искуство кое му фали во бодење на голем тим. Е сега ако недај боже ја заебе работата овие три кола и не се пласира во ЛШ или наредната година не сее поправи во првенството целиот овој успех и сето ова фалење ќе паднат во вода.
Така да останува да видиме, прво нека ги одведе во ЛШ, па после ќе стапат на сцена Палота и Мончи. Првиот да ни даде отчет колку клубот е во добивка, мора или не мора да продава до први јули или ако мора колку? А другиот ќе има поправен тест, лани ни донесе еден куп повредени играчи и флопови. До нова година освен Коларов ништо не видовме од другите нови играчи.Гоналон и Дефрел се утки на векот, ај Гоналон можат да му се извадат парите за кои е купен, 4-5 мил ќе го продадат како од шала, ама Дефрел бе бате, шо правеме со 20мил фрлени за играч кој нема ништо фудбалско во него, а како капак на се 3-4 пати се повреди по месец време???
Што трансфер ќе беше Хектор Морено?? За да уште на зимо го продаде?? Зошто купи десен бек од 20мил кој требаше да има операција летото и да се врати за 3-4 недели а го немаше до ноември за да дебитира и пак се повреди?? Зошто панично беше купен играч од 42мил кој само што излечи срцева маана и немаше никакви подготовки ни припреми цело лето, па потоа од недоволно спремност повреди мускул??

Освен Ундер, до јануари се влечевме на она што Сабатини ни го остави. Затоа, од Мончи очекувам поправен, можеби треба да му се каже фала што погоди со тренерот(ако погодил, ќе видиме во иднина),али малку е тоа, имаше 120мил евра за засилувања, можеше многу подобро да ги потрошеше.


Сега во недела со Каљари сакам да видам пристап како против Киево, максимално залагање и што побрзо затварање на утакмицата, нема сега што да се калкулира, ни остана да обезбедиме пласман во ЛШ.
 
Горд сум на Рома, мушка игра а богами има за што да жалиме ..
Ни ја зедоја шансата за поинаков тек на настаните кој нам би ни одговарал ..
Али ајде нека ни биде све лекција и се надевам ќе растеме уште како екипа ..
Останаа уште 3 натпревари од Серија А да го обезбедиме 3тото место и да заокружиме за мене една позитивна сезона ..
 
За прв пат после 6 години Јувентус не е тимот кој највеќе заработил од ЛШ. Рома со учеството во 1/2 финале заработи рекордни 99.2мил евра и како што стоеја работите имаше најголема заработка и од останатите три полуфиналисти.
Зимово од Морено и Емерсон заработија над 30мил евра, а ништо не купија, Катарците дадоа 40мил за 3 години е сега незнам дали од еднаш ги дадоа парите како што се збореше, се шпекулира дека ќе добиеме спонзор и на грбот на дресовите за некои си 4-5мил годишно, вајда ќе се пласираат во ЛШ и наредната година. И после се, стварно ме интересира дали до 1ви Јули ќе мораат да продаваат.
И ако мораат дали ќе успее Мончи да собере пари од ѓубрето кое го направи, зборам за Дефрел и Гоналон, а тука е и Бруно Перес, Хуан Хесус и еден од Пероти или Шарави. Епа од овие играчи ако не собере 30-40мил нека се гони у пм.
 
Леееј заборавив на Бруно Перез, ни го земавте пред нос пред 2-3 години :icon_mrgr:. Се прослави против Јувентус и му рипна цената, до толку ли испадна флоп човекот? Итурбе 2 дел?
 
Леееј заборавив на Бруно Перез, ни го земавте пред нос пред 2-3 години :icon_mrgr:. Се прослави против Јувентус и му рипна цената, до толку ли испадна флоп човекот? Итурбе 2 дел?
Итурбе испадна синоним за пропаѓање. За Бруно Перез беа големи очекувањата, тој не само што се прослави со голот против Јуве туку беше играч со највеќе пробиви во Европа таа година. И сега проблемот е што не ги исполни големите очекувања, неговата работа ја врши и Флоренци, па така да не е потребен. Али има и оваа година над 20 утакмици и тоа играше клучни некои кај што беше далеку од лош. Сликата каде поставува нога да спаси гол против Шахтој уште е синоним за пролаз кај играчите во ЛШ:D

3c7d5d52463fced4fb1d19b5085db945.jpeg


Али дефанзива е слаб, мислам не толку слаб колку што не ја мари ситуацијата во која се наоѓа и прави грешки. Платен е 13мил на две години и 5мил бонуси кои појма немам дали се остварени, Бенфика зимово го сакаше за 10-12мил, а од оваа полусезона како играше може и 15 да се извади за него.

Затоа е и купен Карсдорп, ама и тој и ние немавме среќа, таман се опорави на дебито скина лигаменти.
 
Дефинитивно ќе продаваат играчи до 30ти Јуни. Сега дали некоја ѕвезда или ќе успеат да се ослободат од непотребните, ќе видеме.
http://app.football-italia.net/?ref...t#article/footballitalia-120895&menu=news-all
Не бе по преварантска екипа и управа нема.... Скоро 150 мил. заработени и пак ќе продаваат...
Никој брате не ти ги зема Гоналон, Дефрел, Хесус, Жерсон сега до 30 јуни...
Шанса им е сега некој од Алисон, Стротман, Џеко да продадат и да заработаат...
 
А можно е Манолас или Наинголан, се си бива
 
Белки Арсенал ќе ќари нешто од ситуацијава.Алисон,Манолас,Наинголан,се се тоа фудбалери кои според позиции им се потребни на Арсенал.
 
Мислам дека Стротман ќе биде играчот кој ќе не напушти до 30 јуни, ако дојде до таква продажба. Мислам дека ако сакаат можат да извадат пари од Гоналон, ЕлШа, Дефрел, Бруно Перез и Жерсон. Тешко ќе е но не невозможно. Многу е битно да се испазари добро и правилно да се вложат тие 150 000 000.
Мора да се направи екипа за скудето.
 
Манолас се повреди на загревање и нема да игра вечерва. Лошо пред дуелот со Каљари кои важат за незгоден противник против нас. Во минатото лошо поминувавме таму.
Се надевам дека ЕДФ ќе смисли нешто.
 
Манолас се повреди на загревање и нема да игра вечерва. Лошо пред дуелот со Каљари кои важат за незгоден противник против нас. Во минатото лошо поминувавме таму.
Се надевам дека ЕДФ ќе смисли нешто.

Ете младинецот Капрадоси ни игра:D

Многу од играчите се изморени, едвај се движат, во второ мора, Шик, Шарави и Пелегрини да влезат и тоа што порано.
 
Каљари - Рома 0-1 уште 1 победа и на есен повторно во ЛШ! Оваа кај Каљари многу ме плашеше али бидна и тоа добро е ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom