Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Benevento Balkan Fans
1 час ·
Nije Salah bio dzabe prosecan igrac u Romi. Videti li vi kakvu razliku pravi prosek Serie A. Jos jedan dokaz kolko je Premier liga iza Serie A.
Cestitke De Rossiju koji je konacno ukapirao koji gol napada.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Радувајте се романисти, нека ни е честито победата

Идемо јако:cool::D
[DOUBLEPOST=1523427919][/DOUBLEPOST]Овој Еузебио Ди Франческо е многу чуден човек. Цела сезона игра со 4ка позади, беше критикуван што не мења формација, му вршеа притисок да проба со 3ка или 5ка во дефанзива, а тој ниту еднаш не проба за да вчера направи сефте на формацијата во натпревар од 1/4 финале на ЛШ против Барселона:toe:

Ме натера да сменам мислење за него веќе по четврти пат сезонава, незнам дали оние грешки што ги правеше со состав и формација се дел од неговото неискуство како тренер на голем клуб или едноставно тоа му е недостаток:toe:

Што и да е, времето ќе покаже дали се работи за тренер кој заслужува да ја води Рома. А вчера постави формација и тактика со кои играчите ја изедоа Барселона, исто беше добра поставеноста и на Камп Ноу, али вчера беше и многу ефективна, дали ќе продолжи вака во првенството ќе видиме.

Уште еднаш да им честитам на играчите, тренерот и цела управа. Направија подвиг за паметење, конечно во позитивен смисол. Нас романистите не ставија во делириум и неверување, а верувам изнудија посебни емоции и кај неутралните навивачи. Покажаа што значи фудбалот и зошто е најпопуларен спорт во светот и зошто е најважна споредна работа. Исто покажаа дека Рома не е вештачки клуб, дека во Рим се игра со срце и не се парите првична и главна причина за да останеш и играш за Рома, знаејќи дека имаш подобри понуди. Во Рим играчи како Наинголан, Џеко остануваат за вакви моменти, во Рома и новајлија фудбалер за брзо време сваќа што значи да игра во Рим за Рома и да има позади себе фанови кои се луди по клубот, кои за вакви моменти ќе го направат бог и ќе го зборат цел живот.
За Де Роси и Флоренци немам коментар, тие пак ова го доживуваат како и обичните фанови, за нив и Тоти ова е најспецијално, затоа овој клуб е посебен.
Ради сето ова, многу ми е мило што ја гледам мојта Рома во 1/2 финале па и Ливерпул, а не тимови како Сити и ПСЖ.

Палота све да ти ебам, ќе рипаш сега у фонтана со дигитронот у рака да си прерачунаш профитот. Али ако продадеш некој јак играч се надевам ултрасите ќе те натераат да рипаш од терасата на Ватикан кај шо стои Папата
 
Последно уредено:
Сезонава гледаме две Роми! Една во ЛШ и друга во Серија А. Затоа и такви мислења се појавуваат кон ЕДФ.
Патем, човекот за вчерашното издание ги заслужи сите почести. На почетокот на сезоната силно верував во него дека ќе може да направи подвиг, а пред некое време веќе ја изгубив довербата (точно после поразот со Милан), за сношти пак да ми се врати.
Не знам што да кажам. Можеби е ограничен со играчки кадар. Нема соодветни замени, нема конкретни фудбалери за конкретни позиции, но како и да е не може а да не му се восхитува на сѐ она што го вади од играчите. Најважно е што во ЛШ им наметнува на играчите победнички менталитет. Да влегуваат во натпреварите со респект кон противникот, но без страв.
Можеби имаме некои замерки во првенството, каде со послаби противници успеавме да изгубиме многу бодови, но што е тука е. Имаме уште 7 кола до крај во Серија А. Ако успее да се пласира во ЛШ наредна сезона мислам дека сезоната ќе биде успешна, со оглед на сите околности.
Последните натпревари во Серија А не ги гледав и затоа не дадов никаков коментар, но мислам дека и таму ќе почнеме да играме на високо ниво и со висок пресинг цел натпревар. Мора за да завршиве во првите 4 екипи.
Сепак со влегувањето во полуфинале Палота ќе добие дополнителни финансии, а исто така квалитетните играчи ќе ја бираат почесто Рома како нивна следна играчка дестинација.
Се надевам нема да ги продаде клучните играчи летово. Алисон мора да остане по секоја цена. Барал плата од 5 милиони. Па што? Вреди човекот да ги зема тие пари. Еден куп директни бодови ни донесе.
Што се однесува до вчера. Чиститки за сите играчи. Сите се за десетка. Заслужено во полуфинале. Би сакал да издвојам дека Шик конечно не беше дух на еден натпревар. Имаше и шанси, коишто за жал не ги реализира, ама и голем импакт во играта и офанзивно и дефанзивно. Браво. Би сакал да постигне неколку погодоци за да му се врати самодовербата.
Мора Мончи да работи на засилувања уште од сега. Да успее бар дел да договори пред светското, за евентуално да не им рипнат цените на некои, а потоа може ќе излези и некој талент од мондијалот. Како и да е ќе видиме.[DOUBLEPOST=1523435918][/DOUBLEPOST]Грк и Турчин :)
30623738_2096022657080348_7465210625089026008_n.jpg
 
Последно уредено:
Честитки Романисти... Уживајте!!!
После преспиена ноќ со смирени емоции еве ме и мене :D
Искрено верував дека Рома може нешто да направи,а другарите велеа ајде кажи уште некој виц :)
Кажав и пред 6 дена дека поразот на кампот не е реален .. Се виде дека Рома добро ја анализирала Барселона . Знаеја во двата натпревари што сакаат фудбалерите и ЕДФ..
Синоќа Барса беше невидлива и само самите можевме да се елиминираме .. Меси беше невидлив,Суарез исто а средниот ред им беше отсечен од нашата згусната средина...
Нема кого да одвојам од нашите, сите изгинаја за дресот...
Највише мерак ми се направи за Манолас и Де Роси кои постигнаа голови и така оправдаа за оние несреќни 2 авто гола на кампот..
ЕДФ свака ти част за големиве натпревари.. Се гледа дека човекот посебно работи за ЛШ а како помалку или потценувачки во Серија А .. Сега е најважно да се остане смирени на земја да заредат победи во Серија А почнувајќи уште во недела со Лацио зошто пеколно тешко ќе биде да се обезбеди пласман догодина во ЛШ..
Џабе би било полу финале во ЛШ доколку не завршиме во топ 4 ..
Иначе интересно Рома во ЛШ нема примено гол дома (y)

Останува сега да чекаме петок и ждребката :)
 
Искрено многу моменти доживеавме со Рома, но ова вчера е најскапоцен и најдрагоцен бар за мене.
Губевме многу пати тешко и незаслужено, 7-1 од Манчестер во сезона во која Рома играше најдобар и најдопадлив фубал во ЛШ, да не зборам за поразот од Баерн дома кога изгубивме 1-7 а еден од моите родители во тој миг се бореше за својот живот, кој само пекол го преживеав, за сега да го преживеам ова.
Да не редам загубени титули во последни натпревари, пацерските голови на Пацини кои никогаш нема да ги заборавам, потсмевите и реметите кои сме ги трпиле како навивачи на Рома поради пацерскиот менталитет, да играме со срце и душа и на крај да јадеме дебакли, кои достоинствено ги трпевме за разлика од навивачи од условно кажано "големите клубови" кои после првата лоша сезона или утакмица се откажуваат од својот клуб.
Секогаш бевме пацерите и пропаднатите , но вчера овие зборови кои почнуваат со буквата п се сменија во победници и посебните, затоа што направивме посебно чудо.
Пред натпреварот сите верувавме дека можеме, а после победата сите не верувавме како успеавме да го направиме тоа, е тоа е магичното чувство, тоа е филингот кој малкумина може да го доживат.
Искрено од секогаш завидував на тие мали тимови , кои постигнуваа големи успеси во Европа, им завидував и се прашував кога ние ќе достигнеме тоа ниво, и ете вчера конечно стигнавме таму, па повеќе нема што да завидувам, сега тоа го доживувам и тоа на најспектакуларен можен начин.
Во светот во кој владеат милионите, ние го достигнавме ова со емоции, не дека ние не фрламе пари, но спрема другите гиганти кои играат во овој спорт, нашево е мачкина кашлица, посебно што ги продававме неколку години по ред најдобрите играчи на сезоната.
Рома е комерцијализиран клуб во сите сегменти околу стадионот и работење на клубот, но Олимпико како стадион остана надвор од таа комерцијализација, остана душата на овој клуб.
Додека сите клубови кои играа во нокаут фазата се искомерцијализирани до крајни граници, само во Рома може да се види тој дух на правиот фудбал, каде што играчите и навивачите дишат како едно, каде што живеат едни за други, каде што играчите ги знаат и пеат сите песни во секоја победа и пораз на клубот, каде што емоциите не се кријат, туку просто експлодираат.
Тоа што ние го доживеавме вчера, таа екстаза, навивачи на други клубови не ја доживуваат и кога освојуваат ЛШ, кога освојуваат било кој трофеј.
Имаме тим на играчи кои не се манекени, позери, кои не гонат лични статистики и признанија, туку гладијатори кои го сакаат клубот во кој играат, кој се гордеат со своите навивачи, кои дел од нив многу пати одбија големи понуди со астрономски суми (према тие кои ги зимаат во Рома) за да останат во клубот. Вчера тоа им се исплати.
Како и да е дечки, тоа сме ние , одбрани личности да ги доживуваме овој ролекостер од емоции, од најголемо разочарување и понижување до најголема радост и задоволство, сето тоа благодарејќи на Рома.
Сега ова лето да се задржи оваа фамилија на играчи кои се злато вредни, играчи кои дишат за клубот за кој играт, да донесеме неколку засилувања , па да ги нападнеме сите трофеи догодина, со ваква гладијаторска игра, срце и храброст на терен.
А пред да почне сезоната реков сакам 1/2 финале, сега сакам тоа проклето финале да го играме па таму што биде нека биде, простен им е и купот за кој толку јадев еклери дека отпаднаа и лигата без разлика кое место завршат, само да го играме тоа финале на ЛШ веќе еднаш.
Можеме да бидеме само горди што сме на некој начин дел од ваков клуб кој пркоси со својот дух, клуб кој е поинаков од сите европски великани.
Вчера просто беше посебен ден, цел ден слушав песни посветени на Рома, надевајќи се на чудо, го видов голот на Манолас кој ми даде такво чувство на брзо лупање на срцето и тресење на сите делови од моето тело, да не можам да се контролирам што правам, да не знам што зборам на тие што ми ѕвонуваа на телефон, да ми нудат апчиња за смирување, ама какви црни апчиња бе, тоа се чекам цел живот за да го доживеам, па да ги згаснам тие емоции, шанси нема.

Со Баерн го доживеав деветиот круг на пеколот, а денес сум на седмо небо, сето тоа благодарејќи на мојата Рома, на што и сум неизмерно благодарен.
 
Секоја чест братче се гледа дека живееш за клубот.Ќе навивам да освоите за да го почуствуваш чуството на титула во ЛШ.Кога Челзи освои имав само 12 години но тие моменти ми се едни од најубавите во животот.
(y)
 
Ливерпул ќе биде нашиот противник во полуфиналето од ЛШ. Искрено кој и да се паднеше нема многу да ни менува, бидејќи сите три екипи се силни.
Интересно ќе е да се види Салах против своите, а пред сѐ тренерскиот двобој помеѓу двајцата диоптери Клоп и ЕДФ. :)
Добра работа е што реваншот е на Олимпико, меѓутоа тоа не значи ништо доколку не ја повториме играта од натпреварот против Барса.

Инаку излегоа шпекулации дека заинтересирани сме за налето како засилување да го доведеме Бонавентура. :) Веќе се разговарало со агентот негов.
 
Ливерпул - Рома полуфинале на ЛШ!
Пеколно тешко ќе и биде на Рома не само поради фактот што Ливерпул е некаков си фаворит со оној напад, туку мене ме плашат натпреварите од Лацио па натака кои ги играме на секои 3-4 дена ..
Во лоша ситуација сме луѓе .. Колку е сега прекрасно чувството толку може и горчливо да биде .. Се бориме за ЛШ со Интер и Лацио кој веќе ќе играат од викенд на викенд . Поодморни ќе бидат далеку од нас . ЕДФ мора паметно да ротира па и формации да менува зошто и ваму во ЛШ имаме шанса која одамна сме ја немале .. Штета што немаме некој бод плус над Интер и Лацио она си Фиорентина боли у пм .. Во недела Лацио би требало да ги добиеме пред се затоа што имаме 2 дена повеќе одмор и башка они се враќаат од Австрија поразени и елиминирани а ние полни со самодоверба .. Но тие факти не играат голема улога .. Дерби де ла Капитале е нешто поразлично,не се прашува формата, позицијата и слично ... Ако ги победиме би биле еден чекор пред нив и се би било во наши раце понатака ..
Се плашим само ЛШ да не ни зема данок во Серија А...
За во недела може со истата формација како со Барса а во среда против Џенова со 4-3-3 каде би одмориле некои играчи и да се нападнат со крила...
 
Ајдее после 100 години Дерби во вечерен термин, башка клубовите имаат исти поени, се наоѓаат на 3то и 4то место, како бонус на се Интер вчера изигра нерешено, па и притисокот е помал на двете страни, па Дербито ги има сите предуслови за вистински покољ:D
 
Последно уредено:
Ако тепаме ќе си создадеме и психолошка предност. Имаме малку полесен распоред од другите, но тоа не мора ништо да значи. Би било убаво ако победиме на наредните три натпревари во Серија А успееме да триумфираме. Потоа доаѓаат натпреварите од ЛШ.
Пеколно темпо, но мора да се даде сѐ од себе за да успееме да избориме ЛШ. Многу бодови имаме изгубено дома. Дури и катастрофално е. Бар 2-3 победи да имавме повеќе дома ќе беше друга песна.
Вечер би било добро да излези од прва со Ундер, а после да го замени Шик. Мислам дека Ундер ќе им создава многу повеќе проблеми на тромавата одбрана на Лацио за разлика од Шик.[DOUBLEPOST=1523820892][/DOUBLEPOST]Лошо играме. Како исплашени. Мора похрабро и посигурно второто.
Ме плаши жолтиот на жесус. Мора нешто да смени ЕДФ.
И како бе не даде гол Бруно Перес?
 
Последно уредено:
Најслабо дерби што го имам гледано, имавме некој стативи, ништо посебно.
Тоа што радува е играта на одбраната, вака да продолжат до крајот на сезоната и може да очекуваме големи работи.
 
Јас не сум задоволен воопшто. Панично делувавме до црвениот на Раду. Се гледа дека фудбалерите се индиспонирани и изморени. Никаква игра, високо нафрлени топки од пола терен во поголемиот дел од натпреварот.
Немавме ни среќа на крајот со стативите, ама тоа е фудбалот.
Со победа ќе бевме еден чекор пред конкурентите за ЛШ, а вака ништо. Секој нареден натпревар мора да се прифаќа како финале и така да се влегува.
Мора да се обезбеди ЛШ наредна сезона!
 
Излезе информација дека некои Арапи биле заинтересирани за да ја купат Рома. Наводно на Палота му понудиле 1,5 милијарда евра. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom