Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Заслужена победа денес на дербито. Како само тактички е спремен ЕДФ секоја му чест.
Значи ги затвори Имобиле и Алберто, а МС немаше ни потреба, бидејќи се гледаше дека се влечи по терен.
Штета за примениот гол. Тука ќе кажам дека и голманот требаше да реагира подобро и тој да излези на топка, а не да го остава Манолас така несигурно да реагира. Уште една забелешка е тоа што Џеко многу повлечено играше. Нон-стоп надвор од 16 метри беше.
Поништениот гол на Лацио оправдано поништен.
Следна со Атлетико. Се надевам на позитивен резултат, иако ако доживееме пораз нема да е страшно со тоа што играме дома против Карабах, а Атлетико оди кај Челзи. :)
 
Ај да кажам и јас збор два за дербито што го добивме..
Оваа победа над Лацио не носи на плус 2 бода од нив и сега сме на 4-тото место кое носи во ЛШ..
Оваа победа треба да ни биде ветер во грб за следните натпревари во кои немаме некои тешки противници во Сериа А но итекако треба добро да се испота да го задржа чекорот со водечкиот Наполи..
Оваа година мора шансата да си ја бараме..Се бива ,Јувентус не е доминантен,Наполи со некоја повреда на триото одма се осеќа во нивната игра а Интер треба да видиме како би се снашле во нивната прва криза и во некое отсуство на Икарди..
Лацио е приказна за себе кои цело време се шлепаат на грбот на Имобиле,Луис Алберто и СМС..ЕДФ во дербиво ги отсече првиве двајца и се виде дека е полесно...
ЕДФ издвојува тактичка победа сите одиграа на ниво Коларов повторно клучен во нова победа ..Изнуди пенал и одма се беше полесно...
ЕДФ изјави Наинголан не е нинџа он е супер херој..Така е луѓе убеден бев дека ќе заигра на дербиво....
Пофалба за ЕДФ што на време осети дека треба да го извади Флоренци и да го стави Бруно Перес зошто Лукаку доста проблеми почна да прави ..Физички немаше како да му парира Фло..
Кажав мора шанса да си бараме за скудето..Рома многу кризе преброди и повредени и све време е другите конкуренти да паднат малце..Ние одлично се снајдовме би рекол до сеа на двата фронта...
Бод кај Атлетико во среда не носи во 1/8 финале а викендов гостуваме кај Џенова..
 
Со Џенова ќе е зафркнато. Тие се во опасна зона и кај такви е најтешко. Меѓутоа, верувам во ЕДФ дека ќе ги подготви добро за натпреварот сите!
Имаше еден на Рома Балкан напишано дека Шик се учел да оди, па потоа ќе играл. :)
 
Мончи: Нозете ми се тресеа кога му реков на Тоти да се пензионира

Рома го доведе Шпанецот Мончи од Севилја за свој директор со јасна цел, клубот да направи чекор напред во својот развој. Одличниот оперативец го прифати големиот предизвик, а според неговите зборови најтешко од се му било да му соопшти на Франческо Тоти дека клубот нема да смета на неговите играчки услуги, туку му понудил директорска функција во клубот.

Само што дојдов во Рома, а за задача имав да му кажам на Тоти дека најдобро ќе биде да се пензионира. Признавам, имав трема бидејќи е тешко тоа да му го кажеш на било кој игра, а камоли на големиот Франческо Тоти. Нозете ми се тресеа кога му го кажував ставот на клубот, но мислам дека Франческо многу ме цени поради фактот што го гледав во очи и му го кажав тоа. Тоа беше клучно за да го поставиме нашиот однос на здрави нозе“ – изјави Мончи.
 
Наредните натпревари на Рома. Нека продолжи низата.
23755534_1324386834373474_3516131422952320427_n.jpg
 
Вечер ЕДФ ќе игра со комбиниран состав, ротација на нивоу:pipi:
Се очекуваат Дефрел, Герсон, Гоналон, Пелегрини, Хесус и Перес во прва постава, па да имаме свежи играчи за во првенството. ЕДФ смета дека имаме квалитетни играчи за ротација, ама ја незнам како Дефрел би го заменил Џеко, Хесус еден од Манолас и Фазио и за крај кој може да го замени Раџа:D
Очигледно е дека со овој состав ќе одат на дај шта даш, па со победа во последната утакмица секако обезбедуваат пласман:toe:
 
Тешко ќе биде вечерва, но не невозможно. Очекувам нерешен резултат. :)
:cool:
23755262_1325217890957035_5868061220466701346_n.png
[DOUBLEPOST=1511383456][/DOUBLEPOST]Многу чудно прво полувреме. Рома и Атлетико и двете премногу претпазливи.
Претпоставувам Пелегрини на сите ни влезе во очи со индиспонираноста вечерва. И нападот во целина како да потфрли. Во неколку наврати со правилни додавања ќе имавме чисти позиции за шут во 16 метри, но што е тука е.
Во второ очекувам поинаков фудбал од двете екипи. Можеби Стротман ќе влезе на место на Пелегрини.[DOUBLEPOST=1511387655][/DOUBLEPOST]Слаб натпревар во целост, ајде да не речам домаќините малку живнаа од кај 60 минута. Рома многу индиспонирана, многу млитава и спора. Како играчите да пиеле сношти во некоја кафана, а денес излегле да играат фудбал.
Инаку Џеко како да влегува во некоја криза. Мора да го одмори малку, па макар и наредниот натпревар против Џенова да почни со дрвоно Дефрел како шпиц и во случај ако не штима тогаш да го уфрла.
И покрај поразов не е ништо изгувено. Сѐ е во игра. Рома мора да победи дома против Карабах ако сака следна фаза ЛШ. Ако евентуално Атлетико победи во Англија, а Рома против Азериве, тогаш сме и први во групата.
Ако сметаше ЕДФ да оди денес на нерешено, а требаше со сите сили да оди за да си обезбедиме сигурен пласман, тогаш мораше да почне поинаку, а не излегува ни офанзивно, ни дефанзивно.
Слаби и Гоналон и Жерсон вечерва, а за Пелегрини веќе напишав.
Гризман немал постигнато гол 700 минути и нас ни дртна евро гол. :) Но, ќе речам дека и Атлетико не изигра којзнае што, туку две контри успеа да ги искористи за разлика од нас. Сепак, не е срамота да изгубиш од Атлетико, но мора да се игра победнички и поконцентрирано. Се надевам дека ќе извлечат поука од ова вечерва.
23795568_1325347620944062_4670085847841777763_n.png
 
Последно уредено:
И ако ЕДФ освежи со некои измени нашите беа како без сила во 2 полувреме.. Овој натпревар беше тежок, трчање и покирање на сите страни плус прљавата игра на Атлетико кои прават фаули без да добијат картон :mad:
Е сега позицијата ни е таква што имаме можност и како 1ви и како 2ри и не дај боже 3ти да завршиме..
Со победа сигурно сме на пролет во дел од елитата.. До 5ти декември има време убаво да се спремиме за тој натпревар.. НИ-КА-КО не смееме да ги потцениме Карабак едноставно.. Ме плаши тоа што Рома под притисок не играла никогаш како што треба..
Со еден збор се е во наши раце самите си ја кроиме судбината..
Форца Рома па во недела да им се вратиме на победите!
 
Денес со Џенова во гости.
Тежок натпревар со оглед на тоа што на Џенова секој бод му е од огромно значење во борбата за опстанок.
Се надевам дека ЕДФ ќе изигра мудро и дека фудбалерите нема да подлегнат на притисокот на домашните.
Интересно е што Шик е во протоколот за мечот од клупа. Можно е да го видиме во завршните минути од натпреварот. :)
 
Ех бе Де Роси дете. Добиена утакмица ја заеба. Како е можно онаков потег да направи. Капитен бе еј!
Демек лападудлај ќе му избегаше па го држи и мава. Се виде колку е јак тој мочкото сам пред гол два пати голот не го погоди.
Како не влезе онаа на Стротман стативата?
Џабе изгубени 2 бода.
 
2 чекора назад на сметка од Де Роси!
Покрај што ќе биде казнет 2-3 натпревари мора и клубот да го казни за ова.. Не му е прв пат вакви глупости да прави.. Немам трпение за вакви играчи слободно на крајот од сезоната нека си оди, и капитенската лента да му се земе!
 
Второ не гледав, али сега гледам, капитенот капитенски...

Ме интересира Шик што покажа за тие неколку минути
 
Второ не гледав, али сега гледам, капитенот капитенски...

Ме интересира Шик што покажа за тие неколку минути

Мене ми се допадна како се движи и се гледа дека е цврст играч. Имаше една шанса, но за жал Перин и некој од одбрана од џенова за секунда беа побрзи.
Кратко играше за да може да се даде некаков заклучок.
Сметам дека има капацитет да биде топ играч.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom