Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Утре со Спал во 18-30..
Ќе има шарен состав тоа е сигурно..
За очекување е десно да почне Бруно Перес бидејќи заработи црвен картон и секако ќе нема право за настап во вторник..
Значи Флоренци одмара Пероти, Наинголан можеби и Џеко ма да не верувам.. Ааа да и ДДР ќе одмара :D Утре и во вторник само победи се во опција!!
 
Шик и Емерсон се враќаат во вистински момент кога е најпотребно бидејќи Џеко и Коларов реално се убија од играње. Коларов сеуште функционира одлично, дрибла, трча, нафрлува, голем удел има во градењето на нападите, а притоа стигнува и да покрие во одбрана, секоја утакмица само позитивно ме изненадува. Додека Џеко е на пола снага, по утакмицата во Лондон ова му е прв гол. Али не е тој крив, секоја ја игра 90мин, немаше замена, а и по заминувањето на Салах немаше подршка во нападот, Шарави е единствен оваа година кој многу помага. Затоа велам враќањето на Шик убаво ќе дојде за тимот и за Џеко, без разлика дали ќе игра десно или ќе го мења Един.
За Шик се гледа дека има квалитет и дека за брзо време резултатите и головите ќе дојдат. Ундер сеуште делува неискусно. Но затоа Герсон секоја утакмица се подобар и подобар, такви топки кои ги делеше денес немав видено од заминувањето на Пјанич.
 
Убава рутинска победа со навреме завршена работа ..Се согласувам со твоето мислење и задоволен сум со измените и времето на кои се направени..
Но ќе кажам Шик мораше Џеко да го замени..Па добиен натпревар црвен картон за противникот сега мораше да одмори од кај 60та минута..Џеко е исцеден претерано исцеден..
Незнам зошто и Флоренци го стави кога можеше Перес да игра а овој свеж да игра во вторник..
Инаку ЕДФ не е задоволен од реализацијата ..Он кажа дека мораше некој гол плус да имаше во мрежата на Спал при толку шутеви..Не е задоволен и од одбраната кажа дека примаме евтини голови па истакна дека ќе работеле повеќе на тоа..

Ајде Рома победа во вторник над Карабак за успешен есенски дел !!!
 
24231825_10155331375529200_5380032381366863021_n.jpg
 
Пак се шпекулира дека турците би можеле да бидат спонзори на дресовите на Рома. Сметам дека е важно да се најде спонзор, бидејќи со таа сума, којашто ќе ја одделува за клубот, може да се покрие некој играч. Едни Сасуоло мислам дека од спонзорство земаат околу 20 милиони евра.
24131449_10155335874169200_7873234527900632773_n.jpg

Инаку во Рома не се задоволни од Дефрел и тој би можел да се врати во Сасуоло. Изкрено, не знам што договор има и дали има опција за враќање. Мислам дека е позајмен. Како негова замена се шпекулира името на Лео Баптистао од Еспањол кој е лична желба на Мончи.

Голема е веројатноста во јануари да не напушти Бруно Перез. За него се заинтересирани Ватфорд, Порто и Бенфика, а неговата фредност на трансфер пазарот ја проценуваат на околу 15 милиони евра. Мончи веќе активно е ангажиран за пронаоѓање на негова замена. Се споменуваат Дармијан и Врсаљко како можни замени.

Утре не очекува последниот натпревар од групната фаза во ЛШ против Карабах. Мора да влезат концентрирано и агресивно кон голот на противникот уште од прва минута, исто како против СПАЛ. Како што потенцираше и ЕДФ мора да се користат повеќе шанците и да не се примаат лесни голови.
Со победа во овој натпревар сигурно се пласираме во 1/8 финале и тоа ќе значи дополнителен кеш и подобар коефициент. Искрено, малку кој се надеваше (освен Романистите) дека покрај Челзи и Атлетико, Рома ќе биде екипата, којашто ќе биде во позиција да оди понатаму. Јас ќе го доживеам како успех.
 
Камо све ова да се оствари Сантино песна ќе пееме... Ме јаде некој немир едвај чекам 20:45 да дојде и да се пласираме во нокаут.. Од самиот влез таму имаме 25 милиони загарантирани а башка тоа што следат тв права, спонзори, карти и слично..
На Карабак не им играат клучните двајца не им ги запамтив имињата,во текот на денот за тоа :)

Ајде Рома на тебе е редот!!
 
Сѐ зависи од нас. Се надевам дека нема да подлегнат на притисокот од важноста на натпреварот.
Исто така, во никој случај не смеат да ги потценат овие од Карабах.
 
Челзи - Атлетико М 1:1
Рома - Карабах 1:0 ( во 90 та минута од пенал) :gjavol:
Шала на страна сакам со стил да завршиме и едно 4-5 комада да им закачиме на Карабах.

Иначе во случај да испадне Наполи, а и Јувентус иако е тешко реално мислам дека ќе земеме повеќе пари од тие 20 милиони за пласман понатака...
 
Даа заборавивме на тој податок ајде бар една екипа од нив нека пакува куферите :D
 
24862366_10155339627969200_2978285000231981193_n.jpg
[DOUBLEPOST=1512506688][/DOUBLEPOST]Многу млитаво прво полувреме. Овие се бранат со 10 фудбалери и тешко се пробиваат по страните. Мора поагресивно да се оди. Да се шутира и надвор од 16. Ако не оди вака ЕДФ мора да смени нешто, т.е. да го засили нападот со Шик. Нерешено против овие ќе е рамно на пораз.
 
Последно уредено:
24900231_1870788582962312_5808431661316597828_n.jpg

Не така лесно издвојувана победа денес. Иако очекував повеќе, сепак, на крајот табелата покажува дека Рома во група со Челзи и Атлетико М. се наоѓа на првата позиција.
Џеко игра малку индиспонирано, се надевам кризата ќе мине набрзо. Мора да го одмори сега кога Шик е во комбинација. Се надевам нареден меч со Киево ќе почне од клупа.
Инаку денес имавме иницијатива, но и мал пад во играта.
Тие ако не се лажам имаа само една добра шанса, шут со глава од 6 метри. Добро е што ја одбрани Алисон.
Како и да е одиме понатаму и денес освен официјалната дозвола за градба на стадионот, којшто најверојатно ќе почне да се гради најскоро, пласирањето во 1/8 финале на прва позиција во група е уште еден убав момент.
Не сум сигурен кои ни се можни противници, но зошто да не биде Реал. :) Единствено не сакам да биде некој од Порто (или било кој од нивната група), Баерн или Шахтјор ако успее да мине. Може и Севиља или Базел. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom