Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
За жал вчера не го гледав натпреварот, ама сигурен сум дека бил интересен. Повторно примивме 2 гола. Клин шит сезонава само 2-3 пати. Мора значи мора да се работи над тоа. Ако останува мрежата чиста, тогаш имаме шанси и за далеку да истуркаме во сите натпреварувања. Разбирам дека имаме проблеми со одбраната, ама мора да се реши. Макар некое од децата да земат за да игра, мислам дека и заслужуваат.
Џеко си турка голчиња сезонава како од шала. Вчера имаше промашени зицери?
Пишете Жерсон и Итурбе како изиграа ако не ви е мака. 2-3 реченици или така нешто.
Инаку од коментарите на нет, можам да заклучам дека Паредес изиграл топ. Детето почна да се опушта во играта изгледа. Ќе биди од него играч, а мислам дека Жерсон е за класа поталентиран од него. Ако ги искали убо ќелајцава има да бидат ѕверки.
Строки ќе потпишува нов договор, а можно е и Де Роси. Со Наинголан преговорите биле при крај, а со Манолас статус кво. Зимава изгледа ќе земаат одбрамбен на позајмица.
Сега со болоња да се победи мора, а потоа малку пауза и да се вратат дел од повредените.
Утакмицата беше лудница. За разлика од предходните оваа изиграа на ниво. Головите што ги примивме не се нешто посебно, но при така отворена партија не е ни чудно. Али браво за момците!
 
Утакмицата беше лудница. За разлика од предходните оваа изиграа на ниво. Головите што ги примивме не се нешто посебно, но при така отворена партија не е ни чудно. Али браво за момците!

Жерсон и Итурбе како поиграа?
 
Втора првенствена утакмица не примаме гол, дури не ми е верно:D лајк (y)

Добро ќе дојде паузата, таман Манолас да оправи напукнатиот нос, можно е и Вермален да биде фит за 2-3 недели и оној Емерсон Палмиери ќе се оправе(не верував дека ова ќе го зборам), али Хуан Хесус е жива превара од играч, а толку се надевав во него, толку е очаен што го чекам овој копукот Емерсон да се врати, кој од кој полош:confused:

Како Марио Руи толку се повреди, не видовме што играч е, а имаше одлична сезона во Емполи.. сега читам за брзо време ќе почнал со примавера тимот да трча, така да во Јануари ќе го имаме на располагање за официјална утакмица(y)

Вчера, Пероти беше лудница, да ти е милина да го гледаш,партали правеше, дрибла и претрчува играчи како од шала, за Шарави е професор,нема дилема тука.

Втор шо сакам да го спомнам е Даниеле, кога Де Роси има утакмица како вчерашната, Рома нема никакви проблеми во средината, човекот правеше се без грешка, плус имаше одлични асистенции, со ваков Де Роси, не помислувам на Пјанич.

Трет е Џеко, можеби не постигна гол, ама отвараше простор..

:pos::pos::pos:

Шала на страна, Џексон е во топ форма, вчера само гол му фалеше, имаше одлична партија(y)


Салах, шта речи.. не изигра нешто посебно, али секогаш се наоѓаше таму кај што треба, секогаш влегуваше лесно во шанса, рутински одигра вчера, како класа играч:cuc:


Доста со пофалби, Хуан Хесус како и секогаш катастрофален, али збор два и за нашиот 20 милионски бек Бруно Перез.. некој(Спалети) треба да му објасни на овој скапо платен бек дека е рано да изиграва ѕвезда и дека тоа што одлично игра во напад и посебно само на јаките утакмици, не значи дека треба да си го лади во одбрана, се прави семоќен и во дефанзива, премногу самоуверен и прашање на ден е кога тоа ќе го кошта тимот бодови. Од кај сме шкрти во одбрана, наместо да дава се од себе и да помага, тој ич не ја сваќа сериозно работата, а има голем потенцијал, вајда Спалети го гледа тоа..
 
Заборави да го споменеш Фазио, кој игра мн. стандардно иако е висок како стап :) ... Од Жерсон ќе биде играчиште, која контрола ја има на топка значи. Игра многу искусно и смирено секогаш.
Стротман сеуште со страв игра. Човекот да се опушти има да гризи. Сега после паузава да се консолидираме малку од малку и да пробаме да собереме колку е можно повеќе бодови. После во Декември неколку дерби натпревари не чекаат.
 
Да заборавив да кажам дека Стротман вчера беше многу лош, али за него не се грижам, знам дека е роден шамион,таков му е менталитетот(y)

Фазио мислам дека веќе го пофалив и кажав дека е најпријатно изненадување оваа сезона, искрено милина ми е да го гледам како игра, а посебно како ја изнесува топката, прав виртуоз, секоја му чест:cuc:


Герсон не изигра ништо посебно, али има голем талент, оваа година можеби нема многу да покаже, али неговото време допрва доаѓа :)
 
Скорупски 2 кола по ред е избран за најдобар голман!!
Идната сезона треба да се рачуна веќе доста му е калење..
 
Скорупски 2 кола по ред е избран за најдобар голман!!
Идната сезона треба да се рачуна веќе доста му е калење..


Па Војче изгледа ќе се врати во Арсенал и кај нас голмани ќе бидат Скорупски и Алисон Бекер. Мислам дека солидни се и двајцата. Трет голман Лобонт по дифолт.
 
Сега следува уште едно тешко гостување во Бергамо, Аталанта во топ форма, никогаш подобри.Ќе има мачење таму.
И Рома во моментот има најдобро напаѓачко трио во топ 5 лигите, интересен податок.До кога ќе кубуриме со одбраната, не знам.
 
Зимава можно е да има некои промени во екипата според шпекулацииве, ама ништо не е јасно.
Се шпекулира за заминување на Итурбе во Лион, а во Рома да дојде Депај. Мислам дека Депај е добро решение и дека под Спалети може да се прероди.
Меѓутоа кај нас болката е одбраната. Голманите се ок, ама задната линија никако да се среди. Мора да се вложи во одбрана. За напред постигнуваме голови без проблем (освен со Емполи), ама и примаме.

Инаку викендов не џека гнасно гостување во Бергамо. Една од најгнасните екипи. Се надевам Спалети ќе изигра мудро.
 
Вечерва да победиме за 1 место во групата па така наредната со Астра да ни биде небитна и целосно да се посветиме на Сериа А!
Како што гледам со силен состав ќе излеземе очекувам набрзина 2/3-0 и да го ладиме како по обичај со мислите за Пескара во недела..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom