Втора првенствена утакмица не примаме гол, дури не ми е верно

лајк
Добро ќе дојде паузата, таман Манолас да оправи напукнатиот нос, можно е и Вермален да биде фит за 2-3 недели и оној Емерсон Палмиери ќе се оправе(не верував дека ова ќе го зборам), али Хуан Хесус е жива превара од играч, а толку се надевав во него, толку е очаен што го чекам овој копукот Емерсон да се врати, кој од кој полош
Како Марио Руи толку се повреди, не видовме што играч е, а имаше одлична сезона во Емполи.. сега читам за брзо време ќе почнал со примавера тимот да трча, така да во Јануари ќе го имаме на располагање за официјална утакмица
Вчера, Пероти беше лудница, да ти е милина да го гледаш,партали правеше, дрибла и претрчува играчи како од шала, за Шарави е професор,нема дилема тука.
Втор шо сакам да го спомнам е Даниеле, кога Де Роси има утакмица како вчерашната, Рома нема никакви проблеми во средината, човекот правеше се без грешка, плус имаше одлични асистенции, со ваков Де Роси, не помислувам на Пјанич.
Трет е Џеко, можеби не постигна гол, ама отвараше простор..


Шала на страна, Џексон е во топ форма, вчера само гол му фалеше, имаше одлична партија
Салах, шта речи.. не изигра нешто посебно, али секогаш се наоѓаше таму кај што треба, секогаш влегуваше лесно во шанса, рутински одигра вчера, како класа играч
Доста со пофалби, Хуан Хесус како и секогаш катастрофален, али збор два и за нашиот 20 милионски бек Бруно Перез.. некој(Спалети) треба да му објасни на овој скапо платен бек дека е рано да изиграва ѕвезда и дека тоа што одлично игра во напад и посебно само на јаките утакмици, не значи дека треба да си го лади во одбрана, се прави семоќен и во дефанзива, премногу самоуверен и прашање на ден е кога тоа ќе го кошта тимот бодови. Од кај сме шкрти во одбрана, наместо да дава се од себе и да помага, тој ич не ја сваќа сериозно работата, а има голем потенцијал, вајда Спалети го гледа тоа..