Салах потпиша,а Џеко стигна, одличен ден

Сега ќе треба да се реши ситуацијата со Ромањоли,па неопходен е лев бек и доколку останат пари од продажбите на вишоците што се во нападот(Дестро,Думбија, Жервињо и Љајич) ќе може асален десен бек да купат...
Полека Саба му ги склопува коцките на Гарсија и доколку со овој тим,во првите пет кола нема подобрување од лани,и ја гледаме истата срање игра,тогаш под итна постапка да му дадат отказ,бидејќи веќе нема да може да користи изговори,овој тим во најмала рака не треба да има проблеми за обезбедување на директен пласман во ЛШ и реално треба да биде рамо до рамо со Јуве,секој пласман под 2-ро место би значел катастрофа..
Кога ќе сумираме,за разлика од лани тимот е ујачан,најдобрите играчи се задржани,го имаме здрав и во форма Кастан,па и Стротман уште малку,плус Ромањоли кој и да си оди ќе има пари за соодветна замена,а еве читам Лион мн загреани за Јанга Мбива,така да и срцето на одбраната ќе биде подобро за разлика од лани. Тимот е ујачан со тоа што се донесени тројца нови играчи кои влетуваат во прв тим, Салах,Џеко и Шчежни кој вчера ме импресионираше,плус доклку донесеме два нови бека за прва постава на коњ сме

И тука како бонус ни е она детето од бразил,Жерсон,многу го фалат,парите дадени за него не влегуваат во оние кои се под кантар на фифа фер правилата бидејќи се работи за младинец.. Кога за 2-3 години би бил продаден,парите од неговата продажба ќе претставуваат чист плус за клубот и простор за поголем буџет за трансфери во иднина..
Можеби ова ќе биде најдобриот трансфер пазар во ерата на америте,капа доле за Саба
И едвај чекам да почне првенството

[DOUBLEPOST=1438887237][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1438887398][/DOUBLEPOST]