Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Еве покрај демантот што испадна, се зборува дека Астори ќе премине во Рома на крајот на сезоната за 8мил + 2мил бонуси, а ќе зема плата од 1.5мил по сезона
 
Валтер Сабатини го продолжи договорот и останува спортски директор на Рома до 2017 година. :свиркам:

како и што се очекуваше, новиот договор беше чиста формалност, еве и официјално
http://www.asroma.it/it/notizie/walter_sabatini_27_febbraio/[DOUBLEPOST=1393547668][/DOUBLEPOST]Испаднаа слики демек вака би требало да изгледа новиот стадион, ма да тешко е за верување дека ова е вистинската скица и нацрт
xp55s0.jpg
 
Последно уредено:
Напиве највеќе ги казнуваат, а бога ми и најватрени се:)

Штета што веќе една утакмица бевме без Суд и Норд, сега со Интер и Дистинити ќе биде затворена, им го е*аа мамето ..
 
Напиве највеќе ги казнуваат, а бога ми и најватрени се:)

Штета што веќе една утакмица бевме без Суд и Норд, сега со Интер и Дистинити ќе биде затворена, им го е*аа мамето ..


Ама пак ќе се збираат. Пред стадион ќе се соберат од таму ќе викаат :)
 
Де Роси се исповеда што мислел за Гарсија кога го назначиле тренер на Рома, дури не го ни познавал:D

"Не го познавав. Знаев дека Лил пред некоја година освои првенство и куп, но да ме прашавте кој им беше тренер, немаше да знам да ви одговорам. Одеднаш, дознавам дека ни е тренер и мора да признаам дека се сомневав во него. Првото што помислив е дека не успеале да ги доведат Мацари или Алегри па затоа него... Тој беше дури и четврти избор. Се сеќавам, пуштив интернет и напишав 'рудигарсија' и прво што видов беше видео од него со неговата гитара како пее 'Поромпомперо'. Си реков: "Види кој к.. ние донесовме?!" Тој ден бев со репрезентацијата. Седам со компјутерот на коленици и го гледам овој човек со гитара. Бев со Пирло во соба, му покажав и му реков: "Види кој к.. донесовме ние?" Ни Пирло не знаеше кој е. Не велам дека мислев дека работите ќе одат на лошо, но првата работа што ја гледав беше човек со неговата гитара. Но денес, искрено му заблагодарувам на господ што го доведовме 'Поромпомперо'. Колку пати бил доведен проверен тренер па работите сепак не оделе добро? За среќа Гарсија е тука. Она што тој го прави тука, може да биде пресвртница во историјата на Рома. Не претерувам затоа ќе повторам: може да биде пресвртница во историјата на Рома. Со него можеме да победуваме."


замисли пишал на интернет да види за каков тренер се работи, а му испаднало ова видео:pos:
 
^:pos:

а ја колку се нервирав што не дојде некој од Алегри и Мацари:D
 
^:pos:

а ја колку се нервирав што не дојде некој од Алегри и Мацари:D
Не си свесен кои главоболки ги имаме ние со Мацко.. Каков инат од тренер е тој..

Да дојдеше кај вас, Дестро терен немаше да види исто и Додо, за Ромањоли да не праам муабет.
Вака нешто ќе играше.
Морган.
Бенатија, Канаваро, Кастан.
Маикон, Пјаниќ, Де Роси, Стротман, Балѕарети.
Тоти.
Бориело. :facepalm:[DOUBLEPOST=1393685219][/DOUBLEPOST]Едит.

Бредли ќе играше пред Пјаниќ. :tapp:
 
Дел од денешниот протест на навивачите на Рома против судиските одлуки во корист на некои тимови и престрогите казни за навивачите.
1962692_617867638284657_630361681_n.jpg
1962700_10152614631269256_1182544544_n.jpg




Инаку излезе шпекулација дека Рома е сериозно заинтересирана да го доведе Лукас Подолски во своите редови.[DOUBLEPOST=1393711024][/DOUBLEPOST]Слаб натпревар за нас, особено првото полувреме. Ајде второво нешто проба да се направи ама безуспешно. Очигледно Гарсија играше на контра како во милано, ама овој пат мацари не наседна. Последниве натпревари некако ни е падната формата. Се надевам дека ќе се врати онаа препознатлива игра од првиот дел на сезоната. Малку боли кога најслабите тимови во лигата дома ти одземаат бодови. :)

 
Последно уредено:
Да се навратам на вчерашниот натпревар. Стротман некако како да е паднат малку од форма, вчера не изигра препознатливо, исто така и Жерва, но да бидеме реални, нон-стоп покрај него имаше 2 фудбалери на гостите. Де Роси исто така лошо, а и онаа егзибиција со удирање на она мулето не требаше да ја прави. Срамота е за таков фудбалер, и не го личи, како капитен неспортски да се однесува. Мислам дека заслужуваше и картон. Откако влезе Пјаниќ живна играта, ама па истиот 100% шанса не погоди. Исто така неспортски удар имаше од страна на Хесус (мислам) над Ромањоли во 16-те метри на интер. Тие освен ударот со глава на казанчето (читај паласио) и една мешаница пред нашиот гол немаа ништо друго. Во првото беа за нијанса подобри, но ние постигнавме гол, кој беше постигнат од офсајд. Како и да е 0-0 беше реален резултат, не затоа што интер изигра нешто, туку затоа што Рома делуваше уморно.

Дечки инаку вчера имавме во фанклубот гостин романиста од Рим и заедно го проследивме натпреварот. Беше интересно да се слушне од блиску и да се запознае со вистинските случувања во калчото. Човекот убаво опиша сѐ што се случува во фудбалот на чизмата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom