Па нормално дека нема да се чудни кога и двата тима се мизерни на трансфер пазарот, и само меѓу себе можат да трампат играчи за никакви пари, да праат позајмици, косопственост, бидејќи и двата клуба се у ќорсокак моментално. Не дека многу се сакаме, ама тоа е причината што се прават такви трампи - мизеријата. Just sayin.
Иначе рома праи солиден тим, секоја сезона ми се симпатични ко екипа (и покрај тоа што навивам за Милан) и мислам дека можеа боље солуција да најдат за тренерското место (со кое се мачат откако си ојде спалети). Со Маикон ја ујачаа кревката одбрана, али ќе треба уште еден играч од одбрана според мене. Иначе сега Рома и Фиорентина се доста ујачани, Наполи да ги вложи паметно парите од Кавани, Интер се трудат(колку ќе се покажат Икарди и Белфодил ќе видиме), Милан секад на крај е најактивен(се надевам дека така ќе е, засега сме прилично НЕактивни, нешто што е мета на константна дебата кај нас )... Се на се ќе биде доста посилна серие а, можеби најдобра последниве неколку години. Само што мислам дека тешко Јувентус да се бутне, појаки се прилично од другиве набројани.
Поздрав романисти.