Cestito pobeda
Фала Долчее
--- надополнето: 9 декември 2012 во 17:25 ---
4-та победа во низа со гол разлика 10-3, поубаво од ова здравје .. реков, мечот со Фиорентина ќе биде вистински тест за нашите можности, игравме против организирана екипа која добро се брани и добро напаѓа, тестот го положивме
По поразот во Дербито почнавме да играме како вистинска екипа, сега се осеќа некоја стабилност дури и во одбраната, нападот како и секогаш на ниво, шанси никогаш не достасуваат, само да се поработи повеќе на реализацијата, бидејќи промашените шанси некогаш ќе не чинат бодови.
Што да кажам, значи буквално ја надигравме и надтрчавме Фиорентина, покажуваме материјал и квалитет да се приклучиме во борбата за 3-то место и пламан во ЛШ.
Наредното коло со Киево во гости да тепаме и на крајот две тешки утакмици остануваат со Милан и Наполи, нови два теста за нашата екипа да видиме до кај сме ... ме изненадува Земан, на претходниот меч со Сиена за прв пат во неговата кариера како тренер извади напаѓач и стави играч од среден ред, дали конечно му дојде паметот, еве почна редовно да го пушта Пјанич, а овој му враќа со добри партии, останува уште Де Роси да го разигра, се гледа дека нема ништо лично против Де Роси, по изминувањето на суспензијата вчера веднаш доби шанса, уште Де Роси да се разигра па дурит тогаш ќе бидеме комплетен тим ...
Морам да ја пофалам и физичката спремност на играчите, секој тим што ќе проба да се надтрчува со Рома губи, тренинзите на Земан се многу напорни и тешки, но затоа сме една од подобрите физички спремни екипи во лигата, во второ полувреме кога паѓа темпото на играта ние додаваме гас и го рушиме противникот
Имам забелешка до судијата, кој мечот го судеше катастрофално, можеби Таксидис беше во офсајд при постигнувањето на голот, но навистина ситуацијата беше сомнтиелна и пред се непрегледна, но првиот гол на Фиорентина, како не можеа да го видат тој офсајд не ми е јасно

и зошто она куче оливера не доби директен црвен кога го фаулираше Пјачин, а потоа без топка го нагазна, СРАМОТА !!!
Тоти ?? зар треба да го коментирам Франческо Тоти ??

Само едно нешто ќе кажам во врска со Франческо, кога дојде Земан се плашев дека нашиот Капитен нема да може да одговори на брзата и напаѓачка игра што ја бара Земан, но Франческо не само што ме демантираше, туку стана пример за останатите играчи да видат како правилно треба да се движиш во тактиката на Земан. Една многу интересна информација околу Тоти, кога дојде Земан ослбнал за брзо време два килограма, а до денес плус уште 4 килограми ослабнал, се на се 6 килограми, ете тоа е вистински професионалец, на 36 години трча како да е 25, секоја чест, немам зборови, му фалат уште 4 гола да дојде на 2-то место на вечната листа на стрелци во Сериа А !!!
The King of Rome Is Not Dead !!!
Форца Рома другари и уживајте во победата !!
