Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
иако изгубивме(секако дека ми е криво) но сепак мислите ми се повеќе кон Тоти и неговата повреда ќе ни треба за понатамошните дуели, се виде дека Рома игра убав и добар фудбал и без Франческо, ајде повеќе среќа наредата утакмица мислам на онаа во калчото, Фулам не сакам да го кометирам во УЕФА 100% ги минуваме групите, па и да не оствариме некој пласман не е загрижувачки побитно е да го фатиме 4-то место во сериа а
Forza Roma
 
Хммм Росети anyone???

Росети??? го ценам овој судија, но сепак овој пат ја заеба работата, повеќе ми е криво што не досуди чист пенал врз Менез кога Силва го "собра" кажав не сакам многу да се замарам за овој пораз, јбг заслуживме барем нерешено ама тоа е, повеќе се нервирам за повредата на Тоти(до кога со вакви повреди):tapp:
 
Судијата мислам дека избрза со пеналот за милан, со тоа ја реши цела утакмица и после тоа сакаше да се извади со црвениот картон на амброзини кој што беше престрог:toe:
 
Ya right. Кога го собраа Менез у шеснаесетник ништо, овде одма пенал. Гајле ми е што изгубивме, од една утакмица ништо не се гледа. Знам дека Рома е поквалитетен и подобар тим од Милан.
Forza Roma! :рома3:
 
Тоти нема да треба да оди на операција

Се стравуваше дека Тоти ќе треба да оди ’под нож’ откако повторно ја обнови повредата на коленото но професорот Пиер Паоло Мариани ги осигура фановите на Рома и вели дека капитенот на Рома нема да треба повторно да замине на операција. Тоти пред две недел заработи повреда на лигаменитете на колонето што го оперираше во април 2008 и беше принуден да го пропушти вчерашниот дуел со Милан.
“Нема потреба Тоти да замине на операција.” – рече Мариани за Forzaroma.info.
“Тој е добар и отокот можно е да биде поврзан со вежбите кои ги правеше. Затоа ќе се обиде да се опорави преку со помош на физиотерапии.”
“Имам голема доверба и можам да отфрлам операција. Потребено е само тој да биде проверуван од време на време и тоа ќе го правиме во текот на оваа недела.”
Тоти во саботата замина на магнетно резонанса и тестовите не покажаа некакви нови големи проблеми, но тој останува надвор од комбинација за дуелот против Фулам во Лига Европа како и натпреварот против Ливорно од следниот викенд.
 
Момци добро изигравте можеби и не заслуживте да изгубите..... Но немоожам а да го заобиколам дебилскиот потег на Раниери човекот го вади Менез кој не растури и го става апла спориот Баптиста:tapp: кога искочи Менез живна малце Т.Силва и немаше више кого да влече за дрес :icon_lol:
 
Како може воа бе да се радуваат на посрани пенали Росети ако нема пари за наочари ја ќе му дадам срамота свири пенал шо неам врска па и сами сме си криви имавме шанси не искористивме и тоа е тоа .Најразочаран од Вучинич имаше шанси не даде се занесуваше ептен требаше да си играат Окака и Губерти од прва минута а не кога ќе ти дадат 2 гола па прави измени утакмицава повеќе ми делуваше на наместена отколку што имаше фама дека се игра остар фудбал па вој дели катрони без веза па и црвен да замачка очи . Од Милан изгубивме не ми се верува и бековите ни се катасртофа нема кој да повлече топка а Пизаро направи 100 грешки доста е .............................
 
Супер игра од страна на Рома отворена и брза особено првото полувреме тогаш требеше да ги наполните на Билан зошто беа изгубени во просторот и времето особено одбраната, на Менез тројца не можеа да го задржат.:smir::salut:
 
менез супер се покажа а како што ми гледа работава ќе биде продаден:kesa:
баптиста сеуште не е во форма за разлика од лани кога неколку пати невадеше од гомна а за натпреваров можам да кажам дека изигравме добро првите 45 мин а второто се гледаше дека играчите се заморени и затоа имаше и толку грешки
засега толку од мене :)
 
Розети е наклонет на Милан, многу, не знам кај прочитав дека како мал бил фан на Милан. :)
 
Розети е наклонет на Милан, многу, не знам кај прочитав дека како мал бил фан на Милан. :)

абе играчите се криви, во прво полувреме требаше да дадат уште барем еден до два гола, па потоа ни Св.Росети немаше да ги спаси Милан

пс дали и ова беше еден од твоите постови во кои пробуваш да ги испровоцираш навивачите на овој форум кои што навиваат за Рома како што тоа не ти успеа во темата за дербито, каде што напротив ги испровоцира самите навивачи на Милан, колку си проѕирен "комичен росенеру" поздрав:smir::helou:
 
сабајлево читав некаде дека и неста признал дека немало офсајд ако најдам ќе ви дадам линк
 
мислиш пенал :)
Судиите Росети и Орсато се казнети на еден натпревар надвор од терените, од Претседателот на Судиската комора на Италија Колина заради судењето во последното коло на Серија А. линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom