Иконата на Рома, Франческо Тоти активира вистинска бомба во редовите на италијанскиот калчолигаш откако се закани дека ќе си замине од клубот."Доколку клубот не ми ги исполни условите кои ги договоривме, ќе си заминам", изјави за Кориере дело Спорт, Тоти.
Иако извештаите од Италија како и самите актери, како Тоти и челниците на "римската волчица" говореа дека продолжувањето на договорот со матичниот клуб во следните пет години (до летото 2014) е само формалност, Тоти се уште не го потпишал.
Римскиот дневник ја донесува информацијата дека Тоти инсистира клубот да ја почитува договорената плата. Му ветија по пет милиони евра во сезона. Дресот на Рома, поранешниот италијански репрезентативец го носи веќе 16 сезони.