Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Zverovi , samo ovie inter nikako da kiksnat mamkata

Примија два гола од сиена. Доказ дека не им е толку јака одбраната.
Јас не очекував да добијат отпор од сиена, ќе чекам кикс негде кај шо е поверојатно.
 
Миланез е баниран од темава поради провоцирање, непотребно делење правда и прекршување на форумските правила. Продолжете со дискусија како и обично.
 
Утре играме против торино во купот. Првата средба заврши со 3 - 1 за торино, што значи мора победа со над 2 гола разлика. Торино ќе го нема во својот тим Росина а Рома ќе биде скоро комплетна. Така да очекувам висока победа на рома од 3 - 0 и пролаз во четврт фналето од купот.
 
2 0 победа за Рома . Но можеби е и подобро да испадне од купот затоа што се само плус натпревари , а и така не е атрактивен .
 
Абе ќутете ги испеглавме 4-0 вчера Торино. И мене не ми се веруваше. Немавме ниту една стопроцентна шанса, ама кога влезе Ил Капитано во 57-та минута, две минути после тоа 1-0 Мансини, потоа Тоти даде гол 2-0, после тоа Тоти нафрли и го фаулираа Мексес, и пак Тоти од пенал 3-0, и на крај Жили, мало ремек дело за 4-0, и Спалети пресреќен беше! Тоти од кога влезе ги посравме, тоа е тоа.

Инаку во недела играме дома со Катанија, и очекувам да ги искастрираме, и нормално, два гола најмалку на Тоти, како и секад :)

А за Мансини нема ништо ново, ама според најновите вести од Италија, потпишување на нов договор е речиси завршено :vozbud:

И Мансини би добивал 2,5м евра по сезона.
 
Тоти нема да игра против катанија бидејќи е има некаква болест исто и хуан кој се повреди најмалку месец дена а панучи е суспендиран но се надевам пак на сигурна и висока победа од околу 3 гола разлика.

Лани рома 7 - 0 катанија
 
2-0 ... како што проценив :)

Коментари неам, се знаеше деке ќе тепаме. Плус и Тоти си се одмори :)
 
Честито победа, заслужена, чиста како солза! Браво!
 
Абе овие интер се спасија со судии . Ама се надевам дека ќе ги фати некоја клетва
 
Сампдорија - Рома 1:1 (Копа Италија прва нога :))

Со оглед на тоа дека бевме без навивачи, без Тоти и со играч помалку (Мексес црвен картон у 17 минута), резултатов е одличен. Мансини имаше и две стопроцентни во судиското продолжение ама не ги искористи :(

Очекувам рутинска завршница на Олимпико во следната нога, и да идеме даље.

Викендов на Олимпико гостува Палермо. Нормално очекувам рутинско пеглање како во првото коло, и хет трик на Тоти :)
 
Влатко да не знаеш кои 2 тима би можеле да ни бидат во полуфиналето или ќе се влечат?
 
Влатко да не знаеш кои 2 тима би можеле да ни бидат во полуфиналето или ќе се влечат?

(Удинезе-Катанија)-(Сампдорија-Рома)
(Интер-Јувентус)-(Лацио-фиорентина)

Мислам дека се вака.
 
Влатко да не знаеш кои 2 тима би можеле да ни бидат во полуфиналето или ќе се влечат?

Не знам. Ама мислам дека ќе има влечење. И годинава е сменет форматот на Копа Италија, веќе нема две утакмици во финалето, туку само една утакмица. Годинава финалето ќе се игра на Олимпико. Мотив плус, доста сум сигурен дека ќе го освоиме :)

Едит: Еве пишал Јас. Удинезе ли, Катанија ли, ќе ги испегламе и идеме на Олимпико во финалето :):):))))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom