Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам. Ама мислам дека ќе има влечење. И годинава е сменет форматот на Копа Италија, веќе нема две утакмици во финалето, туку само една утакмица. Годинава финалето ќе се игра на Олимпико. Мотив плус, доста сум сигурен дека ќе го освоиме :)

Едит: Еве пишал Јас. Удинезе ли, Катанија ли, ќе ги испегламе и идеме на Олимпико во финалето :):):))))
Охооооо годинава 70% го земаме купот. Но доста е веќе во купот треба да се прејде на скудетото. :D

Инаку утре(сабота) во 20.30 играме против палермо на олимпико(ќе ја има на телма).
Тоти и перота се враќаат во тимот по отсуството во минатите натпревари.
Од суспендираните се де роси поради жолти картони, барусо е со гана во купот на африка а хуан е повреден.

Незнам зошто но многу се плашам од натпреваров и мислам дека ќе биде многу возбудлив а и тежок.
Мој тип 3-2(едвај)
 
Да, Тоти се враќа така да има да ги демолираме како лани. А шо викаш 3-2 ќе тепаме, само ќе ти се насмеам :)

Ослабена ни е одбраната без Хуан, ама све е ок додека Ферари добро си ја врши работата.

Мојот тип за резултатот е 2-0 за нас. Обавезно Тоти ќе поентира, можеби двапати, а можно е и Мансини повторно да биде стрелец. Го гледав и против Торино, и против Аталанта, и против Сампдорија во купот, и нема што, во врвна форма е трикстерот.

Што се однесува до Де Роси, мислам дека добро ќе му дојде малце одмор, бидејќи сите ебени минути ги изигра за Рома сезонава :)

Еве му шанса на Аквилани да блесне :vozbud: remember Sicilia Alberto!!! :)
 
Нема 3:2, нема 2:0, нема гол на Тоти, ама тоа што беше можно според Влатко Мансини да даде гол, даде.
Честито победа, Рома славеше со 1:0, со гол на Мансини во 59-тата минута, 2 минути пред тоа гостите останаа со 10 фудбалери.
Некогаш еден момент и еден гол е доволен за победа и 3 бода.
 
Некогаш еден момент и еден гол е доволен за победа и 3 бода.

Токму така.

Тежок меч беше, добро е што победивме. И морам да кажам сосема заслужено. Многу ми се допадна играта во одбраната, што не им дадовме простор да дишат едноставно на Миколи и Амаури.

Очекував 2-0 да биде, и имавме доста прилики за такво нешто, како на пример стативата на Мексес во последните мигови од мечот ...

Единствено ми е криво што Сисињо само ја грее клупата, ама додека има бодови, тоа и не е толку важно :)
 
Честито победа! гледав мал дел додека падна голот, Рома беше подобар противник и заслужи водство.. само не видов кога добија црвен некој од играчите на Палерно.. Сепак и со црвен и без мислам Рома секако ќе победеше денес.. Останува во трка за скудетото..
 
Ајде честито победа . Тесна ама 3 бода се три бода . Се надевам на кикс на Интер против Удинезе .
 
Одлично,предноста на Рома спрема Интер се намали.Ќе има можеби понеизвесна трка за титулата
 
Да се надеваме на поинтересен финиш на калчото од лани. Пошо и сами знаете лани 7 кола пред крај се знаеше кој е шампион, но сега далеку е помала разликата меѓу рома(45) и интер(50), значи 5 бода а јувентус 10 бода помалку од интер а 5 од рома :D.

Инаку кога е прашањето за шампионот мислам дека за рома ќе решат 23 24 и 25 коло кога игра во 23 коло против интер на сан сиро, исто и во 25 на деле алпи против јувентус а во 24 се среќава на олимпико против фиорентина. Секако да не го заборавиме и мечот против милан малку покасно.

Да се надеваме на титула годинава!
 
Рома не само со ке ја анулира бодовната разлика на Интер туку ке ги покоси како апокалипса!!Волците остануваат волци до крај:D ROMA 4 EVER
 
И да одделам момент од моето време да му честитам на Спалети за признанието најдобар тренер во Серие А за 2007-ма. Браво ѕверу да продолжиш така!

И има ли потреба да напоменам кој го доби признанието најдобар италијански фудбалер??? Нормално дека нема ...

Браво момци! :)
 
Добро расположение владее на темава. :pos:
Честито на Спалети и на најдобриот италијански играч :) :)
5 бода е само разликата до првото место. Ви се вратија надежите, а? :)
 
Надежите не се ни изгубени :D a 5 бода не се ништо посебно :D
 
Рутинска, но сепак тешко издвоена победа од 1-0. Имавме навистина среќа што не примивме гол. Сампдорија имаа добри прилики. Но сепак, тоа не е важно, важно е што сагата во купот продолжува ...

Следен противник во купот ќе ни биде подобриот од дуелот меѓу Катанија и Удинесе.

А викендов гостуваме на Сиена, каде што очекувам удобна победа.
 
ООО не да беа добри од линија ја исчистивте една.

Ај честитам пласманот. Поинтересно да е финалето вака :)
 
Толку се пуваше Касано, а се посра сега. =)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom