- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Информацијата за наводниот постигнат договор помеѓу Рома и Интер за Раџа денес треба да е на насловната страница на Тутоспорт. Не знам колку е релевантен весникот, ама многу Римјани според коментарите на фб не го сфаќаат сериозно. Настрана тоа, муабетот е друг.
Значи колку е логично да не продадеш играч со договор до 2021 год во Челзи за 60 милиони, а да го продадеш на Интер за 29 и некој талент ала Дестро?
Факт е дека минатава сезона изигра далеку под очекувањата, ама сепак да не се лажеме станува збор за играч светска класа. Значи за таа сума не можеш да купиш играч од таков калибар, кој би го заменил.
Интересен е фактот што Интер изминатиов период плаќаше солидни суми за играчи со една успешна сезона зад нив како Кондогбија, Габриел Б.и сл., а за Раџа се ценка. Некако ми нема логика целава ситуација, иако ова е Италија и се е можно.
Трето играчот во неколку наврати имаше изјавено дека не си оди од Рома освен ако клубот не го побара тоа од него. Е сега зошто му продолжуваа договор до 2021, а не го продадоа пред една година кога им нудеа 60 милиони, за по една година и просечна сезона за него да се пазарат за смешни 30 милиони.
Исто ако им е за пари, можеа да се решат од неколкуте непотребни играчи и вкупно да стигнат до цифра од 30 мил. Значи од продажба на еден од Шарави или Пероти и Гоналон, Жерсон, Бруно и Дефрел како ништо можеа да закрпат, ако им е до тоа. Или еден Стротман, кој рака на срце не гледам дека ќе ја врати некогаш формата од пред повредата.
И уште не ми е јасно шо се запнал ЕДФ за она телено Берарди. Ограничен чоек значи. Очајна сезона, склон на повреди и проценет од страна на Сасуоло на 30 милиони. Цена иста како таа што ја нуди Интер за Раџа. Кои патетики.
Јас на Калимеро би му забранил со анекс да не бара играч од Сасуоло.
Отанува да видиме што ќе направат. Според тоа што го читав наводно вака стојат работите:
Имотеп го контактирал Раџа.
Интер официјално нема понудено ништо.
Мончи не сакал да попушта на цената.
Од Рома официјално сите молчат.
На Раџа му било кажано од клубот дека сезонава немало целосно да сметаат на него и дека сакале да ја подмладат екипата.
Навивачите се бесни.
Ајде ќе видиме што ќе излези од оваа калакурница.
Нов случај е непотпишувањето на нов договор на Флоренци. Или тактизираат или навистина не можат да се договорат. Челзи најзагреан за да го доведе во случај да пропаднат преговорите со Рома. Детето бара 4 милиони, нашиве се скржават. Интересно е што многу од балканскиве Романисти не го ценат Флоренци како квалитетен бек, а многумина навивачи на други клубови во Серија А од овие простори сметаат дека го измиалил фудбалот.
Алисон изгледа ќе ја решава судбината после светското.
Ако се продадат Раџа, Флоренци и Алисон ќе земеме 150 000 000 евра и кај ќе ни биди крајот. Палота вчера од Бостон изјавил дека за сите овде на форумов ќе имало следовање од парите, но според заслуги кој колку пишува. За парите ќе треба да одиме лично во Рим.
Е сега не разбрав дали Мончи бил веќе или допрва ќе оди во Прага за да го потпиши Кадержабек и да купи 2 гајби пиво за да седниме како луѓе пред продавница во Тригорија и да се напиеме после успешниот пазарен ден.
Балдисони за радио Рома порачал да си носите вреќи од дома.

Последно уредено: