Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Грешен ти е. Бенитез во нити еден тим не играл напаѓачки фудбал, отсеекогаш прво гледал да не прими гол.

ок, фан на Ливерпул си повеќе знаеш, но јас во таа доба кога го гледав Ливерпул ми делуваше како доста офанзивна екипа, истото важи претходно во Валенсија :)
 
se sprema rat, kako na teren taka na tribini utre.... ke bide zaebano.... :))
keepcalm1-300x208.jpg

ja mu veruvam na Misterot , za vas neznam :))) FORZA GIALLOROSSI
 
Додо започнува прва, незнам колку е паметно ова, слаб е во дефанзива.. во нападот останува Љајич на клупа ..кај нив Пандев ќе почне, а Игуаин на клупа ..
ROME: De Sanctis; Maicon, Benatar, Castan, Dodo; Pjanic, De Rossi, Strootman; Florenzi, Totti, Gervinho.
A disp: Lobont, Skorupski, Burdisso, Romagnoli, Torosidis, Bradley, Marquinho, Taddei, Ricci, Ljajic, Borriello, Caprari.
Herds Garcia.
NAPLES: Reina; Maggio, Albiol, Britos, Mesto; Inler, Behrami; Callejon, Hamsik, Distinguished; Pandev.
To avail.: Rafael, Colombo, Cannavaro, Fernandez Armero, Dzemaili, Radosevic, Mertens, Higuain, Zapata.
Herds Benitez.
--- надополнето: 18 октомври 2013 во 21:51 ---
:love:
--- надополнето: 18 октомври 2013 во 23:11 ---
Сите пеат а ти тагуваш,
нема кому да се радуваш,
тебе песна не те весели,
вчера интер денес Наполии... :pos::pos:

шала на страна, сакам Скудето оваа година:D
 
Лека полека, утакмиче по утакмиче нека си играат и добиваат па на крајот ќе се видиме кај сме шо сме. Инаку денес одбраната одигра клучна улога. Иако наполи имаше шанси неколку имавме и мала среќа, но и покажавме дека не е случајно што сме примиле еден гол. Како и да е Гарсија со момците прават чуда. 1000000% сум сигурен дека никој не очекуваше ваков старт. Го добивме па сега ќе си уживаме :) Форца Рома
 
Честитки за победата синоќа, победивте иако го одигравте најслабиот меч сезонава што е одлично во борбата за скудето, мора да се собираат 3те бода и кога играте под просекот.
 
We believe in Roma...шала на страна на никој нема да му биде криво доколку рома освои Скудето оваа година...има квалитет има одлични околности...не се трошат во европа и можат да се фокусираат само на Италија.. само нека продолжат вака и нека продолжат со добрата игра....
 
Честитки за победата синоќа, победивте иако го одигравте најслабиот меч сезонава што е одлично во борбата за скудето, мора да се собираат 3те бода и кога играте под просекот.

па друже јбг, игравме и со најтешкиот противник оваа година и реално беше и тие да напаѓаат, за прв пат бевме и ранливи во одбраната, Наполи создаде две 100% шанси што претходно немаше никој од тимовите против кои игравме, не ги искористи и тоа е тоа, потоа почнавме да играме се подобро и подобро, имаше период каде буквално 4-5 минути Наполи не ја допре топката, а нашиве ја играа на прва што беше прекрасно за очи .. на 1-0 тактички се повлекоа и добро се бранеа и чекаа прав момент за контра напади, на крајот Наполи можеше да прима и уште некој гол, ми се чинеше уште 90мин да играа тие немаше да дадат гол, Де Роси во дефанзива е страшен, секаде го има, буквално секаде, остај настрана топката што ја спаси, имаше 5-6 чисти интервенции со кои спречи опасност пред голот .. Кастан се повеќе ми изненадува, не ги има квалитети на Бенатија, но игра се подобро и подобро, од Стротман очекувам уште подобри игри, ма да и ваков е одличен, тој средњакот кој ни фалеше, тркач, креативец и дефанзивец, три во едно .. целата екипа функционира одлично, се создаде победнички менталитет, а римјаните се такви, кога заверглаат нема застој, па така нека нека гризат додека можат, парчиња нека прават .. што се однесува до играчкиот кадар, уште да дознаеме какви се повредите на Жервињо и Тоти ..
Руди Гарсија .. овој човек е најголемото изненадување, јас незнам што всушност и направи на екипата, што им кажува како ги тренира, како ги мотивира за да овие момци вака се понашаат на терен .. играме 4-3-3 и немаме класичен шпиц туку тројца офанзивци со различни карактеристики, се гледа дека Руди повеќе сака две добри крила отколку еден комплетен напаѓач, затоа покрај Тоти ги става тркачите Жервињо и Флоренци, а Љајич го чува за второ полувреме,а на Бориело ретко и помислува .. освен тоа што немаме класичен шпиц, се другото можеме да кажеме дека е класична 4-3-3 формација, успехот е во балансот кој го имаме на теренот и вистинскиот тајмин, се осеќа моментот кога целата екипа треба на период да се повлече,а кога треба да почне да игра пресинг и да нападне, секогаш го погодуваат вистинскиот момент .. тука сигурно се вршени анализи на секој иден противник за тоа кој периоди му се критични, а кога може да биде најопасен, па врз основа на тоа така се прави тактиката .. кога се браниме секогаш се 10 играчи назад, дури и 11 кога Тоти е во игра а не се Бориело и Љајич(овие двајца понекогаш знаат да подзастанат), крилата секогаш се вратени да ги покријат страните, па затоа и средниот ред останува збиен, со што на противникот му е потешко да изгради добра позиција за шанса, во такви ситуации Стротман и Пјанич вршат притисок на противниците, а Де Роси не го гледаме на екранот бидејќи е вратен длабоко назад кај дефанзивците, дури и тие да извисат, тој е секогаш тука да спречи опасност, тоа е се замисла на Гарсија, значи добро ги простудирал сите играчи кои ги има на располагање и на секој му се дадени упатсва кои му одговараат спрема способностите кои ги поседува ..

Каде може да биде ранлива оваа Рома ??
Епа тука постојат два недостатоци .. прво, немањето на комплетен шпиц, ќе дојде ред ќе играме против тврди клачолигашки одбрани кои тешко се пробиваат каде до израс ќе дојдан само центаршутевите и снаодливоста на офанзивните играчи во шеснаесетникот, а ние такви играчи многу немаме, Тоти во напад ретко кога е во шеснаесетник, а ретко кога и стигнува да биде таму, Жервињо се гледа дека е слаб во физички дуел, посебно во воздушните а и не е снаодлив, Флоренци е снаодлив, но е ситен и против повлечена и згусната одбрана ретко кога ќе може да се најде во прилика, исто и Љајич е тука некаде, единствено го имаме Бориело, кој пак не некој класа шпиц, а плус не е толку подвижен, што не одговара во други ситуации .. затоа нам ни е потрбен КОМПЛЕТЕН напаѓач, поусовршена варијанта на Освалдо ... вториот недостаток е капацитетот на одбраната, десната страна ни е одлична, ги имаме Мајкон и Бенатија, тука е Торосидис кој е солидна замена за Даглас, но на левата страна работите не се толку сјајни, Балза е добар, но знае понекогаш да извиси, па и да направи непромислен старт, а замена му е Додо кој е уште полош, плус немам асални замени за Бенатија и Кастан, Бурдисо стана вистински месечар, тотално ван форма, Једвај не е проверена опција и незнам како би се снашол моментално ..
Значи доколку сакаме Скудето, мора зимово да го продадеме Бурдисо и да земеме искусен дефанзивец и трансфер од типот на Жервињо, односно даваш 7-10мил за проверен централен бек кој е во форма(Астори) или пак играч кој не е во форма а претходни играл на многу високо ниво(Вермален) .. исто и за напаѓач, го даваме Бориело и носиме напаѓач универзалец, брз, технички потокован, но и добар во дуел и со глава, нешто како оној Оскар Кардозо ..

До сега се оди како подмачкано, да се надеваме дека тие недостатоци нема да не коштаат многу бодови до Јануари(а најубаво ќе видиме против Јуве) и дека целиот стручен штаб е свесен за потенцијалните недостатоци на екипата и дека истите ги воочиле до сега.

Како што реков, кога римјаните ќе влезат во ритам тешко се запираат и така нека рушат се пред себе колку што можат, NO MERCY !!
btw
k2bm2c.jpg

@Leo Bonie друже твојот пост го искористив се што имаше да си кажам:D
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 17:01 ---
секогаш се вкусни:love:
2jfaqsg.jpg
 
@Boom Shaka Lakka

Рома сезонава е иста како Јуве пред 3 сезони во сите погледи, со тренер кој внесе огромни промени. Составот има квалитет да избори ЛШ и со малку среќа и ако ги одбегнат повредите можи да се борат за скудетото до последно коло. Според мене Рома има најдобар среден ред во европа заедно со Јуве и Баерн и на него треба да ја базира играта и да го задржи по секоја цена.

И да не биде Рома шампион сезонава нема да биди страшно бидејќи направија основа за одличен тим кој постепено треба да се надградува,како што рече ти со играчи како Кардозо,Вермален и многу други кои ќе сакаат да играат во оваа одлична Рома и ЛШ. Мене ме загрижуваат само газдите да не почнаат да го распродаваат тимот. Маркињо беше шанса која не се пропушта но Ламела можевте да го задржите барем уште оваа сезона, ќе бевте уште по опасни и на лето ќе земевте барем уште 10 милиони плус за него, но тоа е тоа.
 
A gde je Barca?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro

Триото на Рома е покомпактно и се надополнува многу подобро од екипата која го има Бускетс. Де Роси и Стротман се едни од најкомплетните играчи а истата Барса летово нудеше огромни милиони за Пјаниќ.
 
@Boom Shaka Lakka

Рома сезонава е иста како Јуве пред 3 сезони во сите погледи, со тренер кој внесе огромни промени. Составот има квалитет да избори ЛШ и со малку среќа и ако ги одбегнат повредите можи да се борат за скудетото до последно коло. Според мене Рома има најдобар среден ред во европа заедно со Јуве и Баерн и на него треба да ја базира играта и да го задржи по секоја цена.

И да не биде Рома шампион сезонава нема да биди страшно бидејќи направија основа за одличен тим кој постепено треба да се надградува,како што рече ти со играчи како Кардозо,Вермален и многу други кои ќе сакаат да играат во оваа одлична Рома и ЛШ. Мене ме загрижуваат само газдите да не почнаат да го распродаваат тимот. Маркињо беше шанса која не се пропушта но Ламела можевте да го задржите барем уште оваа сезона, ќе бевте уште по опасни и на лето ќе земевте барем уште 10 милиони плус за него, но тоа е тоа.

Ламела и Маркињос се продадени ради недостиг на финансиски средства .. ја завршивме годината без пласман во ЛШ, тоа ти се минимално минус 30мил евра, оваа година сами си ги финансираме дресовите и немаме финансии од спонзори и како трето Палота планираше да доведе нов инвеститор кој ќе внесе финансиска инекција, но и тоа пропадна, затоа продажбата на играчи беше неизбежна ..

наредната година, 90% сум сигурен дека ќе играме ЛШ, плус ќе имаме 10мил од Најк, ем дресовите ќе ги има ширум светот, што беше случајот со Капа,значи ќе имаме голем приход и од дресови, тука да не го заборавам и спонзорот кој ќе биде на дресовите, тука ќе има некои 6-7мил .. и за крај, испадна шпекулација дека Палота конечно ќе најде моќен партне кој исто така ќе вложи добра цифра во клубот .. сето ова наведува дека Рома во иднина финансиски ќе биде многу моќна и мислам дека нема да има никаква потреба од продавање на најдобрите игрчи(нормално доколку нема некоја ненормална понуда), дури ќе можат да си дозволат скапи засилувања за одредени позиции
 
околу 20 дена без Тоти у пм .. Удинезе и Киево сигурно ги пропушта, а Жервињо пак можеби уште за со Удинезе ќе биде спремен .. и што стана веќе со овој Дестро, кога ќе се заздрави у пм:mad:
 
околу 20 дена без Тоти у пм .. Удинезе и Киево сигурно ги пропушта, а Жервињо пак можеби уште за со Удинезе ќе биде спремен .. и што стана веќе со овој Дестро, кога ќе се заздрави у пм:mad:

Брат не се секирај ... Пјанка ќе игра понапред а на негово место ќе влези Бредли во средина ... едино немаме измени ... сметај дека треба да се нервираме со Тадеи и со Маркињо (кој мислам дека не е психички каки шо треба) :) ... Само да си ја изиграме играта од претходните. Само да се задржи старото и мислам дека нема да има проблем.
 
Абе знам дека Пјанич може да игра офанзивно, но Тоти си е Тоти, од многу аспекти ќе ни фали неговото присуство, целата наша игра во офанзива па и дефанзива ќе биде ослабната .. и како што викаш подобро со Пјанич на местото на Тоти и Жервињо и Флоренци со него, а Бредли во средина, одколку Пјанич да остане во средина, а покрај Жервињо и Флоренци да го видиме Љаич, па и Бориело .. првата варијанта ми е постабилна, истата што ти ја кажа .. а со замени во секој случај ќе бидеме тенки, како сакаш врти ја:confused:
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 21:17 ---
како му се нафрли на Инсигње, чиниш ќе го изеде:icon_lol:
Всушност беше лут на стартот на Инсигње врз Пјанич .. абе станавме голема фамилија:love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom