влијанието на Земан се гледа, значи нападот ни е перфектен, Ламела-7 гола, Освалдо-6 гола, Тоти-4, имаме постигнато највеќе голови во лигата, убава и течна игра и сето тоа, за од милина, ама одбраната и средината кога треба да се брани кога не напаѓаат ни се мани, односно мани во тактиката на Земан измиксано со индивидуалните грешки на играчите, доста е само да спомнеме дека при испуштената топка на Стек од рацете со Самдорија изгубивме 2 поена, тоа е во најмала рака земено, значи со малку повеќе среќа можевме сега да имаме повеќе бодови кои сме ги заслужиле, Пирис исто имаше многу индивидуални грешки кои скапо не чинеа, така и денес киксираше на резултат од 4-0, во таа акција можеше да се суди у фаул во напад бидејќи Бурдисо беше турнат, но незнам зошто Пирис изгледаше како фан кој дошол да ја гледа утакмицата, наместо одма да реагира, го чекаше Иличич пред него да испадне па после неуспешно да интервенира ... сепак оваа утакмица се гледаше дека сите повеќе внимаваа на одбраната и беа по сконцентрирани кога се бранеа, Палермо не е некој тим, ама ние од сите примавме, па така да и ова е успех, мора Земан малку да попушти во својот инат и да обрати повеќе внимание на одбраната, а играчите да се потрудат да не прават индивидуални грешки во дефанзива, па да добиеме некоја константност во играта и резултатите, е дури тогаш би изгледале како тим !!
Убаво вака пред Дербито, лацио прима 4 комада, ние постигнуваме 4 комада

, ма да колку е убаво толку и ме фаќа страв некако, поубаво ќе се осеќав тие да победеа а ние да киксневме, незнам зошто, ама така мислам, доколку победиме во Дербито, тоа може да биде пресвртница оваа сезона и да почнеме да играме константно и да редиме победи, овој тим има голем потенцијал, само да се склопат проблемите во дефанзива .. Маркињос е само 18 години, но детете брзо учи и многу ме воодушевува, ретко кога прави кикс, многу стабилно игра и секаде го има, ќе биде тој добар дефанзивец, и Кастан не е лош, но сепак повеќе надежи имам во ова детево, кога сме кај дефанзивците и Бурдисо денес не беше лош ... туку да не ги фалам, бидејќи играа со навистина многу слаб тим !!!
Криво ми е за потегот на Дестро и што нема да го имаме на располагање за Дербиво, и така немаме многу замени за нападот освен тој и Лопез, сега Земан ќе биде приморан да фура цели 90мин со тројката Тоти,Освалдо, Ламела, ќе нема избор да менува, ах бе Дестро, а цела недела е пред нас, недај боже некој од нив се повреди, што ќе правиме тогаш
